Македонија
176 новозаразени со ковид, починале две лица
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 13.05 до 15.05.2022):
Направени се 2.674 тестови, а регистрирани се 176 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 106, Битола – 26, Прилеп – 7, Штип и Ресен – по 5, Куманово, Кавадарци и Охрид – по 4, Гостивар и Кочани – по 3, Кичево и Берово – по 2, Велес, Струга, Гевгелија, Крушево и Демир Хисар – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (176), регистрирани се 31 реинфекции.
Регистрирани сe 275 оздравени пациенти од: Скопје – 111, Битола – 70, Прилеп – 16, Охрид – 10, Кавадарци и Гостивар – по 8, Куманово – 7, Велес и Штип – по 6, Кичево, Тетово и Струмица – по 5, Ресен и Неготино – по 4, Гевгелија – 3, Виница – 2, Кочани, Струга, Делчево, Богданци и Дојран – по 1.
Во текот на изминатите 3 дена (од 13.05 до 15.05.2022), нема пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој термин дополнително регистрирани се 2 починати лица од Скопје (72г и 83г). Едно лице е починато во домашни и едно во болнички услови. Лицата за починати се регистрирани во период од 25.04.-26.04.2022 година.
Направени се 2.674 тестови преку: ИЈЗ-229, ЦЈЗ Скопје-153, ЦЈЗ Битола-92, ЦЈЗ Прилеп-35, ЦЈЗ Тетово-20, ЦЈЗ Куманово-39, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–4, ГОБ 8 Септември-0, Институт за микробиологија–108, Жан Митрев (Филип Втори)-61, Авицена-70, Биотек-113, Систина-77, лабораторија Лаор-65, Синлаб-6, Ремедика-16, Плодност-53, Генеа-19, Никоб лаб-208, ВФВ Медикал-37, Ели медика плус-33, Ројал медика–10, Спектра-ММ-8, Рапид лаб–23, Жан Митрев Струмица–4, Нова лаб дијагностика–4, Рамус-7, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 1.180.
Досега во земјата се направени вкупно 2.038.551 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 310.859, бројот на оздравени пациенти е 301.035, на починатите 9.291, а бројот на активни случаи изнесува 533.
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Скопје 146175 300
Куманово 16657 11
Битола 15553 70
Прилеп 14191 21
Тетово 13468 6
Кавадарци 10670 19
Велес 9782 6
Гостивар 9600 7
Охрид 8885 22
Струмица 8071 3
Штип 8042 11
Кичево 5636 5
Кочани 5087 8
Струга 4724 5
Гевгелија 4415 5
Неготино 3687 4
Ресен 2739 11
Свети Николе 2626 2
Радовиш 2530 1
Крива Паланка 2415 2
Делчево 1983 3
Дебар 1674 0
Берово 1665 5
Валандово 1488 0
Виница 1393 0
Пробиштип 1267 0
Богданци 1022 1
Кратово 966 1
Крушево 927 1
Демир Хисар 836 3
Македонски Брод 736 0
Демир Капија 593 0
Македонска Каменица 523 0
Пехчево 486 0
Дојран 347 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се оддалечуваме од Европа поради политиките на власта, му рекол Филипче на известувачот Томас Вајц
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска одржал состанок со постојаниот известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц. На состанокот, како што информираа од партијата, станало збор за актуелната политичка состојба и за евроинтеграцискиот процес на државата.
Филипче изразил благодарност за ангажманот на ивестувачот на ЕП, Вајц, во следењето на процесот, како и за поддршката на Европската Унија и Европскиот Парламент за европската перспектива на нашата држава.
„На средбата, Филипче посочи дека статусот во кој се наоѓа евроинтеграцискиот процес на Македонија е сериозно загрижувачки, реформската агенда е закочена, реформите не се спроведуваат, а власта не покажува волја за продолжување на европскиот пат. Тој додаде дека наместо напредок кон европскиот пат, државата поради политиките на власта се соочува со стагнација, блокирани реформи и политики кои ја оддалечуваат државата од европските стандарди“, велат од СДСМ.
Филипче нагласил и дека европската интеграција за Македонија значи процес што го зајакнува владеењето на правото, гради функционални институции и обезбедува подобар живот за граѓаните, а Македонија заслужува да се движи напред, а не да губи време и да остане изолирана.
Воедно, Филипче порачал дека СДСМ останува цврсто посветена на европските вредности и реформи, бидејќи иднината на Македонија во Европската Унија, тоа е клучот за подобра, праведна, просперитетна и напредна држава, за подобра иднина за сите граѓани.
Македонија
За возачка дозвола доволно е завршено основно образование, рече Јаневска по протестите
Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека за полагање возачки испит е потребно најмалку завршено основно образование, нагласувајќи дека државата обезбедува можности.
„Образованието е бесплатно и за оние што ја надминале возраста, така што до 29 години тие преку Центарот за образование добиваат едукација. Сме имале и проекти со наши странски партнери преку кои Ромите што биле заинтересирани да го дополнат своето образование добиле некаква едукација соодветна на барањата на пазарот на трудот, нивните лични потреби итн“ рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање. Додаде и дека Министерството финансира околу 40 ромски медијатори со цел зголемување на опфатот и редовното присуство на ромските деца во училиштата.
Изјавата доаѓа по протестите на граѓани кои побараа ослободување од обврската за полагање возачки испит бидејќи немаат неопходен степен на образование, а автомобилите им се неопходни.
Македонија
Дожд и облаци утре, постудено на почетокот на следната седмица
Времето утре ќе биде променливо облачно. Во западните делови ќе има врнежи од дожд, а попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени, најавува УХМР.
Утре ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен слаб дожд освен во западните делови каде што ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат со пообилен интензитет (над 15 l/m²). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Нови врнежи ќе има во недела и почетокот на следната седмица кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег.

