Македонија
Секторот за урбанизам одреди приемни денови за граѓаните на Општина Аеродром

Сите оние кои имаат потреба од услугите на стручните служби во Секторот за комунални работи, урбанизам и заштита на животната средина, можат да дојдат во просториите на Општината во одреден термин за време на приемните денови на Секторот за урбанизам
Граѓаните ќе можат да побараат и да добијат услуги во понеделник и вторник во периодот од 08:30 до 09:30 часот, како и во четврток и петок во периодот од 15:30 до 16:30 часот.Ваквиот начин на работа се воведува во интерес на граѓаните, односно со цел да се овозможи навремено опслужување на граѓаните, како и поефикасно извршување на активностите на стручните служби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што СДС признава дека економијата заживува, БДП расте и инфлацијата, која во нивно време беше двоцифрена, се намалува

Добро е СДС уште еднаш призна дека по економскиот пустош кои тие го оставиле, македонската економија бележи раст. По слободниот пад на економијата кои тие го оставија, за нецела година власт на ВМРО-ДПМНЕ, се вратија позитивните трендови на раст на БДП, реагираат од владејачката партија на прес-конференцијата на Кристина Костова потпретседателка на СДСМ.
Додаваат дека трето тримесечје по ред, Македонија бележи раст на БДП за 3 или над 3%.
„Имајќи предвид каква економска состојба беше наследена, ова е повеќе од добар резултат којшто ги поставува основите за понатамошен раст и развој на економијата. Кога СДС, зборува и лие крокодилски солзи за инфлацијата, која постепено и таа се намалува и се става под контрола, ако заборавиле, ги потсетуваме дека за време на нивното владеење инфлацијата, која го јадеше стандардот на граѓаните, беше двоцифрена“.
Добро е велат од партијата на Мицкоски, што СДС со своите прес-конференции признава дека добро осмислените економските политики и мерки преземени и имплементирани од страна на Владата, даваат резултати. „Дека полека заживува економијата која тие ја оставија опустошена, дека расте БДП и се намалува инфлацијата, која во време на нивно владеење беше двоцифрена“.
Македонија
(Фото) МВР донесе „Проценка од закани од сериозен и организиран криминал – СОКТА 2025“ – стратешки документ за борба со организираниот криминал

Денеска на настан во организација на Министерството за внатрешни работи се одржа промоција на документот „Проценка од закани од сериозен и организиран криминал – СОКТА 2025“.
Овој настан организиран со поддршка од ЕУ за зајакнување на борбата против криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе за Западен Балкан (EU4FAST), претставува клучен чекор во унапредувањето на националните капацитети за справување со предизвиците поврзани со сериозниот и организираниот криминал.
Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев во своето обраќање потенцираше дека СОКТА 2025 претставува продолжение на стратешкиот циклус за проценка на закани, со цел утврдување на приоритети, како и креирање стратегии и зајакнување на институционалните и оперативните капацитети и потврди дека самиот документ ќе придонесе за поголема ефективност во превенцијата и борбата против криминалот преку сеопфатен, координиран и стратешки пристап.
„Борбата со организираниот и сериозниот криминал е предизвик кој заслужува внимание од сите чинители кои се надлежни и должни да постапуваат и да се борат против криминалот во овој домен. Токму ова е и целта на оваа Проценка, која претставува систематски изработен стратешки документ кој има за цел да ги детектира заканите од организиран и сериозен криминал, вклучувајќи ги и оние кои се реално присутни и заканувачки во овој период, како и оние кои се во настанување или може да се развијат во следниот период“, образложи директорот Јанев.
Директорот на БЈБ Јанев на крај заклучи дека Проценката е системска алатка за градење на Национална стратегија за борба против организираниот криминал, која е неопходно да биде донесена и како формален документ кој ќе биде основа и императив за постапување на сите чинители кои се вклучени во овој домен.
Македонија
(Видео) Костова: Тотален дебакл на Мицкоски во економијата, инфлацијата го изеде семејниот буџет

Се случува тотален дебакл на економски план, економската политика на владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е целосно промашена. Последните податоци на Државниот завод за статистика, покажуваат инфлација од 3,3%, вели Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ.
Овие бројки, според неа, не се само статистика, тие се, како што вели, реалноста во секој македонски дом, во секое македонско семејство.
„Сѐ е поскапено. Животот за граѓаните со ВМРО-ДПМНЕ стана „купи ден – помини“.
Инфлацијата го јаде семејниот буџет, платите, но и самиот економски раст.
Ова е уште една потврда дека фалбите за некаков раст на БДП или дека сме биле 4 та економија во Европа нема никаква врска со реалноста, тоа е една голема лага.
Прво Мицкоски излажа за растот на БДП, не е 3,4% како што рече тој, туку 3%.
Но, кога ќе се спореди со поголемата инфлација од 3,3%, значи не само што нема раст, туку е негативен“.
Затоа, додава таа, и куповната моќ на македонските граѓани во споредба со целиот регион е најмала.
Како што оценува, македонскиот БДП по жител, според куповната моќ, е само 42% од просекот на ЕУ, повисок просек од нашите граѓани има дури и земјите во регионот, Србија со 51%, Црна Гора со 53% и така натаму.
„Ова е тажната реалност. Животот во Македонија е неподносливо скап, народот има се помалку пари. Граѓаните преживуваат од ден за ден.
Купуваат се помалку, пресметуваат секој денар, одат во продавница со страв.
Наместо решенија и заштита на стандарот власта на ВМРО-ДПМНЕ реши да ги покачи платите ама само на функционерите.
За работниците – ништо, нема пари, власта има пари само за зголемивање на платите на фунционерите.
Без трошка срам министерката за финансии тврди дека повисоки плати ќе предизвикале инфлација“.
Ова, додава Костова, е врв на безобразие. Според неа, работниците не заслжуваат ваков однос, вакво понижување.
СДСМ, нагласи таа, бара итна промена на курсот, владата да преземе итни мерки за заштита на стандардот на граѓаните и да ги покачи платите на работниците.