Македонија
17 починати лица, регистрирани 476 новoзаболени од коронавирус
Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се 2.781 тест, а регистрирани се 476 нови случаи на Ковид-19:
Скопје – 270, Прилеп – 25, Куманово – 24, Битола – 21, Кавадарци и Кичево – по 18, Гевгелија – 16, Велес – 13, Тетово – 12, Гостивар – 9, Неготино – 8, Охрид – 7, Струга и Крива Паланка – по 5, Кочан – 4, Радовиш и Кратово – по 3, Струмица, Берово, Богданци, Демир Хисар и Демир Капија – по 2, Ресен , Дебар, Пробиштип , Крушево и Македонска Каменица – по 1.
Од вкупниот број позитивни (476), регистрирани се 68 реинфекции.
Регистриран сe 524 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 318, Кавадарци – 28, Велес – 23, Куманово и Струмица – по 22, Тетово – 18, Охрид – 13, Гостивар и Гевгелија – по 11, Неготино, Радовиш и Дебар – по 7, Штип и Струга – по 6, Свети Николе и Валандово – по 4, Демир Капија – 3, Кочани, Крива Паланка , Пробиштип и Богданци – по 2, Прилеп, Делчево, Берово, Кратово, Пехчево и Дојран – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица: 3 од Скопје (62, 64 и 74) и по едно од Куманово (78), Радовиш (71), Кочани (82), Битола (73), Кавадарци (47) и Прилеп (86). Од пријавените лица, сите се починати во болнички услови.
Во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, дополнително се пријавени 8 починати лица од: Скопје (3), Куманово (1), Велес (1), Демир Хисар (1), Струмица (1) и Дебар (1). Починатите лица се на возраст од 63 до 89 години. Лицата за починати се пријавени во периодот од 16.2. до 27.2.2022. Од пријавените лица, три се починати во домашни услови, а пет во болнички услови.
Од вкупниот број починати лица, кај 17 лица се регистрирани коморбидитети.
Направени се 2.781 тест преку: ИЈЗ – 313, ЦЈЗ Скопје – 50, ЦЈЗ Битола – 56, ЦЈЗ Прилеп – 38, ЦЈЗ Тетово – 3, ЦЈЗ Куманово – 73, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 0, Судска медицина – 2, лабораторија во болницата во Козле – 17, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ „8 Септември“ – 0, Институт за микробиологија – 9, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 51, „Авицена“ – 94, „Биотек“ – 161, „Систина“ – 93, лабораторија „Лаор“ – 59, „Синлаб“ – 12, „Ремедика“ – 17, „Плодност“ – 21, „Генеа“ – 7, „Никоб лаб“ – 218, „ВФВ медикал“ – 41, „Ели медика“ – 35, „Ројал медика“ – 15, „Спектра-ММ“ – 15, „Рапид лаб“ – 8, „Жан Митрев Струмица“ – 6, „Нова лаб дијагностика“ – 4, „Рамус“ – 24, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.339.
Досега во земјата се направени вкупно 1.893.409 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 297.738, бројот на оздравени пациенти е 285.280, на починати е 9.027 а бројот на активни случаи изнесува 3.431.
Според епидемиолошките анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 138.652, Активни 1.840
Куманово 16.158, Активни 153
Битола 14.288, Активни 211
Прилеп 13.577, Активни 173
Тетово 13.372, Активни 87
Кавадарци 10.142, Активни 130
Велес 9.439, Активни 147
Гостивар 9.370, Активни 51
Охрид 8.520, Активни 79
Струмица 7.912, Активни 49
Штип 7.892, Активни 44
Кичево 5.427, Активни 92
Кочани 4.956, Активни 22
Струга 4.627, Активни 42
Гевгелија 4.243, Активни 65
Неготино 3.627, Активни 38
Свети Николе 2.600, Активни 13
Ресен 2.588, Активни 33
Радовиш 2.470, Активни 20
Крива Паланка 2.366, Активни 29
Делчево 1.896, Активни 13
Берово 1.712, Активни 6
Дебар 1.626, Активни 20
Валандово 1.464, Активни 4
Виница 1.362, Активни 1
Пробиштип 1.251, Активни 4
Богданци 1.002, Активни 18
Кратово 926, Активни 8
Крушево 892, Активни 9
Демир Хисар 825, Активни 10
Македонски Брод 696, Активни 7
Демир Капија 564, Активни 9
Македонска Каменица 521, Активни 3
Пехчево 454, Активни 1
Дојран 321, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Уапсени возачи од Скопје и Куманово, возеле без возачка, одземени им се возилата
Полицијата уапси двајца возачи од Скопје и Куманово, возеле без положен возачки испит, одземени им се возилата.
Попладнево во 12:40 часот на патот Куманово-с. Липково, полициски службеници го лишија од слобода Ш.А.(31) од Куманово. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кумановски регистарски ознаки, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. Ш.А. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено.
На 03.02.2026 во 13:00 часот на улица „Јустинијан први“ во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода И.Џ.(20) од Скопје. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. И.Џ. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено.
По документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од КЗ.
Македонија
Партиите со осуда за нападот врз новинарот Видиновски
Политичките партии го осудија нападот врз новинарот Александар Видиновски.
„Ги осудуваме нападите врз новинарот Александар Видиновски, кои се последица на бугарскиот национализам и шовинизам. Нападот врз новинарот Видиновски е напад врз слободата на говор и врз медиумите, од страна на структури кои разгоруваат омраза, а се мотивирани од бугарскиот национализам. Сите напади како овој врз новинарот Видиновски го разјадуваат општеството и ја подгреваат омразата, и мора веднаш да престанат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Осуда стигна и од ЛДП.
„Либерално-демократската партија (ЛДП) најостро го осудува однесувањето на онлајн насилниците со коментари исполнети со говор на омраза кон новинарот на Канал 5, Александар Видиновски. Ваквиот начин на изразување и на воспоставување дијалог не е воопшто соодветен за било кое демократско општество. Ја изразуваме нашата поддршка за Видиновски, бараме независното новинарство да остане независно од секакви влијанија и бараме брза реакција на институциите за расчистување на случајот“, велат од ЛДП.
Македонија
Македонија и ОАЕ потпишаа Меморандум за размена на искуства во областа на развојот и модернизацијата на владата
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Дубаи оствари билатерална средба со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан, во чии рамки беше потпишан Меморандум за разбирање меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетите Арапски Емирати за размена на искуства во областа на развојот и модернизацијата на владата.

„Со Меморандумот се воспоставува институционална рамка за систематска соработка насочена кон унапредување на јавните политики, јакнење на административните капацитети, дигитална трансформација и примена на иновативни модели на управување“, соопштија од МНР.
Од таму додаваат дека потпишувањето на документот отвора нови можности за размена на знаења, експертиза и добри практики, како и за реализација на заеднички активности и проекти во области од заемен интерес, со цел зголемување на ефикасноста и квалитетот на владините услуги.
На средбата станало збор и за можноста за воспоставување директна авиолинија меѓу Скопје и Обединетите Арапски Емирати. Воедно бил направен сеопфатен преглед на билатералните односи, при што биле разгледани можностите за нивно натамошно продлабочување. Посебен акцент бил ставен на унапредувањето на политичката соработка, јакнењето на економските врски и интензивирањето на трговската размена меѓу двете земји.
Двете страни ја потврдиле заедничката определба за натамошно зајакнување на партнерските односи и развој на конкретни иницијативи кои ќе придонесат за одржлив економски раст, институционална ефикасност и продлабочена соработка меѓу Република Северна Македонија и Обединетите Арапски Емирати.

