Македонија
Семејствата на загинатите мировници повторно пред Собранието

Додека пред пратениците се очекува да се усвои Законот за правата на македонски војници кои ќе учествуваат во меѓународни мисии, семејствата на загинатите кај Блаце протестираа пред Собранието
Тие и минатата недела, исто така, протестираа со барање законот да се врати на доработка во Владата бидејќи, според нив, не носи ништо ново туку им ги редуцира и сегашните права. Семејствата на загинатите војници во хеликоптерската несреќа кај Блаце се револтирани и од настапот во јавноста на министерот за одбрана, Зоран Коњаноски, кој главно се однесува на тоа колку пари државата им дала за животите на нивните блиски. Револт е изразен и поради фактот што истрагата за несреќата сеуште тапка во место.„Бараме од Владата да го повлече законот, во соработка со нас да понуди подобри решенија. Од собранието бараме да не гласа за законот. Овој закон е закон за посебните права, а повеќето права не се посебни. Предложениот закон, во најголем дел, не дава ништо повеќе од она што сме го добиле, а тоа што сме го добиле, сме го добиле по основ на други закони“, рече Бранко Ѓоргевски, татко на загинат мировник во хеликоптерската несреќа кај катлановскп Блаце.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Симнати од респиратор петтемина пациенти испратени на лекување во Анкара, Турција

Петтемина пациенти повредени во пожарот во Кочани кои беа испратени на лекување во Анкара, Турција, од денес дишат самостојно. Заменик – министерот за здравство Јовица Андоновски доби информација за нивната состојба додека траеше утринската прес-конференција на која лекарите известуваа за состојбата на пациентите сметени во нашите клиники.
„Само што добив информација од Анкара, таму имаме шестмина пациенти, петмина беа интубирани, сега сите се екстубирани, состојбата им се подобрува“, рече заменик – министерот Андоновски.
Министерот за здравство Арбен Таравари вчераутро извести дека меѓу испратените пациенти на лекување во странство се шестемина во Анкара, Турција. Покрај овие шестмина, на лекување во Истанбул, Турција се уште тројца повредени во пожарот во Кочани.
До утрово на лекување во странство Министерството за здравство испрати 76 пациенти, а засега дома се лекуваат 89 повредени.
Македонија
Гази Баба доделува еден милион денари како помош на семејствата на настраданите во Кочани

Денес по барање на градоначалникот на Гази Баба се оддржа итна седница на Советот на општина на која се донесе одлука за доделување на 1.000.000 денари на сметката на солидарниот фонд на Црвениот крст на Македонија за помош и поддршка на семејствата на настраданите во несреќата во Кочани.
На седницата се обрати градоначалникот Бобан Стефковски кој уште еднаш го изрази своето сочувство до семејствата на 59те загинати граѓани во несреќата која пред два дена се случи во Кочани.
„Нема зборови кои можат да ја покријат болката кои сите ние ја чувствуваме. Она што можеме во овие тажни мигови за Македонија да го направиме е достоинствено да тагуваме, да бидеме солидарни и да се молиме. Ова е трагедија каква Македонија досега не памети. Нема граѓанин кој не чувствува болка и не бара одговорност. И јас, како градоначалник, човек, родител чувствувам болка, тага, но силно од мене произлегува и барањето за одговорност со точно име и презиме“ истакна Стефковски.
Тој потсети дека не е далеку 2016 година кога токму општина Гази Баба се соочи со несреќа во која 22 граѓани ги загубија своите животи, а беше нанесена и голема материјална штета. Кога на општина Гази Баба и беше потребно, Македонија и светот и помогна.
Седницата на Советот започна со едноминутно молчење во знак на почит кон жртвите во трагичната несреќа.
Македонија
Клиниката „Жан Митрев“ згрижи 9 пациенти: тројца се испратени во соседните земји, тројца се пуштени дома, а другите се задржани на понатамошна опсервација

Клиниката „Жан Митрев“ извести дека досега вкупно девет пациенти биле згрижени тука, од кои тројца, кои беа во животна опасност и беа итно интубирани, се пренесени на лекување во соседните земји. Другите шест пациенти добија соодветен третман, при што тројца од нив веќе се во стабилна состојба и ќе бидат пуштени на домашно лекување, а тројца остануваат на дополнителна опсервација.
„Клиниката ‘Жан Митрев’ од првиот момент ги отвори вратите за сите повредени во трагичниот настан во Кочани и со целосна поддршка и максимална посветеност ги стави на располагање сите свои ресурси, целиот медицински персонал, болничките капацитети и амбулантните возила.
Тимот на болницата – лекари, медицински сестри и болничари, заедно со специјално опремените амбулантни возила, постојано се ангажирани во транспорт на најтешко повредените пациенти не само до и од клиниката туку и од други здравствени установи во земјата и странство. Во изминатиот период беа транспортирани повеќе од десет пациенти кон разни здравствени центри вклучувајќи ги аеродромите во Скопје и Солун, како и болниците во Белград, „8 Септември“, Клиничката болница „Климент Охридски“ и други“, велат од Клиниката „Жан Митрев“.