Македонија
НАТО – основен приоритет на Македонија
Oсновен приоритет на Македонија останува зачленувањето во НАТО затоа што тоа не значи само да се биде дел од безбедносна организација, туку е, цивилизациска придобивка, порача денеска македонскиот Евроатлантски совет.
Од Евроатланскиот совет, повикуваат да се врати Македонија на стариот колосек, одма по изборите и да се пресмета што е најдобро за државата, соопштува МИА. “Повикуваме, по завршувањето на изборите, да се вратиме на стариот колосек и најбрзо да пресметаме што е добро за нас. Македонија мора да продолжи по тој пат, да се зачлени во Северноатлантската алијанса и да стане дел од демократскиот свет, рече Лазар Еленовски, претседателот на Советот на прес-конференцијата по повод 60 години од формирањето на НАТО.
Еленовски потсети дека, по 15 години Македонија е практично пред вратата на НАТО, но мора да поработи на обезбедувањето консензус околу македонско-грчкиот спор, кој се испречи на ланскиот самит во Букурешт, па Македонија не доби поддршка за прием.
„Остануваме на таа цел и мораме да направиме се граѓаните да ги одржиме во една кондиција за да можат тие и понатаму да сметаат дека треба да продолжат со активностите без алтернатива кон тоа што значи членство во НАТО“, изјави Исмет Рамадани.
Одговорајќи на новинарско прашање, Еленовски рече дека Евроатлантскиот совет не ги осудува денешните анти-НАТО протести во Скопје. “Тоа е демократско право на секој човек. Сепак, сметам дека членството во Алијансата е генерална придобвика, а клучните фактори во државата треба да ја детерминираат политиката, да го кажат главниот курс и да го диктираат темпото“, рече Еленовски.Евроатлантскиот совет на Македонија и натаму ќе работи на задржување на про НАТО расположението кај граѓаните, според потпретседателот Исмет Рамадани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

