Македонија
16 починати лица, регистрирани 1.500 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа, направени се 5.693 тестови, а регистрирани се 1.500 нови случаи на Ковид-19:
Скопје – 775, Кавадарци – 74, Битола – 66, Куманово – 60, Тетово – 56, Велес – 49, Гостивар – 45, Прилеп – 44, Охрид – 42, Струмица – 38, Кичево и Неготино – по 32, Гевгелија – 30, Кочани – 28, Радовиш – 22, Штип – 18, Струга – 11, Свети Николе и Дебар – по 10, Крива Паланка и Богданци – по 9, Валандово – 8, Делчево – 6, Ресен – 5, Демир Хисар – 4, Виница, Пробиштип , Македонски Брод , Македонска Каменица , Демир Капија, Пехчево и Дојран – по 2, Берово, Кратово и Крушево – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (1.500), регистрирани се 195 реинфекции .
Регистрирани сe 522 оздравени пациенти од: Скопје – 209, Охрид – 79, Тетово – 46, Гостивар – 38, Струга – 36, Делчево – 13, Кичево – 12, Битола – 11, Струмица – 10, Кавадарци – 9, Гевгелија и Кочани – по 8, Велес – 7, Ресен – 6, Радовиш – 5, Неготино, Свети Николе, Дебар , Богданци и Виница – по 4, Прилеп и Македонска Каменица – по 2 и Дојран – 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 10 починати лица: по 2 починати лица од Скопје (75г и 87г), Куманово (72г и 80г) и Тетово ( 80г и 89г), и по едно починато лице од Гостивар (62г), Демир Капија (73г), Прилеп (61г) и Струга (84г). Од пријавените лица, сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 6 починати лица, Штип (1), Охрид (1), Кочани (1), Тетово (1), Скопје (1), и Кичево (1). Починатите се на возраст од 57г до 82г. Од пријавените лица 3 се починати во болнички услови и 3 лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 13.01.2021 – 03.02.2022г.
Од вкупниот број на починати лица (n=16), 3 лица се целосно вакцинирани, а кај сите 16 лица се регистрирани коморбидитети.
Направени се 5.693 тестови преку: ИЈЗ-455, ЦЈЗ Скопје-110, ЦЈЗ Битола-106, ЦЈЗ Прилеп-55, ЦЈЗ Тетово–6, ЦЈЗ Куманово-112, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-4, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–158, Жан Митрев (Филип Втори)-120, Авицена-223, Биотек-208, Систина-110, лабораторија Лаор-211, Синлаб-33, Ремедика-13, Плодност-34, Генеа-13, Никоб Лаб-481, ВФВ Медикал-106, Ели Медика-49, Ројал Медика–43, Спектра-ММ-27, Рапид Лаб–23, Жан Митрев Струмица–16, Нова Лаб Дијагностика–6, Рамус-23, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.948.
Досега во земјата се направени вкупно 1.814.187 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 277.137, бројот на оздравени пациенти е 254.862, на починати е 8.549, а бројот на активни случаи изнесува 13.726.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 126736, Активни 7398
Куманово 15248, Активни 557
Битола 13265, Активни 1019
Прилеп 12986, Активни 524
Тетово 12715, Активни 429
Кавадарци 9369, Активни 540
Гостивар 8974, Активни 247
Велес 8709, Активни 329
Охрид 8133, Активни 278
Штип 7643, Активни 169
Струмица 7458, Активни 302
Кичево 5072, Активни 230
Кочани 4749, Активни 155
Струга 4468, Активни 128
Гевгелија 3917, Активни 203
Неготино 3326, Активни 199
Свети Николе 2505, Активни 97
Ресен 2438, Активни 169
Радовиш 2357, Активни 134
Крива Паланка 2258, Активни 81
Делчево 1823, Активни 72
Берово 1656, Активни 21
Дебар 1527, Активни 31
Валандово 1429, Активни 91
Виница 1316, Активни 35
Пробиштип 1265, Активни 19
Богданци 935, Активни 80
Кратово 894, Активни 27
Крушево 829, Активни 23
Демир Хисар 789, Активни 37
Македонски Брод 658, Активни 42
Македонска Каменица 515, Активни 21
Демир Капија 505, Активни 19
Пехчево 437, Активни 14
Дојран 233, Активни 6
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Триесет дена притвор за Капушевски, Муча и Сулкоски, сопственикот на „Пуцко Петрол“ оди во куќен притвор

