Македонија
17 нови случаи на голема кашлица во последната недела, сите се од Скопје

За 17 е зголемен бројот на заболени од голема кашлица изминативе седум дена.
Директорот на Институтот за јавно здравје, Шабан Мемети, вели дека сите 17 новозаболени се од Скопје, а со нив вкупната бројка на заболени од голема кашлица се искачи на 39.
Минатата недела, заклучно со 8 февруари, Институтот за јавно здравје имаше регистрирано вкупно 22 случаја на заболени од голема кашлица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„За само 6 месеци ги покачивме пензиите на над 330.000 пензионери за 5000 денари“, велат од Владата

„На сметките на пензионерите легна покачувањето на пензиите од 2500 денари. Со ова покачување, вкупното линеарно зголемување на пензиите достигнува 5.000 денари, откако првото зголемување беше со септемвриската пензија и сега со мартовската пензија.Ова е втор раст на пензиите за само 6 месеци“, велат од Владата.
„Имено, дека Владата се грижи за пензионерите покажува тоа што уште првата недела од мандатот донесе одлука за линеарно покачување на пензиите на сите пензионери за 5000 денари, со септемвриската и мартовската пензија.
Ветивме и исполнивме. Владата ги покачи пензиите за 5000 денари, линеарно за секој пензионер.
Владата покажа дека се грижи и работи одговорно и посветено.
Пензионерите заслужуваат достоинствен живот и вистинска грижа за нивните потреби.
Со ова како Влада го исполнивме едно од ветувањата за најстарата категорија на граѓани и обезбедивме поквалитетен живот за нив.
Продолжуваме посветено да работиме за подобрување на животниот стандард на граѓаните“, се наведува во соопштението на Владата.
Македонија
СДСМ Аеродром: Излевањето на Маркова река е опомена, ВМРО-ДПМНЕ заборави на уредувањето на нејзиното корито

Излевањето на Маркова река пред само неколку часа ги спречи жителите на Горно и Долно Лисиче да стигнат со своите домови преку патот кој ги поврзува. Минувањето преку мостот на Маркова река на овој потег ја доведува во прашање безбедноста на граѓаните кои го секојдневно го користат овој мост. Излевањето е последна опомена на природата, велат од СДСМ Аеродром.
Според нив, проширувањето на мостот и уредувањето на коритото на Маркова река помеѓу Горно и Долно Лисиче биле дел од приоритетните ветувања на Дејан Митески и Тимчо Муцунски пред четири години.
„Покрај проширувањето на мостот Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ ветуваа и дека „кејот на Маркова река“ ќе го направат „за уживање“. Трим патека, велосипедска патека и урбана опрема по должината на „кејот“ требаше „да го заживеат“ овој дел од Аеродром. Наместо тоа добивме поплавени имоти на жителите на Горно и Долно Лисиче, целосен прекин на сообраќајот и страв и несигурност од поголеми штети. Јавно го прашуваме в.д. градоначалникот Дејан Митески: Зошто 4 години нема ни „п“ од проширување на мостот и ни „к“ од кеј на Маркова река? Кога последен пат е исчистено коритото на Маркова река? Колку казни се изречени во последните 4 години за фрлање ѓубре и отпад во коритото на Маркова река? До кога планирате да ги манипулирате жителите на Горно и Долно Лисиче со разни нереални ветувања како кеј со трим патека, велосипедска патека и урбана опрема по должината на Маркова река? Заборавивте ли дека ВМРО-ДПМНЕ традиционално има најмногу гласови на сите избори токму во Горно и Долно Лисиче?“, се наведува во реакцијата.
Од СДСМ Аеродром го повикуваат в.д. градоначалникот Дејан Митески итно да се зафати со чистење и уредување на коритото на Маркова река со цел да се избегнат поголеми катастрофи и итно да испрати тимови на терен кои ќе направат процена на штетата и да ги разгледа сите можности за обесштетување на граѓаните чии имоти беа поплавени вечерва.
„Крајно време е ВМРО-ДПМНЕ да си понесе одговорност за неодговорното и недомаќинско управување со Општина Аеродром. Дејан Митески и Тимчо Муцунски и начинот на кој тие управуваат со Општина Аеродром се главниот проблем во Аеродром, не системот, не природните катастрофи. Митески и Муцунски со нивната неодговорност и негрижа се директно одговори за последиците од излевањето на Маркова река“, велат од СДСМ Аеродром.
Македонија
Од денеска нова авионска линија Скопје-Париз (Орли)

Од денеска, Скопје и официјално директно се поврзува со Париз преку новата авиолинија Скопје – Париз. Утрово на Меѓународниот аеродором Скопје се реализираше првиот лет од Париз и тоа од аеродормот Орли до Скопје на авиокомпанијата Изиџет.
Линијата ќе се реализира два пати неделно и истата е воведена како резултат на финансиската подршка што ја овозможи Владата преку Министерството за транспорт преку Програмата за воведување на нови дестинации.
Согласно договорот, авиокомпанијата Изиџет оваа линија ќе ја оперира од денеска – 2 април па се до 31 декември 2027 година со однапред определен ред на летање.
„Ова е уште една можност за подобра комуникaција и поврзување на Македoнија со европските земји и европските метрополи. Париз е атрактивна дестинација за патување, но уште поважно е дека туристи ќе носиме во Македонија. Како Влада создаваме услови со кои привлековме нови авиокомпании во Македонија и резултатите веќе се видливи. Осум нови дестинации од аеродромот во Скопје и две од аеродромот во Охрид се воведени за многу краток период. Го променивме целосно моделот на субвенционирање и наместо за заминување, даваме финансиска подршка за патници во доаѓање затоа што целта е што повеќе луѓе да доаѓаат во Македонија а тоа значи дека ќе користат и други услуги во земјава и ова е стартегија која ја применуваме од самиот почеток и која ни дава конкретни резултати. Веќе преговараме со други авиокомпании и мислам дека сме на добар пат да постигнеме договор за нови дестинации“, истакна вицепремиерот Николоски.
Линијата Скопје-Париз е дел од договорот за финансиска поддршка за воведување на нови авиолинии што го реализира Министерството за транспорт преку јавен повик за субвенционирање.
Од Скопје, освен Париз, се воведуваат и линиите кон Дубаи, Штутгарт, Лион, Барселона, Женева и Амстердам, а од Охрид кон Истанбул и Басел.
Согласно Програма за финансиска подршка 2025-2027 година донесена од страна на Владата, предвидени се 360 милиони денари за субвенции за воведување на нови авиолинии.
Оваа Програма има за цел да да го унапреди авиосообраќајот, да се обезбедат нови дестинации преку поволни услови за патување за граѓаните како и развој на цивилното воздухопловство.