Македонија
Царкњас ќе биде одликуван за долгогодишната работа
Архимандритот Никодим Царкњас – духовниот водач на Македонците во Грција, на Глобалната конференција на Обединетата македонска дијаспора, ќе биде одликуван за долгогодишниот придонес за верска слобода на македонската православна вера во Грција
Обединетата македонска дијаспора ќе го одликува архимандритот Никодим Царкњас, на церемонијата на 13 јуни, за долгогодишна борба и придонес во одбрана на слободата на македонската православна вера во Грација, што и денеска продолжува да биде оспорувана од владата на Грција и од грчката православна црква, соопштуваат од ОМД.Архимандритот Царкњас е калуѓер на правславната христијанска вера. Тој е граѓанин на Грција и е член на етничкото, македонско, национално малцинство во таа земја. Царкњас беше член на член на Грчката православна црква, единствената легална православна црква во Грција, од 1973 до 1991 година. Архимандритот Царкњас бил личен секретар на епископот Августин, во леринската епархија. Тој се спротивстави на намерата на епископот Августин за искоренување на македонските верски обичаи, што беа угнетувани од грчката влада, уште од завршувањето на Втората балканска војна во 1913 година. Откако отворено го искажа својот македонски идентитет во 1991 година, и почна на македонски јазик да им се обраќа на жителите на епархијата, тој беше избркан од црковната служба во леринската епархија. Тој ја исвршуваше истата служба во воденската епархија, но и од таму беше избркан. Во 1992 година, потполно беше избркан од службата во Грчката православна црква, по што стана член на македонската православна црква. Царкњас продолжува да се соочува со проблеми во својата духовна работа со македонското малцинство во Грција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

