Македонија
152 нови случаи на Ковид-19, починати нема
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.077 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-39, Куманово-20, Дебар-8, Штип-14, Прилеп-1, Тетово-9, Струга-13, Битола-5, Охрид-3, Кавадарци-5, Гостивар-15, Гевгелија-3, Струмица-4, Радовиш-1, Кочани-1, Демир Хисар-2, Македонски Брод-2, Делчево-3, Кратово-1, Свети Николе-1 и двајца во Кичево.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 70 оздравени пациенти од: Скопје-23, Куманово-8, Штип-6, Тетово-10, Гостивар-10 и 13 од Свети Николе.
Во последните 24 часа нема починати пациенти.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10.086, бројката на оздравени пациенти е 5.427, а на починати е 460. Во моментов бројот на активни случаи изнесува 4.199. Согласно со најновите податоци, статистиката на активни случаи по градови и следна:
• Скопје 4.607, активни 1.935
• Куманово 987, активни 282
• Дебар 193, активни 125
• Штип 732, активни 380
• Прилеп 322, активни 52
• Тетово 992, активни 283
• Струга 415, активни 206
• Велес 212, активни 21
• Битола 114, активни 60
• Охрид 262, активни 111
• Кавадарци 38, активни 21
• Гостивар 372, активни 223
• Гевгелија 22, активни 11 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)
• Струмица 35, активни 24
• Крива Паланка 22, активни 8
• Радовиш 28, активни 23
• Крушево 15, активни 9
• Кочани 94, активни 24
• Пробиштип 47, активни 28
• Демир Хисар 24, активни 22
• Македонски Брод 12, активни 8
• Пехчево 6, активни 0
• Берово 4, активни 1
• Валандово 6, активни 0
• Виница 5, активни 1
• Делчево 5, активни 4 (*1 лице од ПЕ Делчево е од Македонска Каменица)
• Кратово 13, активни 8
• Свети Николе 216, активни 188
• Кичево 120, активни 93
• Ресен 143, активни 45
• Неготино 23, активни 3 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Досега во земјата се направени вкупно 95.169 тестирања на Ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 83 лица од кои на кислородна поддршка се 40, а нема пациенти на респираторна машина.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 11 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, 4 позитивни деца и 8 пациенти сомнителни на вирусот.
Во болницата „8 Септември“ примени се 11 нови, а вкупно хоспитализирани се 100 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 40, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 126 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Според новите податоци, борјот на активни случаи во скопските општини денеска е следен:
• Чаир – 271
• Аеродром – 212
• Бутел – 138
• Гази Баба – 198
• Центар – 161
• Карпош – 174
• Сарај – 114
• Кисела Вода – 179
• Ѓорче Петров – 129
• Студеничани – 99
• Шуто Оризари – 126
• Арачиново – 34
• Илинден – 26
• Петровец – 23
• Чучер Сандево – 11
• Сопиште – 21
• Зелениково- 9
• Странец – 8
• Нераспределен- 2
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Вечерва почнува зимска бајка на Плоштад Македонија: Елката ќе светне во 18 часот, Дедо Мраз ќе стигне на 27 декември
Елката на Плоштад Македонија вечерва во 18 часот ќе биде осветлена со свечена церемонија, најави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. До 31 декември секоја вечер со почеток во 18 часот ќе има празнична програма, а за дочекот, на барање на градоначалникот ќе пеат македонски музички ѕвезди.
„За првпат по неколку години стагнација во главниот град свечено ја почнуваме новогодишната приказна со церемонија за осветлување на градот поставувајќи темели на новата празнична традиција по примерот на најразвиените европски метрополи. Денес во 18 часот, во срцето на градот, на Плоштадот Македонија свечено ќе биде осветлена новогодишната елка и официјално ќе биде отворен новогодишниот маркет со што симболично го обележуваме почетокот на празничните случувања во нашиот главен град“, рече градоначалникот Ѓорѓиевски кој смета дека со оваа церемонија Скопје прави значаен чекор напред кон визијата да се развива рамо до рамо со современите европски градови.
Во периодот од 15 до 31 декември секојдневно од 18 часот ќе има празнична програма со музички настапи, диџеј сетови уметнички изведби и бројни изненадувања.
