Македонија
Хепенинг во организација на ВМРО-ДПМНЕ
Денес кај познатата Школка во Градскиот парк ВМРО ДПМНЕ организираше концерт за промоција на своите кандидати
Во трката пред вториот круг на претседателските и локални избори, владеачката партија ВМРО ДПМНЕ која има кандидат за претседател на државата, за градоначалник на Скопје и градоначалници на неколку скопски општини, во Градскиот парк во Скопје организираше концерт со дел од македонските естрадни ѕвезди-програмата ја водеше популарниот глумец Сашо Коцев, а од пејачките ѕвезди настапија Ребека, Соња Тарчуловска, Гоце Арнаудов, Џорле со неговата одлична виолина, а на аконцертот присуствуваше и раководството на партијата-вицепремиерот Зоран Ставревски,министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски, кандидатите за градоначалници Коце Трајановски на град Скопје, на општина Центар ВладимирТодоровиќ и на општина Кисела Вода, Марјан Ѓорчев, како и дел од пратениците на партијата.Хепенингот беше посетен и од кандидатот на валдејачката ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата Ѓорге Иванов, во придружба на министерот за надворешни работи Антонио Милошоски.Дружењето на кандидатите и министрите на ВМРО-ДПМНЕ со граѓаните, овојпат со мини концерт кај популарната „Школка“ во скопскиот Градски парк, е дел од новиот маркетинг на партијата за приближубвање и мотивирање на гласачите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.
Македонија
Мисајловски во Брисел: Македонија со НАТО-сојузниците за инвестициите и безбедносните приоритети
Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, денес ќе учествува на состанокот на ниво министри за одбрана на Северноатлантскиот совет на НАТО во седиштето на Алијансата во Брисел, Кралство Белгија.
Мисајловски заедно со колегите-министри за одбрана на сојузничките земји, за време на днешениот останок ќе дискутираат на повеќе теми меѓу кои и инвестициите во одбраната согласно последните одлуки од Самитот во Хаг, исполнување на целите на способност, зацврстувањето на одбраната, придонесот во операциите предводени од НАТО како и за актуелните безбедносни предизвици.

