Македонија
ФОРУМ и Free Time Guide Macedonia во ексклузивните продажни салони TOGETHER
Магазинот Форум и FTG Macedonia отсега можете да ги најдете на нови атрактивни локации, во продажните салони Together кои се лоцирани во по големите градови низ Република Македонија со 24/7 работно време.
Почнувајќи од март 2009 година, нашата компанија учествува во уникатниот концепт на продажните салони Together кои на купувачите им нудат единствена можност, на едно место да ги најдат сите производи од богатата понуда на TOBACCO, како и сите актуелни понуди на T- Mobile и T-Home за приватни и де ловни корисници. Од нејзиното формирање во 1990 г., па сèи до денес, компанијата TOBACCO внимателно го градеше својот бренд и успешно се позиционираше на македонскиот пазар во доменот на продажбата и услугите. Досега се отворени 10 (десет) салони во поголемите градови, а наскоро ќе бидат отворени и нови продажни салони во сите градови во Македонија, со 24- часовно работно време, секој ден во неделата. Ексклузивни партнери на продажните са лони Together се: T-Home, T-Mobile, НИД Форум плус, НЛБ Тутунска банка, Imperial Tobacco, Rovita Ronhill и Japan Tobacco. TOGETHER by TOBACCO
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви и местимично влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има во околините на Гевгелија, до 100 метри Струмица, Неготино и Сарамзалино и до 150 метри Демир Капија, извести АМСМ.
Сите патни правци во државата се проодни.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.
Македонија
Променливо облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Променливо облачно претпладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, а попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Утре ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен слаб дожд освен во западните делови каде што ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат со пообилен интензитет (над 15 l/m²). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Нови врнежи ќе има во недела и почетокот на следната седмица кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег.

