Македонија
15 починати лица, регистрирани 269 новозаразени од коронавирус
Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа биле направени 3.449 тестирања, а регистрирани се 269 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 142, Битола – 17, Охрид –16, Кавадарци и Струмица – по 14, Прилеп – 13, Велес – 9, Штип и Ресен – по 7, Валандово – 5, Тетово и Крива Паланка – по 4, Гевгелија и Неготино – по 3, Куманово, Радовиш, Богданци и Демир Хисар – по 2, Свети Николе, Берово и Крушево – по 1 лице.
Регистрирани сe 353 оздравени пациенти од: Скопје – 165, Прилеп – 30, Битола – 29, Кавадарци – 24, Куманово – 12, Охрид – 11, Радовиш – 10, Велес – 9, Струмица и Валандово – по 7, Штип, Гевгелија, Неготино и Демир Хисар – по 6, Кочани – 5, Крива Паланка, Богданци и Кичево – по 3, Ресен, Тетово, Берово, Струга, Делчево, Пробиштип, Кратово, Македонски Брод, Македонска Каменица, Демир Капија и Дојран – по 1 лице.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: 2 од Скопје (73 и 84) и по едно од Велес (71), Свети Николе (71), Кавадарци (69), Берово (68) и Радовиш (73). Од пријавените, сите лица се починати во болнички услови.
Во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се дополнително 8 лица починати во периодот од 29.11 до 19.12.2021 година. Починатите лица се од Скопје (2), Прилеп (1), Куманово (1), Битола (1), Кочани (1), Делчево (1) и Тетово (1). Тие се на возраст од 57 до 93 години. Од пријавените, 2 лица се починати во болнички услови, а 6 во домашни услови.
Направени се 3.449 теста преку: ИЈЗ – 265, ЦЈЗ Скопје – 70, ЦЈЗ Битола – 87, ЦЈЗ Прилеп – 54, ЦЈЗ Тетово – 6, ЦЈЗ Куманово – 69, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 1, Судска медицина – 0, лабораторија во болницата во Козле – 16, УК Пулмологија со алергологија – 1, ГОБ „8 Септември“ – 0, Институт за микробиологија – 159, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 65, „Авицена“ – 153, „Биотек“ – 160, „Систина“ – 70, лабораторија „Лаор“ – 134, „Синлаб“ – 18, „Ремедика“ – 17, „Плодност“ – 52, „Генеа“ – 14, „Никоб лаб“ – 358, „ВФВ медикал“ – 55, „Ели медика“ – 74, „Ројал медика“ – 29, „Спектра-ММ“ – 13, „Рапид лаб“ – 15, „Жан Митрев Струмица“ – 26, „Нова лаб дијагностика“ – 4, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.464.
Досега во земјата се направени вкупно 1.562.088 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 222.333, бројот на оздравени пациенти е 209.291, на починати е 7.868, а бројот на активни случаи изнесува 5.174.
Според епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 97.592, Активни случаи 2.545
Куманово 13.077, Активни случаи 116
Тетово 11.408, Активни случаи 80
Прилеп 10.671, Активни случаи 358
Битола 9.110, Активни случаи 372
Гостивар 8.077, Активни случаи 20
Велес 7.471, Активни случаи 167
Кавадарци 7.341, Активни случаи 232
Охрид 6.720, Активни случаи 229
Штип 6.719, Активни случаи 105
Струмица 6.249, Активни случаи 131
Кичево 4.300, Активни случаи 77
Кочани 4.084, Активни случаи 50
Струга 3.919, Активни случаи 21
Гевгелија 2.895, Активни случаи 95
Неготино 2.624, Активни случаи 44
Свети Николе 2.150, Активни случаи 45
Крива Паланка 1.949, Активни случаи 60
Ресен 1.837, Активни случаи 81
Радовиш 1.802, Активни случаи 46
Берово 1.477, Активни случаи 15
Делчево 1.460, Активни случаи 54
Дебар 1.457, Активни случаи 1
Виница 1.175, Активни случаи 19
Пробиштип 1.138, Активни случаи 15
Валандово 1.019, Активни случаи 67
Кратово 790, Активни случаи 11
Богданци 675, Активни случаи 30
Демир Хисар 637, Активни случаи 28
Крушево 604, Активни случаи 23
Македонски Брод 520, Активни случаи 14
Македонска Каменица 429, Активни случаи 21
Демир Капија 427, Активни случаи 0
Пехчево 357, Активни случаи 1
Дојран 173, Активни случаи 1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Донесени пресуди за случајот „Премин“, обвинителството најави жалба
Денеска, во Основниот кривичен суд Скопје, беше објавена неправосилна пресуда во предметот со кодно име „Премин“, застапуван од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Обвинителството за гонење на организиран и корупција. Во предметот беа опфатени повеќе царински службеници од Царинските испостави Ново Село и Дојран. Со пресудата, дванаесет обвинети лица се огласени за виновни за сторени кривични дела Примање поткуп и Злоупотреба на службената положба и овластување.
