Македонија
При расправија скопјанец застрелан во главата
Вчера околу 17,30 часот во Скопје на улицата .„Јајце“ , по меѓусебна расправија скопјанец бил застрелан во главата, информира Министерството за внатрешни работи
Расправијата настанала меѓу 37-годишник кој изведувал градежни работи во кругот на основното училиште „Лирија“ и шеесет годишен жител од соседството. Во еден мононт во расправијата се вклучил и неговиот 23-годишен син, кој извадил пиштол и неколкупати стрелал во воздух. И тактото го зел пиштолот и тој испукал неколку куршуми а со еден куршум кој рикошетирал, работникот бил погоден во главата. Повредениот бил однесен во скопската Градската општа болница, каде за среѓа било констатирано дека е полесно повреден, односно имал гребнатинка од куршумот.Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје, а од Министерството за внатрешни работи информираат дека во тек се мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на неколку патни правци
Поради појава на магла се бележи намалена видливост до 100 метри на патниот правец Страцин – Кратово, од 30 до 50 метри на патниот правец Скопје – Тетово, од 50 до 100 метри на патните правци Велес – Скопје, Скопје – Велес и Куманово – Скопје.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 15:00 часот корисниците на улица Христо Татарчев 14 према објект со куќен број 30. (општина Кисела Вода)
Македонија
Меџити: Присуството на Спиропали во Чаир испрати јасна порака на политичка блискост, институционална поддршка и директно внимание кон Албанците во Северна Македонија
Во продолжение на официјалната посета во Скопје, градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити ја пречека Елиса Спиропали, министерка за Европа и надворешни работи на Република Албанија и во просториите на општина Чаир.
„Средбата се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера, при што беа разгледани актуелните регионални случувања, улогата на албанската дипломатија во зајакнувањето на сеалбанските врски, како и значењето на продлабочувањето на меѓуинституционалната соработка во функција на заедничките интереси“, велат од општина Чаир.

„Присуството на Спиропали во Чаир испрати јасна порака на политичка блискост, институционална поддршка и директно внимание кон Албанците во Северна Македонија.

Оваа средба го потврди заедничкиот интерес за зајакнување на соработката и институционалната координација, со фокус на развојот, интеграцијата и зачувувањето на вредностите што нè поврзуваат како држави и како народ“, соопштуваат од општина Чаир.

