Македонија
Децата ја сликаа Бурмали џамија
Четири основци добија велосипеди за цртежи од Бурмали џамијата, која некогаш била на плоштадот Македонија
Изложбата организирана од Координативниот одбор за обнова на Бурмали џамијата беше поставена денеска, на плоштадот Македонија, на местото каде некогаш се наоѓал верскиот објект. На изложбата беа претставени 90 цртежи, а сите учесници беа наградени со прибор за сликање. Координативниот одбор за обнова на Бурмали џамијата ја организира културната манифестација со цел подигање на свеста за враќање на еден белег на убавината на Скопје – Бурмали џамијата.“Ова е следна културна манифестација која ја правиме за подигање на свеста за изградба на Бурмали џамијата. Децата се само симбол на тоа дека сонот и визијата за Бурмали џамија се многу стари и ќе бидат многу долги, дури не се оствари изградбата на Бурмали џамија. Децата ја цртаат Бурмали џамијата, а возрасните ќе ја изградат“, изјави Рамадан Рамадани, член на Координативниот одбор.Според нив, изградбата на Бурмали џамијата не зависи од изградбата на црквата на плоштадот, затоа што барањето за џамијата е постаро од она за црквата. Тие само чекаат Владата да им дозволи да го користат земјиштето што е во нејзина сопственост за изградба на џамијата, а Општина Центар да им ја даде потребната маркица за градба и да го смени постојниот урбанистички план. “Нема никаква причина да не ни дозволат да ја изградиме и до сега никој не кажал не за изградба на Бурмали џамија. Очекуваме од Општина Центар да се промени Деталниот урбанистички план, со тоа да се почнат активностите за изградба на Бурмали џамија“, вели Македонија. На новинарска констатација дека под Бурмали џамија било црква, и дали ќе треба да се бара да се гради црква, Рамадани вели дека тоа не е докажано, дека се само хипотези.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

