Македонија
202 нови случаи на Ковид-19, починати се две лица
Министерството за здравство информира,согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.285 тестови, а регистрирани се 202 нови случаи на Ковид-19: копје – 117, Битола – 24, Кавадарци – 15, Прилеп – 10, Куманово – 6, Охрид – 4, Тетово, Струмица, Ресен и Делчево – по 3, Велес, Штип и Кичево – по 2, Гостивар, Кочани, Неготино, Свети Николе, Богданци, Крушево, Демир Хисар и Демир Капија – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (202), регистрирани се 35 реинфекции.
Регистрирани сe 201 оздравен пациент од: Скопје – 133, Битола – 22, Прилеп – 11, Куманово и Охрид – по 7, Струмица – 6, Тетово – 4, Кочани – 3, Кичево и Делчево – по 2, Струга, Ресен, Кратово и Крушево – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, се регистрирани две починати лица, по едно починато лице од Скопје (79г) и едно починато лице од Охрид (90г), двете лица се починати во болнички услови.
Од вкупниот број на починати лица (2) , кај сите починати лица се регистрирани коморбидитети.
Направени се 2.285 тестови преку: ИЈЗ-193, ЦЈЗ Скопје-99, ЦЈЗ Битола-79, ЦЈЗ Прилеп-33, ЦЈЗ Тетово-13, ЦЈЗ Куманово-57, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-20, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8 Септември-0, Институт за микробиологија–141, Жан Митрев (Филип Втори)-50, Авицена-53, Биотек-62, Систина-30, лабораторија Лаор-53, Синлаб-10, Ремедика-15, Плодност-10, Генеа-9, Никоб лаб-173, ВФВ Медикал-34, Ели медика плус-28, Ројал медика–5, Спектра-ММ-4, Рапид Лаб–2, Жан Митрев Струмица–3, Нова Лаб дијагностика–8, Рамус-14, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 1.087
Досега во земјата се направени вкупно 1.976.805 тестирања на КОВИД-19. купната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 307.344, бројот на оздравени пациенти е 296.574, на починати е 9.236, а бројот на активни случаи изнесува 1.534
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 144281, Активни 811
Куманово 16584, Активни 33
Битола 14943, Активни 168
Прилеп 14054, Активни 82
Тетово 13428, Активни 16
Кавадарци 10562, Активни 89
Велес 9700, Активни 24
Гостивар 9545, Активни 14
Охрид 8788, Активни 74
Струмица 8021, Активни 22
Штип 7985, Активни 17
Кичево 5583, Активни 30
Кочани 5061, Активни 11
Струга 4703, Активни 12
Гевгелија 4385, Активни 23
Неготино 3663, Активни 6
Ресен 2695, Активни 19
Свети Николе 2620, Активни 7
Радовиш 2517, Активни 8
Крива Паланка 2412, Активни 6
Делчево 1962, Активни 24
Дебар 1673, Активни 4
Берово 1639, Активни 2
Валандово 1479, Активни 3
Виница 1383, Активни 6
Пробиштип 1266, Активни 3
Богданци 1019, Активни 2
Кратово 960, Активни 1
Крушево 928, Активни 10
Демир Хисар 826, Активни 1
Македонски Брод 736, Активни 1
Демир Капија 589, Активни 3
Македонска Каменица 524, Активни 1
Пехчево 486, Активни 1
Дојран 344, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Гласањето се одвива без проблеми
Гласањето на болните и немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за повторните локални избори, се уште е во тек, информира Државната изборна комисија.
„Според податоците пристигнати до Државната изборна комисија до 15:30 часот, од вкупно 94 пријавени лица за гласање во казнено поправните установи, гласале 44 лица. Од вкупно пријавени 249 болни или немоќни лица за гласање во четирите општини, Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа, до 15:30 часот, правото на глас го оствариле вкупно 242 лица. 2 лица гласале во Центар Жупа, 66 болни или немоќни гласале во Маврово и Ростуше, 31 лице во Врапчиште и 143 лица во Гостивар“, велат од ДИК.
Оттаму додаваат дека „досега гласањето се одвива без проблеми и на секој гласач му е овозможено непречено да го оствари своето право на глас“.
Македонија
УХМР: Водостоите остануваат високи, вечерва се очекува заладување и снег
Според податоците од хидролошките станици се уште е висок водостојот на река Сатеска, како и на река Коселска кој почнува да бележи благо намалување, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
„Во благо намалување е и водостојот на река Вардар во горниот дел од сливот но се уште е прилично висок. Останува висок и водостојот на река Треска и на река Кичевска каде сеуште со внимание треба да се следи состојбата. Исто така, во Охридско-Преспанскиот регион сеуште е висока влажноста на земјата и високи се подемните води така што можно е и понатаму да се појавуваат заезерени површини во Струшкото Поле. Водостојот на река Црна во долниот дел од сливот е во намалување но останува можноста за појава на заезерени површини во Пелагониската Котлина“, велат од УХМР.
Оттаму додаваат дека „за време на вечерните часови и ноќта се очекува заладување на времето и врнежите насекаде да бидат во вид на снег. До тогаш остануваат високи водостоите во посочените региони и останува можноста за појавување на заезерени површини во котлините и низините. Предупредуваме на претпазливо движење покрај реките и суводолиците до крајот на денот“.
Македонија
ЈСП Скопје: Ниските температури и снегот може да предизвикаат изменето сообраќање на автобусите
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги информира корисниците на јавниот превоз во Градот Скопје дека, поради ниските минусни температури и најавените временски услови со можни врнежи од снег во главниот град и околината, во наредниот период можно е привремено прилагодување на сообраќањето на одредени автобуски линии.
„Имајќи предвид дека ефектот на средствата за одржување на патиштата е ограничен при екстремно ниски температури, на одделни делници може да се појават отежнати услови за сообраќај. Од тие причини, дел од линиите ќе сообраќаат до локации кои во моментот се проценети како безбедни и проодни за возилата на ЈСП Скопје, согласно проценките на надлежните служби. Напоменуваме дека безбедноста на патниците и вработените е приоритет, па доколку условите не дозволуваат сигурно одвивање на сообраќајот, ќе се преземаат соодветни мерки и јавноста ќе биде навремено информирана за сите промени. Во услови на стабилно време, јавниот превоз ќе се одвива согласно редуцираниот делничен зимен возен ред, кој важи до крајот на зимскиот училиштен распуст“, информираат од ЈСП Скопје.
Од претпријатието додаваат дека „екипите на ЈСП Скопје, заедно со надлежните служби на Градот Скопје и локалните самоуправи, континуирано се ангажирани на терен со соодветна механизација, со цел навремено реагирање и создавање услови за безбедно и непречено функционирање на јавниот превоз“.

