Македонија
16 починати и 30 нови случаи на Ковид-19 од 1.658 тестирања
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.658 тестирања, а регистрирани се 30 нови случаи на Ковид-19, и тоа: во Скопје – 14, Куманово – 4, Тетово и Кочани по 2 и по еден во Битола, Велес, Охрид, Струмица, Кичево, Радовиш, Виница и Пробиштип.
Регистрирани се 359 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 163, Куманово – 31, Битола – 26, Тетово – 16, Велес и Кичево по 12, Кочани, Гостивар и Кавадарци по 11, Ресен – 10, Штип – 9, Виница, Прилеп и Свети Николе по 6, Струмица –5, Неготино и Берово по 4, Радовиш и Гевгелија по 3, Крива Паланка и Дебар по 2 и по еден во Струга, Делчево, Валандово, Богданци, Демир Хисар и Демир Капија.
Пријавени се вкупно 16 починати лица: 8 од Скопје (61, 62, 69, 72, 75, 80, 82 и 82), две лица од Битола (65 и 82) и по едно лице од Куманово (80), Струмица (76), Охрид (68), Гостивар (73), Ресен (69) и Струга (72). Од пријавените, еден е починат во домашни, а другите во болнички услови.
Направени се 1.658 теста преку: ИЈЗ – 62, ЦЈЗ Скопје – 24, ЦЈЗ Битола – 51, Судска медицина – 1, ГОБ „8 Септември“ – 10, МАНУ – 37, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 167, „Авицена“ – 208, „Биотек“ – 676, „Систина“ – 184, „Ремедика“ – 48, „Плодност“ – 56, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 134.
Досега во земјата се направени вкупно 749.727 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 154.524, бројката на оздравени пациенти е 143.427, на починати е 5.184, а бројот на активни случаи изнесува 5.913.
Според епидемиолошките анализи, дистрибуцијата по градови во моментот е следна:
Скопје 68.179, активни 2.493
Куманово 8.763, активни 519
Прилеп 8.255, активни 301
Тетово 7.185, активни 230
Битола 6.258, активни 419
Велес 5.459, активни 174
Гостивар 5.154, активни 124
Кавадарци 5.141, активни 92
Охрид 4.975, активни 290
Штип 4.951, активни 137
Струмица 4.093, активни 141
Струга 2.969, активни 105
Кочани 2.770, активни 86
Кичево 2.527, активни 148
Гевгелија 2.189, активни 64
Неготино 2.177, активни 48
Свети Николе 1.517, активни 62
Ресен 1.233, активни 89
Крива Паланка 1.217, активни 21
Радовиш 1.130, активни 62
Берово 1.026, активни 12
Делчево 964, активни 45
Дебар 938, активни 8
Виница 871, активни 90
Пробиштип 786, активни 18
Валандово 664, активни 11
Богданци 493, активни 17
Крушево 488, активни 34
Демир Хисар 396, активни 36
Демир Капија 396, активни 4
Кратово 363, активни 11
Македонски Брод 356, активни 1
Пехчево 266, активни 4
Македонска Каменица 243, активни 17
Дојран 132, активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е значајна победа за правната држава
За првпат и самиот обвинител го признава тоа што целата јавност го кажуваше: дека Јавното обвинителство не може да продолжи да функционира со изгубен легитимитет, под товар на политички влијанија и со селективна правда, изјави Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Фактот што оваа оставка доаѓа дури сега, а не уште од првиот ден кога беше очигледно дека институцијата е компромитирана, само дополнително ја потврдува длабочината на проблемот и обидите со месеци да се одржи статус кво кое служеше на поранешната власт. Со оваа оставка се става крај на еден мрачен период, во кој обвинителството беше перципирано како партизиран механизам, а не како независна институција во служба на законот“, вели тој.
Според Петрушевски, оставката е јасен сигнал за крајот на практиките на заштита на поранешната власт на СДС и ДУИ и почеток на процесот на департизација и европеизација на јавнообвинителската дејност.
„Оставката на Коцевски не е персонално, туку единствено системско решение. Ова е јасна порака дека никој не е недопирлив“, вели Петрушевски.
Македонија
Општина Бутел додели 4.000.000 денари финансиска помош на спортски клубови
Општина Бутел додели 4.000.000 денари финансиска помош на спортските клубови од општина Бутел.
„Локалната самоуправа секоја година ги поддржува спортските клубови и доделува спортски стипендии на најдобрите спортисти од Бутел. Во општина Бутел се градат спортско-рекреативни центри во секое населено место. Во општина Бутел вредноста на спортот и спортските успеси е најголема“, изјави градоначалникот Дарко Костовски.
Тој изрази надеж дека финансиска поддршка ќе поттикне напредок во сите спортови и спортистите ќе освојат европски и олимписки медали.
Македонија
(Видео) СДСМ бара оставка од директорката на ГАК по смртта на новороденчето: „Има сомнежи за лекарска грешка“
СДСМ бара оставка од директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство по смртта на новороденчето.
„Денеска со огорченост стоиме пред оваа Клиника, ГАК, и бараме одговорност за последниот скандал со смртта на бебе. Овде не умрело само едно бебе кое го имало целиот живот пред себе, овде умрела, вистината, лекарската грижа, моралот и одговорноста. А директорката се обидела да го сокрие случајот. Новородено бебе, со реална шанса за живот, починало на интензивна нега. На родителите им било кажано дека смртта била неизбежна. Дека ништо не можело да се направи“, вели Елена Радеска, од Комисијата за здравство СДСМ.
Според неа, документите од самата Клиника говорат поинаку.
„Внатрешни пријави, изјави на лекари и официјални записници велат дека има сомнежи за лекарска грешка. Началничката на интензивна нега, писмено пријавила дека несоодветно лекување од страна на педијатарка довело до компликации и смрт на бебето. Според таа пријава, реинтубацијата траела дури 20 минути. Не секунди. Дваесет минути. Во тие 20 минути, на бебето му биле нанесени повреди по што настанала и смрт. Ништо од ова не им било кажано на родителите. Ниту дека постои сомнеж за сериозна лекарска грешка. За тоа дознале од новинари. Од свиркачи. Не од Клиниката. Не од институциите“, рече Радеска.
Според неа, клучното прашање зошто директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, д-р Ирена Алексиовска Папестиев, иако била формално известена за сомнежите и за смрт со можни пропусти во лекувањето, два месеца не известила никого.
„Ова е огромен скандал кој ја покажува катастрофалната состојба во здравството. Бараме итна оставка на директорката на Клиниката, д-р Ирена Алексиовска Папестиев. Каква е таа докторка за која Хипократова заклетва е само на хартија? Бараме целосна, независна истрага и одговорност од сите инволвирани – без разлика на функцијата, титулата или хиерархијата“, рече Радеска.

