Македонија
На плоштад Македонија се судрија противниците и поддржувачите на изградбата на црква на плоштадот
Во саботата напладен на централниот скопски плоштад Македонија, дојде до вербални и до помали физчкипресметки меѓу двете групи. едните носеа плакати со пароли другите икони
Околу пладне при одржувањето на протестот на младите архитекти и нивните поддржувачи, се појави и група на оние коишто спротивно од нив ја поддржуват изградбата на црквата на плоштадот на главниот град. Организторите на денешните протести сметаат дека црквата не се вклопува во архитектонската средина и сметаат дека таа би била голема и би го „затворила“ просторот на централнито скопски плоштад.Нивните противници, пак, сметаат дека црквата треба да се изгради,з атоа што според нив на тоа место порано постоела црква.На протестот од спротивната страна, во поддршка на урбанистичкиот план на општина Центар со кој се одобрува изградбата на црква учестуваа и црковни лица придружувани од стотитина верници.Во еден момент дојде до вербален дуел меѓу спротиставените, по штоп дојде и до физички контакти и со по некоја клоца и бокс. Полицијата која претходно беше присутна брзо гооневозможи проширувањето ан инциденто.Но организаторите на првичнито протестен собир, ја обвинуваат полициајта дека морала да реагира побрзо и правовремено.
Мал инцидент на плоштад Македонија на протестот против градење црква
Кој е вистинскиот виновник за инцидентот на плоштад Македонија?
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00-13:00 часот дел од улицата Архитект Сотир Томовски, општина Кисела Вода;
· од 09:00-11:00 часот корисниците од село Гврлево, општина Сопиште;
· од 09:00-15:00 часот корисниците на ул. 101 во населба Волково, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.

