Македонија
ЦУК: Координативно тело за следење на поплави

Центарот за управување со кризи смета дека треба да се почне со изготвување методологија за проценка на ризици од излевања и поплави, по штетите предизвикани од обилниот снег и дожд минатиот месец
На состанокот на ЦУК за справување со поплави одлучено е да биде формирано координативно тело, кое навремено ќе ги следи состојбите на теренот и ќе презема мерки за справување со проблемите.Центарот за управување со кризи, укажа и на потребата од дефинирање мапи со утврдени точки на ризик и околности, под кои можат да се случат излевања и поплави, изготвување на систем за следење на приливот на води и состојбата на водотеците и на водостопанската инфраструктура, заради рано предупредување и преземање на соодветни мерки за превенција. Исто така, потребно е да се изработат планови, интерни и интероперабилни стандардни оперативни процедури во доменот на следење, рано предупредување и справување со поплави. На денешниот состанок на ЦУК, и субјектите кои имаат свои овластувања и надлежности при поплави и излевања, директорот на Центарот, Панде Лазаревски, на присутните им ги претстави насоките по кои треба да се работи во наредниот период, за да не се дозволи повторување на проблемите, кои со години се присутни во таа сфера.Снежното невреме кое ја зафати Македонија во текот на минатиот месец, како и наглото топење на снегот и поројните дождови, предизвикаа излевања на локалните водотеци во повеќе региони на државата, како и поплавувања на дворни и обработливи површини, како последица на неисчистените канали во руралните средини. Исто така, кажано е дека улогата на државните инспекторати преку остварувањето на инспекцискиот надзор, заради превенција од нарушување на функцијата на водостопанската инфраструктура и утврдување на одговорноста на причинителите за предизвиканите штети во случај на излевања и поплави е голема. На средбата присуствуваа претставници од министерствата за земјоделство, шумарство и водостопанство, за животна средина и просторно планирање и за локална самоуправа, потоа ЗЕЛС, АД ЕЛЕМ и од Градежниот факултет во Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сиљановска-Давкова го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“.
На средбата, таа уште еднаш ја потврди својата определба за формирање на Совет за дијаспора, како политички исчекор во соработката меѓу државата и дијаспората. Во Советот, претседателката гледа институционален одговор на потребата од засилена и продлабочена комуникација со нашите иселеници во сите области.
Дурловски истакна дека примарна цел на Организацијата останува да биде промоцијата и заштитата на правата на Македонците во Канада, како и нивната интеграција во канадското демократско општество. За него, македонските корени се силна мотивација за поддршка на македонските национални интереси.
Соговорниците се согласија дека бројната македонска дијаспора може да биде фактор на зајакнување на канадско-македонските политички, економски, културни и други односи.
Македонија
Од утре авионско и терестрично прскање против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре ќе започне авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, а на 16 септември терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци и ларви од комарци, односно:
1. Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 12.09.2025 (петок) и на 13.09.2025 (сабота), во раните утрински часови.
2. Терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци и ларви од комарци ќе се одвива од 16.09.2025 (вторник) до 19.06.2025 (петок), во период од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, додаваат од Градот Скопје.
Исто така се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на Табановце за излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, додаваат од АМСМ.