Контакт

Македонија

Црвениот крст одбележува 76 години постоење

Објавено пред

Оваа година Црвениот крст на Република Северна Македонија одбележува 76 години од своето основање и 26 години од полноправно членство во Меѓународната федерација на друштвата на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

17 март е значаен ден за Црвениот крст на Република Северна Македонија, датум што ги одбележува постоењето, дејствувањето, а воедно и успехот на сите волонтери, вработени, поддржувачи и безброј активисти, кои овозможија оваа организација да опстане толку многу во текот на годините.

17 март е воедно и Ден на крводарителството во Република Северна Македонија кога изразуваме благодарност кон армијата хумани луѓе, кои даруваат крв и со својата хуманост спасуваат човечки животи.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Богдановиќ за зградите спроти „Холидеј ин“: Потребна ни и е поддршка од надлежните и јавноста

Објавено пред

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, заедно со секретарката на општината, Маја Ралевска, утринава одржаа онлајн состанок со Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), на кој тема беа актуелните случувања со паркингот спроти хотелот „Холидеј Ин“, но и генералната состојба со плановите после одлуката на Уставниот суд за укинување на суспензијата на Деталните урбанистички планови (ДУП-ови).

Како што се наведува во соопштението за средбата, градоначалникот Богдановиќ пред Комисијата ја нагласил потребата од зголемен степен на соработка со останатите институции, поголема флексибилност и поголема ефикасност во спроведувањето на предметите.

Тој воедно побарал и поддршка од ДКСК, од останатите надлежни институции за постапување, но и од јавноста за Уставниот суд повторно да ја стави на разгледување последната одлука за укинување на мораториумот во Општина Центар.

„Намерата на општинската одлука за суспензија на ДУП-овите (‘мораториум’) беше донесена за да се хуманизира просторот за живеење во централното градско подрачје, да го намали загадувањето на околината и атмосферскиот воздух при носењето на нови ДУП-ови и конечно да воведе ред во урбанистичкото планирање во Општина Центар“, се наведува во соопштението на општинските власти.

По укинувањето на првата одлука од 2017-та, од страна на Уставниот суд, во декември 2018-та Советот на Општина Центар повторно донесе одлука за неспроведување на ДУП-овите, која Уставниот суд уште еднаш ја укина на почетокот на годината, на предлог на двајца жители од Охрид.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев: Има сериозен исчекор за законот за државјанство

Објавено пред

По денешната средба во Собранието со претседателите на опозициските албански политички партии, Алијансата за Албанците и Алтернативата, Зијадин Села и Африм Гаши, како и со пратеничката Илире Даути од Алијансата за Албанците, премиерот Заев рече дека имале успешна средба и сериозен напредок во разговорите во однос на донесувањето на законските одредби за стекнување државјанство.

„Имавме исклучително успешна средба и сериозен напредок во разговорите. Двете страни дојдовме подготвени и верувам дека до крајот на неделата, врз основа на анализата што ќе ја направат експертите од МВР, ќе можеме да финишираме со законското решение за државјанствата. Врз основа на тој напредок разговаравме на сите отворени прашања што беа предлог во законското решение од Алијансата на Албанците и Алтернативата и се изнајдени механизмите за изнаоѓање решение. Не би зборувал за деталите заради тоа што овде сме политички претставници и сега треба и експертите да ги номинираат предлог-решенијата како анализа да ги стават на хартија за да го процесираме конечно законското решение. Секако, во тој дел Алијансата за Албанците и Алтернативата ќе ги информираат и ВМРО-ДПМНЕ и Левицата затоа што тие доставија амандмани, но мислам дека денеска направивме сериозен исчекор во поглед на решавање на ова важно прашање“, рече Заев.

Тој додаде дека анализите биле од голема помош, во кои се виделе детаљно бројките колку граѓани немаат државјанство, а се родени овде и колку граѓани се со природување, односно со стапување во брак, со враќање назад во земјата и слично, бараат државјанства.

Целта, како што истакна Заев, е до крајот на неделата да се оформи законскиот текст и веќе следната недела парламентот да се изјасни по самото законско решение.

Прикажи повеќе...

Македонија

Павле Беловски нов претседател на ССНМ

Објавено пред

Павле Беловски беше избран за в.д. претседател на Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ) на Собранието што се одржа во саботата. На Собранието, кое првпат се одржа онлајн, Беловски едногласно беше избран за претседател на ССНМ, каде што го наследува Ѕвездан Георгиевски, кој ја водеше организацијата во изминатите две и пол години.

На Собранието беше донесена и одлука за проширување на Извршниот одбор (ИО) од досегашните девет члена на 13, пред сѐ со синдикалните претставници од медиумите што имаат формирано синдикални групи.

Покрај Маја Јовановска, Павле Беловски, Тамара Грнчароска, Роберт Атанасовски и Теофил Блажевски, кои учествуваа во работата на ИО и во изминатиот период, дел од Извршниот одбор на ССНМ во наредниот ќе бидат и Сунаи Сабриоски, Зоран Маџоски, Марина Илиевска, Тамара Чаусидис, Теодора Цветковска, Жарко Јорданоски, Перо Момировски и Игор Стефановски.