Судот определи 30 дневен притвор за бизнисменот Ратко Капушевски – сопственик на фирмата РКМ, Ерџан Сулкоски и ексдиректорот на ЕСМ, Адријан Муча, во случајот со спорниот тендер за набавката на мазут за ТЕЦ Неготино.
Од Кривичниот суд вечерва информираа дека за нив постои опасност од бегство и околности кои укажуваат на попречување на истрагата со влијание на сведоци.
Во однос на осомничениот Асмир Јахоски – сопственик на „Пуцко Петрол“, по произнесување пред судија на претходна постапка Јавниот обвинител се согласи за промена на предлогот за определување мерка притвор со предлог за определување на мерка куќен притвор, што беше прифатено од Судијата на претходна постапка, велат од Кривичен.
За останатите седум осомничени кои беа спроведени во судот, судијата го прифати предлогот на Јавниот обвинител и донесе решени за определување на мерки за претпазливост.
Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.
Претходно Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување на истражна постапка за тринаесет лица и една фирма, поради злоупотреба на тендер за набвака на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино. Во акцијата што под раководство на јавен обвинител се спроведуваше на повеќе локации во Скопје, Велес и Кичево, уапсени беа 11 лица.
Со истрагата е опфатен и екс директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски кој е во бегство и се бара со меѓународна потерница за случајот Адитив.
Македонија
Приведен тетовец за подметнување на пожар кај гробиштата во Катланово

Полицијата го приведе И.Џ. (49) од Тетово, поради подметнување на пожар кај Катланово.
„Денеска околу 13 часот во СВР Скопје е пријавено дека настанал пожар кај православните гробишта во Катланово, при што горела нискостеблеста шума и трева, а според тврдење на очевидец, пожарот го подметнал И.Џ.“, соопшти МВР.
Пожарот самиот се изгасил откако заврнало дожд.
По расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Македонија
Единаесет лица се приведени за злоупотреба на тендер за набавка на мазут

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување на истражна постапка за тринаесет лица и една фирма, поради злоупотреба на тендер за набвака на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино. Во акцијата што под раководство на јавен обвинител се спроведуваше на повеќе локации во Скопје, Велес и Кичево, уапсени се 11 лица.
Меѓу осомничените е и сопственикот на Пуцко Петрол, Асмир Јахоски, а во истрагата е опфатена фирмата која го добила тендерот и нејзините сопственици Ратко Капушевски и Ерџан Сулкоски. Во истрагата е опфатен и екс директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски кој е во бегство и се бара со меѓународна потерница за случајот Адитив, како и уште еден поранешен директор на ЕСМ, Адријан Муча кој е во притвор за истиот случај.
„Во периодот на 2021 – 2023 година двајца осомничени, во својство на основачи и управители на кривично одговорното правно лице свесно повредувајќи ги прописите за постапката за јавен повик за набавка на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино поднеле невистинита документација. Со намера да го изиграат договорот не ги извршиле обврските и ги повредиле правилата остварувајќи корист од големи размери за кривично одговорното правно лице а на штета на државниот буџет во вкупен износ од 10.304.324.094 денари или околу 167.549.985 евра. Во намерата со умисла им помогнале осомничените вработени во АД Електрани на Северна Македонија – Скопје, кои се наоѓале на високи позиции од генерален директор и директори на сектори до претседатели и членови на комисии поврзани со јавни набавки, спроведувајќи постапки за јавна набавка на мазут спротивно на Упатството за начинот на спроведување на јавните набавки во АД ЕСМ. Со непочитување на начелата на сразмерност, конкуренција, еднаков третман и недискриминација на економските оператори, иако знаеле дека правното лице не ги исполнува бараните критериуми за носител на јавната набавка, помогнале да се склучат Договори за јавна набавка во корист на истото и му овозможиле да испорачува мазут се до 24.02.2023 година“, соопшти ОЈО ГОК.
Паричните средства кои осомничените ги прибавиле со кривичното дело, ги пуштиле во промет, промениле и пренеле на друг со цел да се прикрие изворот на потеклото.
Со дел од средствата купиле две моторни возила „мерцедес“, дел ги трансферирале на своите сметки во разни банки, а потоа ги подигале во готовина. Воедно, врз основа на договор за посредување и Анекс кон договорот, склучен помеѓу осомниченото правно лице и осомничен сопственик на правно лице со иста дејност, во два наврати биле префрлени средства во вкупен износ од 72.000.000,00 денари за наводно извршени работи согласно договорот кој претставувал само привидно средство за вршење на предметните трансакции. Осомничениот така примените парични средства, свесен за нивното потекло со цел да ја прикрие нивната локација ги трансферирал по основ на ,,позајмица’’ кон своето правно лице.
Имајќи ги предвид околностите и тежината на стореното дело, јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му предложи на пет лица да им биде определена мерка притвор, од кои за едно лице мерката да се примени по неговото пронаоѓање. Едно лице осомничено и во предметот „Адитив“ веќе се наоѓа во притвор, додека за останатите осомничени се предложени мерки за обезбедување присуство.