Македонија
Реконструкција на регионалниот пат кај Драчево
Почна реконструкцијата на дел од регионалниот пат Илинден – Калуѓерец во должина од 19 километри, кај крстосницата меѓу патот за Драчево и патот за селото Батинци, што свечено го обележа Никола Груевски, премиерот на Македонија
Како дел од програмата за подобрување на патната мрежа, што е еден од основните предуслови да се обезбеди забрзан и ефикасен транспорт на стоки и патници низ земјава што е од особена важност на странските и домашните инвеститори при носење на нивната одлука да инвестираат во почна реконструкцијата на регионалниот пат П-104.“Модернизацијата на патната мрежа во овој дел на Република Македонија е долгогодишна потреба и одраз на развојните планови и просторниот план на државата уште од пред 20 години. Токму затоа денеска ми е задоволство што отпочнуваме со реконструкција на регионалниот пат Р-104 кој има големо значење за патната мрежа во северниот дел на Република Македонија“, рече премиерот Груевски.Реконструкцијата на оваа делница е дел од капиталниот проект за реконструкција и рехабилитација на 11 регионални патни правци кои Владата ги започна, со вчерашниот почеток на реконструкцијата на регионалниот пат Неготино – Лакавица.“Во рамките на овој проект, во наредните две недели, ќе започне реконструкција на уште девет патишта ширум нашата држава“, рече Груевски, за што Владата има обезбедено пари за реконструкција на повеќе стотици регионални и локални патишта до 2011 година. Патот, Р-104, ги поврзува општините Илинден, Кисела Вода, Сопиште, Зелениково, Студеничани и Македонски Брод, како и повеќе населени места.Наташа Волгановска, директорката на Агенцијата за државни патишта, вели дека на овој патен правец ќе се изврши надрградба на асфалтниот коловоз од крстосницата кај село Батинци до село Говрлево и надградба на патот кон Марков Манастир. “Со реконструкцијата ќе се олесни комуникацијата на жителите од населените места на патот со што значително ќе се зголеми безбедноста на движењето. Патот ќе се поврзе со новиот пат во Поречието чија градба почна пред неколку недели“, рече Волкановска.За реконструкцијата, која е дел од Програмата на Владата, обезбедени се 144 милиони денари. Градежните работи ќе бидат завршени во наредните пет месеци, а ќе ги ги изведува градежната фирма „Алпина Баот“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

