Македонија
16 починати и 491 нов случај на Ковид-19
Министерството за здравство информира во последните 24 часа направени се 3.747 тестирања, а регистрирани се 491 нов случај на Ковид-19, од кои во: Скопје – 232, Куманово – 41, Штип – 26, Велес – 20, Битола – 19, Охрид – 17, Кавадарци – 16, Прилеп – 15, Струмица – 14, Свети Николе и Кратово по 10, Кочани и Радовиш по 8, Гостивар и Кичево по 7, Гевгелија и Валандово по 6, Струга и Берово по 5, Ресен – 4, Тетово и Пробиштип по 3, Крива Паланка, Виница и Демир Хисар по 2 и по еден заразен од Неготино, Делчево и Македонски Брод.
Пријавени се 16 смртни случаи: 8 починати лица од Скопје (88, 82, 82, 76, 72, 72, 71 и 64 години), тројца починати од Куманово (80, 71 и 65 години) и по еден починат од Струмица (71), Тетово (61), Охрид (85), Штип (86) и од Берово (45).
Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, во согласност со регистарот на починати лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се уште 6 смртни случаи со датум на смрт во период од 14 до 20 септември годинава. Од нив, по двајца се починати од Скопје и Штип и по од Струга и Кичево. Починатите се на возраст од 54 до 83 години, од кои 3 лица починале во болнички, а 3 во домашни услови.
Регистрирани сe 416 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 214, Струмица – 70, Куманово – 23, Тетово – 16, Штип – 12, Кочани и Кичево по 10, Гостивар – 9, Битола – 8, Велес и Кавадарци по 7, Прилеп и Свети Николе по 5, Крива Паланка и Богданци по 3, Охрид, Кратово, Радовиш и Пробиштип по 2 и по еден оздравен во Гевгелија, Валандово, Ресен, Македонски Брод, Македонска Каменица и Дојран.
Направените 3.747 теста се преку: ИЈЗ – 363, ЦЈЗ Скопје – 69, ЦЈЗ Битола – 63, ЦЈЗ Прилеп – 47, ЦЈЗ Тетово – 74, ЦЈЗ Куманово – 63, Судска медицина – 2, Институт за микробиологија – 158, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 135, „Авицена“ – 168, „Биотек“ – 290, „Систина“ – 77, лабораторија „Лаор“ – 176, „Синлаб“ – 30, „Ремедика“ – 31, „Плодност“ – 64, „Генеа“ – 16, „Никоб лаб“ – 350, „ВФВ медикал“ – 72, „Ели медика“ – 64, „Ројал медика“ – 26, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.409.
Досега во земјата се направени вкупно 1.261.880 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 188.113, бројката на оздравени пациенти е 169.116, на починати е 6.511, а бројот на активни случаи изнесува 12.486.
Според епидемиолошките анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 81.663, Активни 5.709
Куманово 11.116, Активни 920
Тетово 10.767, Активни 971
Прилеп 8.944, Активни 285
Гостивар 7.932, Активни 507
Битола 6.977, Активни 257
Велес 6.077, Активни 297
Охрид 5.844, Активни 559
Кавадарци 5.777, Активни 212
Струмица 5.632, Активни 405
Штип 5.593, Активни 236
Кичево 3.895, Активни 423
Струга 3.763, Активни 540
Кочани 3.158, Активни 133
Гевгелија 2.367, Активни 78
Неготино 2.300, Активни 44
Свети Николе 1.838, Активни 109
Ресен 1.518, Активни 105
Радовиш 1.489, Активни 112
Дебар 1.444, Активни 127
Крива Паланка 1.361, Активни 57
Берово 1.200, Активни 37
Делчево 1.111, Активни 67
Виница 1.011, Активни 47
Пробиштип 900, Активни 43
Валандово 794, Активни 34
Богданци 544, Активни 17
Кратово 541, Активни 57
Крушево 518, Активни 15
Македонски Брод 463, Активни 32
Демир Хисар 428, Активни 18
Демир Капија 406, Активни 4
Пехчево 310, Активни 8
Македонска Каменица 293, Активни 20
Дојран 139, Активен 1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сајкоски: Вчера докажавме дека Македонија не толерира некој да ја тероризира– граѓаните во нас препознаа луѓе кои ќе донесат правда во државата
„Вчера докажавме дека само заеднички, единствени како никогаш досега можеме да успееме. Можеме да успееме заеднички и да прегазиме секој противник, секој оној којшто прави штета на нашата држава и затоа ќе го снајде она што го снајде овој наш противник вчера. Ќе го снајде истото и на 8 мај. Голема победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Mакедонија“, голема победа на македонските граѓани и македонскиот народ. Почитувани кичевчани вие го покажавте револуционерниот дух. Тој никогаш не згаснал во вас. Покажавме дека можеме и дека ќе направиме се, дека имаме храброст, дека имаме елан да се спротивставиме и дека ние сме победнички расположени. Победнички за да ја донесеме Македонија онаму каде што и е местото Им дадовме јасно до знаење дека Кичевчани не толерираат повеќе изживување врз нив. Дека Македонија не толерира повеќе некој да ја тероризира! Ние не толерираме да лажат и крадат. Ние таквите ги казнуваме“, истакна на вечерашниот митинг во Кичево носителот на листата на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 5, Ѓорѓија Сајкоски.
Тој исто така повика на уште помасовна излезност на 8 мај за да се донесе историска победа за Македонија.
