Македонија
Во Шутка демолирани две затворски келии
По дводневното одбивање да примат храна, затвореници од Истражниот затвор Скопје во текот на ноќта и утрото станале поагресивни, велат затворски извори за www.forum.com.mk
Станува збор за бунт на притвореници од групата на кумановецот Бајруш Сејдиу, притворени по полициската акција Пепел. По демолирањето на двете затворски келии, интервенирала затворската чуварска служба која успеала да ја контролира ситуацијата. Но нашите извори сметаат дека таа може и лесно да ескалира, но засега не е побарана помош од Министерството за внатрешни.Во затворот утрово исто така пристигнал и врвот на Дирекцијата за спроведување санкции при Министерството за правда, а пред Шутка имаше собрано роднини на притворениците кои штрајкуваат. Како што рекоа некои од роднините, тие ќе се организираат и претпладнево ќе протестираат пред Собранието.Во февруари адвокатите на Бајруш Сејдиу и на уште неколкумина обвинети излегоа со бројни забелешки за водењето на судската истрага за акцијата „Пепел“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.
Македонија
Сончево и релативно топло, максималната температура до 20 степени
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Времето во наредните денови
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Во четврток се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, особено во попладневните часови и во текот на ноќта.