На Собранието беа разгледани и активностите на ССНМ во минатата година, од кои беа издвоени потпишувањето на колективниот договор со МИА, низа јавни дебати и работилници, издавање на публикацијата „Новинарството како јавно добро“ и други тековни активности поврзани со работничките права на новинарите и медиумските работници.

Усвоен беше и приложениот финансиски извештај за работата на ССНМ за 2020 година, а беше усвоена и измена на Деловникот за работа на Собранието, што се однесува за користење електронска платформа за одржување седници.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Експертите посочуваат дека ни доаѓа нов супер коронавирус, комбинација од 18 мутации

Нов супер сој на коронавирусот во Бразил е комбинација од 18 мутации вклучувајќи ги таканаречените соеви на Бразил, Велика Британија...

Македонија3 часа

Нови 30 дена притвор за Камчев

Основниот кривичен суд Скопје му го продолжи притворот за дополнителни 30 дена на бизнисменот Јордан Камчев. „Кривичниот совет при Основниот...

Свет5 часа

Вакцината на „Фајзер“ помалку ефикасна кај јужноафриканскиот сој, покажува израелска студија

Јужноафриканскиот сој на коронавирус може да ја избегне заштитата обезбедена од вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ до одреден степен, открива...

Македонија5 часа

Ќе се ограничат цените за лекување пациенти од коронавирус во приватните болници

До Владата ќе биде поднесе предлог за измена на законот со кој ќе се ограничи сумата за лекување пациенти од...

Македонија5 часа

Две илјади кинески вакцини денеска ќе пристигнат во земјата

Две илјади кинески вакцини денеска ќе пристигнат во земјата, најави министерот за здравство, Венко Филипче. Тој рече дека вакцините, кои...

Македонија5 часа

Девет години од петкратното убиство кај Смилковското Езеро

Денеска се навршуваат девет години од петкратното убиство кај Смилковското Езеро. На 12 април 2012 година, на Величетврток, беа убиени...

Свет6 часа

Научниците со охрабрувачки вести: За секој нов сој ќе имаме вакцини

Во тек е трка помеѓу вакцините против Ковид-19 и мутациите на коронавирусот кои се закануваат да ги загрозат, откриле научниците...

Свет6 часа

„Билд“: Меркел го откажала терминот за вакцинирање со „астра зенека“

Германската канцеларка, Ангела Меркел, сè уште не е вакцинирана против коронавирусот, а според весникот „Билд“, таа требало вчера да прими...

Свет7 часа

Поединци немаат чувство за вкус и мирис, дури и една година по заразата од коронавирусот

Три дена по позитивниот тест на коронавирус, сè имаше вкус на картон, се сеќава 38-годишната Елизабет Медина, која го изгубила...

Македонија9 часа

Почнува вакцинацијата на новинарите и медиумските работници

Вакцинацијата на новинарите и медиумските работници што се пријавија на повикот и ги исполнија условите за да влезат во првата...

Македонија1 ден

Притвор за шестмината приведени во акцијата со марихуана

Скопскиот кривичен суд определи 30-дневен притвор за шестмината осомничени за шверц на марихуана кои пред два дена беа приведени во...

Македонија1 ден

Првачињата ќе учат по нова наставна програма

На предлог на Бирото за развој на образованието, во петокот Министерството за образование и наука ги усвои новите наставни програми...

Македонија1 ден

Трајче Заев: Комбето не е во сопственост на фирма на Заеви, јас сум на службено патување

Трајче Заев – братучед на премиерот, Зоран Заев, ги отфрла обвинувањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, за негова поврзаност со акцијата на...

Македонија1 ден

Во болниците се лекуваат 1.699 пациенти со коронавирус, има 340 празни болнички кревети

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и...

Македонија1 ден

(Видео) Милошоски: Македонски пасоши се делеле и на борци на ИСИС

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини дека македонски пасоши се делеле и на борци на ИСИС, откако стана извесно дека над 200 македонски...

Свет1 ден

Јужна Кореја со „Астра зенека“ ги вакцинира лицата помеѓу 30 и 60 години

Јужна Кореја продолжува со вакцинацијата на лица под 60-годишна возраст со вакцината на „Астра зенека“. Корејската агенција за контрола и...

Македонија1 ден

Утре ќе се вакцинираат новинарите над 40 години

Вакцинацијата на новинарите и медиумските работници кои се пријавија на повикот и кои ги исполнија условите за да влезат во...

Европа2 дена

Малолетник со македонско потекло уапсен во Виена, се заканувал со тероризам оти Курц не му одговорил на пораките

Aвстриската полиција уапси 15-годишен Австриец со македонско потекло за закана за терористички напад во центарот на Виена, пренесе „Танјуг“. Малолетникот се...

Македонија2 дена

Филипче: До колективен имунитет само со вакцинација на голем број граѓани

Процесот на имунизација е пред нас и само со вакцинација на голем број граѓани ќе успееме да стекнеме колективен имунитет,...

Македонија2 дена

Нови 1.092 случаи на заразени, починаа 32, а оздравеа над 2.000 лица

Во последните 24 часа се направени 5.569 тестирања, а регистрирани се 1.092 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 452,...

Досие