„Сакам исто така да ве повикам на 8 мај да излеземе во што поголем број и да донесеме историска победа на Македонија. Да донесеме историска победа за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“, потенцираше Сајкоски.
Тој истакна и дека оваа е историска победа бидејќи граѓаните во ВМРО-ДПМНЕ препознаа луѓе коишто можат да ја донесат правдата во Македонија.
„Ние почитувани испишуваме историја. Испишуваме историја затоа што првпат од позиција на опозиција води некој политички субјект во Македонија со 180 илјади гласови. Испишуваме историја затоа што во нас препознаа македонските граѓани луѓе коишто се чесни, коишто се трудољубиви и луѓе коишто можат да ја донесат правдата во Македонија“.
Тој упати порака и до оние кои не излегоа на гласање дека ако сакаат да живеат во подобра Македонија треба да се придружат во големата победа на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ако сме согласни дека треба да имаме подобро здравство, подобро образование, дека инфраструктурата во ИЕ 5 е катастрофална и дека треба да направиме комплетно нова, придружете се. Придружете се во голема победа за Македонија. Придружете се и само така, само единствени може да победиме и може да донесеме влада којашто никој не може да ја уценува и може да донесеме премиер што испорачува. Да испорача да имаме одлична инфраструктура, да бидеме први во регионот наместо последни и да направиме економски бум“, истакна Сајкоски и додаде:
„Поканете го секој, разговарајте со секој затоа што ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ се политички субјекти којшто мислат добро за сите во Македонија. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата го заслужува вашиот глас, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ беше и остана браник на македонската државност“.
Македонија
(Видео) Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ
Со исправена глава, поставени на вистински европски пат кој е единствена опција за суштинска промена во нашата држава. Во тоа име ве повикувам масовно, ги повикувам сите граѓани на Македонија масовно да излезат на избори, на 8 мај и својот глас да го дадат за нашиот претседател Стево Пендаровски и за пратеничките листи на СДСМ и коалицијата за европска иднина, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва на митинг на коалицијата за европска иднина во Чучер Сандево.
-Сакам да ве поттикнам да разговарате со секој ваш пријател, роднина, сосед, до 8 мај, да кажете дека ДА, разбравме каде сме грешеле, дека имаме јасна програма и план како сето тоа да го поправиме и исто така да кажете дека ние сме таа партија која ги обезбеди сите овие прогресивни работи за државата и кои ја ослободија државата од канџите на само една политичка партија која имаше се во свои раце во цела една декада. Ве повикувам никогаш да не се откажете во она што веруваме и да се бориме да успееме за се она што сме го напишале во програмата да стане реалност и државата да стане многу подобра од она што е денес, рече Ковачевски.
Јас заедно со моите другари како денес, со Санела, Сузана, Оливер, Фатмир ќе бидеме секој ден меѓу граѓаните. Во секој град, секое село, секоја куќа, со секој граѓанин, додаде Ковачевски.
-Ве повикувам и вас, да ни се придружите и заедно да ја пренесеме пораката за напредна држава, пораката за држава која напредува, за држава во која сите се почитуваат и пораката за држава во која ќе имаме подобар животен стандард. Нема откажување од иднината и од борбата за напредна и прогресивна Македонија, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.
Македонија
Мицкоски: Разликата по вчерашниот изборен ден е цунамито кое се крева, народот се излеа и тој бран на промени ќе ја порази оваа власт
Над 180 илјади разлика е доволен показател за само едно, народот е на нозе и народот се крена против оваа власт, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Кичево.
„Оние кои што се удираа во гради дека ќе сме се сокриеле после изборниот ден, јас денес не ги гледам. Сокриени коваат сценарија за бојкот, на врата се пред Мала речица да ги молат за гласови, како што ги молеа за тендери. Но, народот е посилен и од тие стотина луѓе од ДУИ кои управуваат со државата и од тој артаноиден режим“, изјави Мицкоски.
Според Мицкоски разликата по вчерашниот изборен ден е толку изразена, што е поголема од вкупниот број на гласови на Пендаровски освоен на изборите.
„Ова е цунамито кое се крева и кое ќе се удри од главата на оваа власт. Народот се излеа и тоа незадоволство и тој бран на промени ќе ги порази. Сакам да предупредам дека работата не е воопшто завршена. Потребно е жолтиот картон да стане црвен. На 8 мај потребно е масовно да се излезе и да се гласа за промени“, вели Мицкоски.
Мицкоски укажа дека е многу важно разликата да биде уште поголема.
„Затоа што добивам информации за црни сценарија кои се коваат во противничките штабови и да им кажам колку и тие да планираат такви сценарија, народот уште пожестоко ќе ги казни. Излезот власта го гледа во две работи. И двете се губитнички сценарија. Првото е бојкот на изборите каде што најисправниот одговор треба да биде излезноста и масовноста на овие избори. Второто сценарио е играњето со белезите на Македонија и великодушните понуди што овој пат ги добива ДУИ за сметка на Македонија од СДСМ за еден партнерски настап и взаемна поддршка на изборите“, кажа Мицкоски.
Мицкоски кажа дека двете сценарија им се за тоа како ДУИ и СДСМ да извлечат некаква полза, за сметка на пропаста и назадувањето на државата.
„Тоа нема да го дозволам. И затоа одговорот е масовна излезност на 8 мај“, порача Мицкоски кој заклучи: „да покажеме заедно дека силата на Македонија е во нас, во сите нас заедно, и да бидеме пример на сите идни генерации“.