Четворица обвинети се осудени на ефективни казни затвор во траење од една година и шест месеци до три години, додека на останатите осум лица им се изречени условни осуди.
Четворица обвинети на почетокот на главната расправа го признаа делото и тогаш судот ги осуди на ефективни казни затвор во траење од 2 години до 2 години и 8 месеци.
Воедно, на 14 лица во предметот осудени за кривичното дело Примање поткуп судот им изрече и казна забрана за вршење на должност на службено лице, во времетраење од две до осум години, индивидуално определена за секој од нив.
Предлогот на обвинителството за одземање и конфискување на имотната корист прибавена со кривично дело беше делумно прифатен од страна на судот и паричните средства се вратени на еден од обвинетите.
Останатите привремено одземени парични средства пронајдени при извршените претреси се одземени и тоа 18.230 евра, 263.210,00 денари, 4860 швајцарски франци, 443 американски долари, 20 британски фунти, 200 украински гривни, 102 бугарски лева и 100 турски лири, како и 36 штеки цигари.
Обвинителството незадоволно од висината на казните и од висината на одземените парични средства најавува дека ќе го искористи правото на изјавување на правен лек по писмено добивање на пресудата.
Истражната постапка за овој случај беше отворена во октомври 2024 година кога беше спроведена полициска акција под кодно име „Премин“ поради основано сомнение дека обвинетите распоредени во Царинските испостави Ново Село и Дојран, во временскиот период од 21.03.2023 година до 15.10.2024 година, со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело.
Тие искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, при вршење на царински прегледи на стоката што се увезувала во државата преку граничните премини, од превозниците на стоката директно барале и примале парични средства за себе во износи од по 20, 50, 70, 100 и 150 евра, за да не извршат службено дејствие што морале да го извршат.
Македонија
Поранешен градоначалник на Росоман исплатил личен долг од 500.000 денари од општинскиот буџет
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Н.(29) од Росоман поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Според информациите на МВР, во периодот од август 2024 година до септември 2025 година, С.Н. во својство на градоначалник на општина Росоман, во два наврати ги пречекорил границите на службеното овластување и од Буџетот на општина Росоман противправно биле прибавени парични средства во вкупен износ од околу 500.000 денари, кои биле присилно наплатени од извршител за личен долг на С.Н..
Македонија
Гаши на работна средба во МАНУ
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, одржа работна средба во Македонската академија на науките и уметностите, со претседателот Живко Попов, како и со други претставници на Академијата.
„На средбата се разговараше за значењето на поактивното вклучување на Академијата во стратешките процеси на развој на државата, особено во креирањето политики и во обезбедувањето стручна поддршка при институционалното одлучување“, соопштија од Собранието.
Исто така, Гаши информирал за вчерашната одлука усвоена на седница, со која е овластен, како претседател на Собранието, да склучи поединечен колективен договор со претседателот на синдикалната организација на Академијата.
Тој изразил подготвеност за поддршка на сите иницијативи што ја зајакнуваат улогата на науката и уметноста во развојот на државата.

