Македонија
17 починати лица, регистрирани 493 нови случаи на Ковид-19
Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа биле направени 2.911 тестирања, а регистрирани се 493 нови случаи на Ковид-19:
Скопје – 200, Битола – 53, Куманово, Велес и Прилеп – по 23, Кавадарци – 20, Кочани – 19, Штип – 17, Тетово – 13, Делчево – 12, Гевгелија и Неготино – по 10, Демир Хисар – 8, Струмица – 7, Берово и Богданци – по 6, Гостивар, Охрид и Крива Паланка – по 5, Радовиш и Ресен – по 4, Пробиштип, Валандово и Кратово – по 3, Кичево, Струга, Виница и Македонска Каменица – по 2, Свети Николе, Македонски Брод и Пехчево – по 1 лице.
Регистрирани сe 532 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 232, Битола – 44, Кавадарци -29, Кочани – 23, Велес – 22, Прилеп – 20, Тетово – 16, Куманово – 15, Крива Паланка – 14, Ресен – 12, Штип и Делчево – по 10, Охрид, Гевгелија и Берово – по 8, Гостивар и Радовиш – по 7, Кичево, Неготино и Пробиштип – по 6, Свети Николе и Демир Хисар – по 5, Валандово – 4, Струга и Дебар – по 3, Виница, Кратово, Богданци и Пехчево – по 2, Дојран – 1 лице.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 17 починати лица: 4 од Куманово (62, 64, 78 и 93), 3 од Прилеп (73, 76 и 79), по 2 од Скопје (72 и 91), Велес (76 и 80) и Кавадарци (57 и 71) и по едно починато лице од Битола (78), Делчево (41), Крива Паланка (79) и Ресен (71). Од пријавените лица, шеснаесет се починати во болнички услови, а едно во домашни услови.
Дополнително, во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се 6 починати лица со датум на смрт од 28.10.2021 до 5.11.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (4), Велес (1) и Прилеп (1). Починатите лица се на возраст од 43 до 97 години, од кои 4 лица се починати во домашни услови, а 2 во болнички услови.
Направени се 2.911 теста преку: ИЈЗ – 302, ЦЈЗ Скопје – 59, ЦЈЗ Битола – 71, ЦЈЗ Прилеп – 39, ЦЈЗ Тетово – 61, ЦЈЗ Куманово – 50, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 0, Судска медицина – 0, лабораторија во болницата во Козле – 11, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ „8 Септември“ – 0, Институт за микробиологија – 159, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 56, „Авицена“ – 106, „Биотек“ – 132, „Систина“ – 46, лабораторија „Лаор“ – 80, „Синлаб“ – 14, „Ремедика“ – 16, „Плодност“ – 53, „Генеа“ – 7, „Никоб лаб“ – 204, „ВФВ медикал“ – 26, „Ели медика“ – 25, „Ројал медика“ – 8, „Спектра-ММ“ – 10, „Рапид Лаб“ – 1, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.375.
Досега во земјата се направени вкупно 1.439.606 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 210.938, бројот на оздравени пациенти е 195.157, на починати е 7.390, а бројот на активни случаи изнесува 8.391.
Според епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 92.144, активни 3.804
Куманово 12.709, активни 321
Тетово 11.251, активни 193
Прилеп 9.940, активни 423
Битола 8.236, активни 667
Гостивар 8.054, активни 46
Велес 7.163, активни 368
Кавадарци 6.724, активни 324
Штип 6.460, активни 230
Охрид 6.315, активни 243
Струмица 5.994, активни 122
Кичево 4.195, активни 93
Струга 3.877, активни 55
Кочани 3.870, активни 232
Гевгелија 2.714, активни 152
Неготино 2.517, активни 95
Свети Николе 2.077, активни 71
Крива Паланка 1.827, активни 157
Радовиш 1.685, активни 81
Ресен 1.667, активни 83
Дебар 1.453, активни 0
Берово 1.342, активни 62
Делчево 1.307, активни 125
Виница 1.134, активни 48
Пробиштип 1.097, активни 51
Валандово 888, активни 28
Кратово 734, активни 77
Богданци 623, активни 33
Демир Хисар 575, активни 89
Крушево 574, активни 27
Македонски Брод 484, активни 5
Демир Капија 419, активни 10
Македонска Каменица 390, активни 57
Пехчево 340, активни 14
Дојран 159, активни 5
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
,,Реформска агенда и европски пат“: Владата го презентираше напредокот пред ЕУ амбасадорите
Во рамки на брифингот посветен на следењето на напредокот во спроведувањето на Реформската агенда, што се одржа во Владата, а на кој присуствуваа членовите на Владата, амбасадорите на Европската Унија и претставници на меѓународната заедница, беше направен детален осврт на досегашните резултати и идните приоритети во клучните реформски области.
