Македонија
АЦВ ќе го тужи МАТ?!
Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) тврди дека и покрај пролонгирањето, МАТ не го извршил неопходниот ремонт на својот boeing иако рокот за тоа истекол ланмскито септември
Статусот на воздухопловот од тип boeing 737-500, произведен во 1991 г., со регистарска ознака Z3-AAH, во сопственост на авиокомпанијата Македонски Авиотранспорт (МАТ), од Агенцијата за цивилновоздухопловство информира дека (АЦВ) велат дека во скалд со барањата за одржување на воздухоплов од типот boeing 737 кои се пропишани од страна на неговиот производител Boeing Company во документот doc.d6-38278, било набележано „Corrosion Prevention and Control Program” со задачата бр. 32-204-01. Со тоа од авиокомпанијата се бара замена или обнова на ткн. носна нога на авионот заради истекување на рокот од десет години од последниот извршен ремонт или нејзина замена. За конкретниот авион на МАТ, во АЦВ посочуваат дека рокот истекол уште на 4-ти септември миантата 2008 г.АЦВ по барања на МАТ и препораките на Boeing доставени до МАТ, досега трипати го пролонгирала рокот за спроведување на спомнатата задача бр. 32-204-01, и тоа прво за шест месеци, потоа за уште еден месец, а со последното одобрение крајнито рок бил продолжен за уште дваесет дена.Но денеска (петок 24 април 2009 г.) МАТ преку со писмо доставил Ургенција по жалба на решението на АЦВ со бр. 03-861/6, која веднаш била препратена и до Второстепената комисиј при Владата за решавање управни работи од областа на транспортот, врските и животната средина.Од АЦВ информираат од нивна страна биле исполнети сите законски обврски од нивните надлежности кои се во функција на остварувањето безбедноста во цивилниот авиосообраќа. Оттаму, од Агенцијата велат дека сите сите информации кои се јавија во јавноста за нивна наводна опструкција од тсрана на претставници на МАТ ги сметта за тенденциозни и неиздржани, па затоа се подготвени да ги исползуваат законските регулативи и на кажаните според нив невистини и инсинуации да поведат судска постапка против авиокомпанијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поранешниот градоначалник на Чашка на 11 вработени незаконски им исплатил плати од над 700.000 денари
Полицијата поднесе кривична пријава против поранешен градоначалник на општина Чашка за „злоупотреба на службената положба и овластување“.
СВР Велес, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против Г.С.(47) од Чашка поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Во периодот од јануари 2021 до декември 2024 година, Г.С. во својство на градоначалник на општина Чашка, постапил спротивно на Законот за државни службеници и на 10 лица вработени во општина Чашка, во повеќе наврати, од буџетската сметка на општината им исплаќал парични средства по основ на плата за кариера кај државен службеник, иако знаел дека тие не ги исполнуваат условите за државен службеник.
Додека, на едно лице, спротивно на Законот за работни односи, овозможил да му се исплати бонус плата, иако не биле исполнети условите.
На тој начин, пријавениот овозможил на 11-те вработени да се стекнат со имотна корист и предизвикал штета на буџетот на општина Чашка во вкупен износ од 725.562 денари.
Исто така, за место кое според актот за систематизација има предвидено една позиција, Г.С. на еден од вработените му издал решение за работното место иако таа позиција веќе била пополнета.
Македонија
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
На 14.02.2026 (сабота) поради верскиот празник Задушница, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај во Скопје.
Имено, со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробиштата Бутел, а за излез десно по ул.„Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул.„Бутелска“ и десно по ул.„Кемал Сејфула“.
Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во близина на гробиштата Камник, Драчево и Ѓорче Петров.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.
Македонија
Традиционална церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот кабинет
Повеќе од 170 основци од скопските училишта „Ѓорѓија Пулевски“ и „Кочо Рацин“ и од училиштето „Св. Наум Охридски “ од Охрид, денеска ја проследија церемонијата на свечено менување на државното знаме, којашто во Кабинетот се одржува секој втор петок во месецот во знак на оддавање почит кон државата.
Во присуство на бројни претставници на Армијата, учениците, заедно со своите наставници и образовни асистенти, најпрво внимателно го ислушаа командирот на почесната единица кој ги образложи причините и процесот на менување на знамето.
Потоа, нивните љубопитни очи се вперија кон јарболот на којшто постојното, беше заменето со ново државно знаме. Церемонијата заврши со интонирање на македонската химна од Воениот оркестар, пропратено со детскиот хор.
Во рамки на посетата, дечињата ја разгледаа свечената сала со двата импозантни мозаици на академик Глигор Чемерски, „Македонија-светла земја“ и „Македонија-земјата памети“.
Претседателката изрази радост за присуството на најмладите посетители и одговараше на бројните креативни прашања меѓу кои и: Кои и биле омилените книги на нивна возраст? Дали ѝ недостигаат студентите? Сонувала и посакувала ли некогаш да стане претседателка? Какви карактеристики треба да поседува еден лидер? Како се одвива еден нејзин работен ден и колку долго трае? Дали ги помни омилените наставници?
Таа, во својство на ученичка, ги именуваше саканите учители, истакнувајќи дека имале огромно влијание врз нејзината љубов кон учењето.
На крајот, Сиљановска-Давкова им порача дека вреди да се учи и дека нема подобар влог во иднината, од оној во знаењето.
Младите посетители, освен со убави спомени, од Кабинетот си заминаа и со автограм од претседателката Сиљановска-Давкова.