Секој викенд од 12 до 14 часот содржините се целосно посветени на најмладите со анимации, креативни работилници, интерактивни активности и празнични изненадувања.
„Ова е почеток на нешто ново, магично и возбудливо за нашиот град. Првпат во историјата Скопје ќе ја дочека новата 2026 година со вистинска новогодишна зимска бајка. Настан кој ги обединува сите генерации од најмладите до највозрасните заедно се семејствата, пријателите, сограѓаните. Скопје конечно ќе покаже дека може да биде весел, модерен и динамичен град, град кој наликува на светска метропола во срцето на Балканот“, вели градоначалникот Ѓорѓиевски.
Централниот дел од новогодишната програма започнува на 27 период во кој градоначалникот Ѓорѓиевски смета дека Скопје ќе живее во полн празничен ритам. Напладне на Плоштад Македонија ќе дојде дедо Мраз со подароци и изненадувања за сите присутни.
Посебна можност во празничните денови Град Скопје ќе им даде на талентираните средношколци.
„Публиката ќе има можност да ги слушне најталентираните скопски средношколци кои ќе настапат со свои музички изведби и свои бендови. Во програмата се вклучени сите средни училишта на градот Скопје како дел од заложбата за поттикнување на младинската креативност и активно учество во културниот живот на нашиот град. Ги поканувам сите граѓани, сите семејства и посетители заедно да ја започнеме новата традиција и да бидат сите дел од новогодишната магија создавајќи Скопје исполнето со светлина, радост и позитивна енергија“, повика градоначалникот Ѓорѓиевски.
Тој кажа дека имал само една желба околу дочекот, забавата да ја направам домашни музички ѕвезди, па за дочекот се најавени Каролина Гочева, Тамара Тодевска, Миле Кузмановски, Огњан Здравковски, Куку Леле, Лара, Пајак, Два Бона и Тина Перовска.
Зимската бајка Град Скопје ја организира со финансиска поддршка од Државната лотарија на Македонија.
Македонија
Минчев: Зајакнувањето на институционалните и финансиските капацитети од клучно значење за ефикасно функционирање на јавната администрација
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, присуствуваше на настанот „Зајакнување на институционалните капацитети: одбележување на соработката помеѓу САД и Северна Македонија“, кој беше во организација на Министерството за финансии.
На настанот се обратија министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, заменик-претседателот на Владата на РСМ за политички систем Љупчо Димовски и амбасадорката на САД, Ангела Агелер, кои ја нагласија важноста на партнерството помеѓу САД и Македонија.
Минчев ја поздрави соработката, посочувајќи дека зајакнувањето на институционалните и финансиските капацитети е од клучно значење за ефикасно функционирање на јавната администрација, транспарентно управување со јавните финансии и подобра испорака на услуги кон граѓаните.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Дали е точно дека никој не се нафаќа да биде дел од органите на Филипче, тој со Заев ја држат партијата во заложништво
Според ВМРО-ДПМНЕ, единствениот формален функционер во СДС, Венко Филипче, овие денови се соочува со бран незадоволство и непоборлив факт што никој не сака да биде дел од високите органи на партијата.
„Се повеќе луѓе се противат на идејата партијата да биде маша на бизнис крими интересите на Зоран Заев со единствен извршител Венко Филипче.
Партијата е поделена на кланови, на поединци и групи каде што најлојален за пари до Венко е Никола Спасов.
Токму затоа Никола Спасов спроведува сценарио на дефокусирање од вистината и напад со лаги и дезинформации за наводни мигранти и наводно сторен криминал во случајот Томовски. Ниското политичко ниво и изразената некултура во соопштенијата и пресовите на СДС треба да го одвлече вниманието од фактот што денес СДС е во заложништво на бизнис интересите на струмичката фамилија Заеви“.
Венко Филипче, додаваат од партијата на власт, не може да состави основна екипа со која ќе ја владее СДС, партија со само 130 илјади гласови, а камо ли утре да пледира да владее со цела држава.
„Овие денови гледаме како СДС само тоне и станува жртва на сопствената пропаганда. Венко го доуништува и она малку што остана од некогаш големата СДС“.