На настанот, свое обраќање имаше и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, која се осврна на активностите и резултатите на Министерството во делот на праведната транзиција, пазарната интеграција и унапредувањето на енергетската политика во согласност со европските стандарди.
Министерката информираше дека управувачките структури предвидени со Патоказот за праведна транзиција се целосно функционални и дека е успешно усвоен Годишниот план за имплементација за 2026 година, усогласен со стратешките документи и инвестициските приоритети на Владата.
Посебен акцент беше ставен на донесувањето на новиот Закон за енергетика, со кој државата направи значаен исчекор кон целосна усогласеност со Пакетот за интеграција на електричната енергија на Енергетската заедница, како и на напредокот во подготовката на подзаконските акти од страна на АД МЕПСО.
Во своето обраќање, министерката ја истакна и институционалната подготвеност на операторите за практична имплементација на европските пазарни механизми, како и меѓународното признание преку членството во Italian Working Border Table.
Во делот на социјалната димензија, беше потенцирано дека Министерството активно спроведува мерки за заштита на ранливите потрошувачи, со донесена методологија за мерење на енергетската сиромаштија и обезбедена поддршка за илјадници домаќинства.
Дополнително, министерката информираше за усвојувањето на Тригодишниот план за реновирање на објектите на централната Влада. Постигнатите резултати, како што беше истакнато, претставуваат јасна потврда за посветеноста на институциите кон успешна енергетска транзиција, пазарна интеграција и одржлив развој, во интерес на граѓаните и економијата.
Како што најави премиерот Христијан Мицкоски, редовно ќе се одржуваат циклус на средби, односно брифинзи со претставници на земјите членки на Европската унија, кои што се резидентни во нашата земја, се со цел да се информираат меѓународните претставници во однос на реализираните чекори на Реформската агенда.
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ќе продолжи со одговорно и транспарентно спроведување на реформите, во тесна соработка со Владата, институциите и меѓународните партнери, со цел обезбедување сигурен, модерен и праведен енергетски систем, додаваат од таму.
Македонија
Минчев: Законот за општа управна постапка е еден од најзначајните системски закони во македонската легислатива
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска се обрати на промоцијата на публикацијата „Коментар на Законот за општата управна постапка“, која претставува значајно стручно дело од областа на управното право и практичната примена на Законот за општата управна постапка (ЗОУП).
Во своето обраќање, министерот Минчев истакна дека ЗОУП е еден од најзначајните системски закони во македонската легислатива, бидејќи ги уредува односите меѓу граѓаните и јавната администрација во сите фази од животот, како и работата на сите државни органи и институции со јавни овластувања.
„Коментарот на Законот за општата управна постапка претставува неопходна практична алатка за службениците во јавната администрација, која придонесува кон законита, стручна и предвидлива примена на законот и ја зајакнува правната сигурност на граѓаните“ истакна министерот Минчев.
Тој ја нагласи и посебната вредност на публикацијата, која е резултат на заедничка работа на еминентни теоретичари и практичари од областа на управното право, и упати честитки до авторите и издавачот за вложениот труд и професионалност.
Министерството за јавна администрација ја поддржува и ја препорачува публикацијата за широка употреба во јавната администрација, како значаен придонес кон унапредување на квалитетот на управните постапки и услугите кон граѓаните, велат од таму.
Македонија
Љутков на Меѓународниот саем за туризам ЕМИТТ во Истанбул
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, и националниот координатор за туризам, Аккан Махмут, присуствуваа на свеченото отворање на 29-тото издание на Меѓународниот саем за туризам ЕМИТТ, кој од 5 до 7 февруари се одржува во Истанбул, Република Турција.
Во рамките на саемот, Љутков оствари средба со претседателот на Турската асоцијација на туристички агенции (ТУРСАБ), Фируз Багликаја, на која се разговараше за унапредување на туристичката соработка, развој на заеднички туристички производи и културни рути, како и промоција на културниот и креативниот туризам меѓу Македонија и Турција. Инаку, досегашната континуирана соработка со ТУРСАБ е насочена кон промоција на нашата земја како туристичка дестинација и развој на туристички бизнис-релации.
Турција е еден од најзначајните туристички пазари за нашата земја, со над 500 илјади остварени ноќевања минатата година од туристичките посети. Македонската туристичка понуда веќе 15 години континуирано е претставена на Саемот за туризам во Истанбул, кој е една од највлијателните туристички изложби во регионот и пошироко. Секоја година обединува околу 30 000 туристички професионалци и љубители на патувањата, и е платформа за промоција на дестинации, туристички производи и нови можности за соработка.
Оваа година, Саемот се одржува во „Експо-центар Истанбул“ (IFM), со учество на над 656 изложувачи од 109 земји и присуство на околу 660 туроператори, што дополнително го потврдува неговото значење како клучен меѓународен настан за развој на туристичката индустрија.

