Македонија
Доделени наградите за истражувачко новинарство на МИМ

На конкурсот „Најдобра истражувачка сторија за 2008 година“ организиран од МИМ се пријавиле 45 новинари и редакции, со 60 истражувачки стории. Меѓу наградените е и новинарот Атанас Кировски, за текстовите на тема „Македонски идентитет“, објавени во магазинот Форум.
Првата награда на конкурсот ја делат Сузана Тасева за сторијата „Окованото момче од Ангелски“, објавена на А1 телевизија и Марјан Николовски за сторијата „Хотел Изгрев“, објавена на ТВ Сител и во весникот Вечер. Втората награда ја доби Наташа Бошковска за текстот „Храна на македонските пазари“, објавен во весникот Нова Македонија, а третата ја добија Бардуљ Заими и Урим Хасипи за натписот „Пиратерија“, објавена во весникот Факти. Оваа година во МИМ на конкурсот се пријавиле новинари со голем број квалитетни стории, поради што беа доделени пофалници на новинарите Владимир Тевчев за случајот „Топилница“ објавен на ТВ А1 и во весникот Време, Весна Коловска за радио-сторијата за „Ромските деца на улица“ објавена на радиото Канал 77, Мери Јордановска, за текстовите на тема „Империјата на Софрониевски и на Антиќ“, објавени во весникот Нова Македонија и Атанас Кировски, за текстовите на тема „Македонски идентитет“, објавени во магазинот Форум. Комисијата ги истакна емисијата Код и весникот Нова Македонија како проект и редакција кои особено придонесуваат кон унапредување на истражувачкото новинарство во Македонија. За наградените и пофалените одлучуваше независна комисија составена од Сашо Кокаланов, главен и одговорен уредник на дневниот весник Дневник, Бесим Илјази, главен уредник на Коха , Снежана Лупевска, заменик главен уредник во ТВ А2 , Борис Георгиевски, уредник во ТВ Алсат М и Столе Наумов, уредник во Канал 77. Наградата се доделува осма година по ред, а доделувањето и организацијата се целосно финансирани од МИМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Врнежи од снег и паднати дрвја на патот Никфорово-Леуново-Бунец, сообраќајот во прекин

На регионалниот пат Никфорово-Леуново-Бунец од 23:20 часот, сообраќајот е во прекин поради врнежи од снег и паднати дрва на коловоз, извести АМСМ.
Се интервенира за негово расчистување.
Во текот на денот и вечерва вработените од Ј.У.Н.П. „Маврово# со сопствена механизација, се вклучија во активностите за расчистување на паднатите дрва кои го отежнуваат движењето на автомобили по регионалниот пат Маврово – Дебар и околу Мавровското езеро.
Македонија
Петрушевски: Венко Филипче ти имаш фирми во Бугарија, на адреса со Заев каде се свртеа 9 милиони од јагленот од РЕК

„Вечерва Венко Филипче, пред 30-тина луѓе во мала сала во Кисела Вода, потрошил голем дел од својот говор за да ме навредува. Редно е да одговорам“, напиша на социјалните мрежи Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Венко, најмалку ти имаш право кој било да го обвинуваш за „лажење“ и „бугаризација“. Јас немам бугарски пасош, немам фирми во Бугарија и немам тајни зделки зад грбот на народот. Ајде еднаш биди искрен и признај дека токму ти си синоним за милионски шеми со фирми во Петрич, заедно со браќата!
Не мора на мене, туку на јавноста дај и одговори: Каде завршија 9 милиони евра од јагленот за РЕК Битола? Зошто на иста адреса во Петрич се појавуваат фирми на твоето семејство и на Вице Заев? Дали тие пари завршуваа во ваши фотоволтаични централи, додека народот го оставивте да плаќа скапа струја? Дали преку бугарски фирми финансирате бизниси по светот, додека Македонија ја потонавте во сиромаштија?
Ова се вистинските прашања, Венко.
Не лажи дека јас или Христијан Мицкоски имаме такви врски. Ние немаме ниту бугарски пасоши, ниту скриени фирми. Ние имаме чесна и чиста биографија.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се јасно определени за Македонија во ЕУ, но како достоинствена држава, без понижувања и без тргување со националните интереси.
Доста е од лицемерието Венко! На народот му е јасно дека додека си трупавте милиони преку Бугарија, граѓаните останаа со празни џебови“, вели Петрушевски.
Македонија
Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Од 19:45 часот на магистралниот пат Маврово – Дебар воведена е забрана за тешки товарни возила поради задржување на снег на коловоз, извести АМСМ.
Од 19.55 часот воведена е забрана за тешки товарни возила и за патниот правец Гостивар – Стража, додаваат од АМСМ.