Македонија
Без визи и почеток на преговорите со ЕУ во 2009 г.
Усвоен е Извештајот за напредокот на Македонија, а проблемот со името е ставен во втор план. Се препорачува визна либерализација и почеток на преговорите до крај на 2009
Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент со 55 гласови за, 5 против и 1 воздржан го усвола Извештајот на холандскиот европратеник Ерик Мејер, во кој се следи напредокот на Република Македонија во процесот на приближување кон Европската Унија.КСпоред инфорамциите од Стразбур, најважно е што е постигната согласност меѓу сите партии и коалиции од Европскиот парламент сите амандмани поврзани со спорот со името да бидат отфрлени и заменети само со еден амандман во кој се вели дека проблемот со името набрзо ќе се реши откако двете страни го прифатија предлогот на посредникот Метју Нимиц од 19 февруари како појдовен текст за преговори. Името, според Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент, во никој случај не смее да биде пречка за приемот на Македонија во меѓународните организации.Од Секторот за евронтергации при Владата на Република Македонија, посебно го потенцираат заклучокот бр.4 со кој Европскиот парламент препорачува визна либерализација за сите граѓани на Република Македонија уште оваа година, како и заклучокот бр.10 со кој Европскиот парламент препорачува да се одреди датум за почеток на преговори за членство во ЕУ до крајот на 2009 г.Европратениците сметаат дека многу работи се имаат променето во Македонија и дека се работи по точките за кои таа беше критикувана. Европарламентарците ја пофалиле Македонија за спроведувањето на Охридскиот договор, за направените законодавни реформи, за зголемената грижа за малцинствата, но забележале за дискриминацијата на Ромите.Меѓу критиките испратени на сметка на Македонија е договорот склучен со САД за изземање на американските граѓани од јурисдикцијата на Меѓународниот суд од Хаг, што е во спротивност со нормите на ЕУ.
Европскиот парламент ќе го гласа Извештајот за Македонија
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

