Македонија
Цело лето за подобрување на студентскиот стандард
Организаторите на вчерашниот студентски протест се оградија од секаква партиска поврзаност на студентскиот протес
Организаторите на протестот “Слободен индекс“, велат дека тие ги бараат правата на студентите и единствено од нив очекуваат поддршка, а не од политичките партии. За тие што наводно вчера носеле партиски знамиоња велат дека не знаат кои се и дека дури не ги ни виделе, туку дека некој од учесниците ги замолиле да ги трганат знамињата.“Во однос на партиските знамиња сакаме да се оградиме од сите партии, ние не сме против никоја гарнитура на власт, ние сме против системот преку кој се управува со нашите пари, со студентските пари. Затоа бараме поддршка само од студентите“, вели Реџеп Исмаил, еден од организаторите на протестот.За тоа што ректорот на Универзитетот, Велимир Стојковски, вчера ги критикуваше дека не знаел за протестот и дека со него требало најпрво да разговараат организаторите велат дека сметале оти е подобро прво јавно да го изразат своето незадоволство, а потоа да се обратат до надлежните институции.“Ректорот беше свесен за нашите барања бидејќи ги коментираше три дена пред да започне протестот, а она цела ситуација од која ние сме незадоволни не е производ на една ректорска управа, на еден ректор, на еден министер, на една влада, на една партија тутку на 18 години тонење на високо образовниот систем“, вели Андреј Анчевски од организацијата на “Слободен индекс“.За летово најавена е средба со министерот за образование, а ќе се обидат да разговараат и со со ректорот, со ректоратот, со Студентскиот парламент. “Ова лето ќе го поминеме во барање на соодветните правни легислативи, Статути и во изработката на некои конкретни решенија“, вели Анчевски.Со вчерашниот протест студентите сакаа да ја одбележат 60 годишнината од постоењето на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, како и да биде на крај на семестарот, за сите промени да можат да се воведат од следниот семестар, на есен.Студентите, со протестот го изразија незадоволството од функционирањето од целиот високообразовен систем, укинување на партиципацијата, односно бесплатно високо образование, подобрување на квалитетот на образованието, односнона правилната имплементација на Болоњската конвенција,подобрување на очајниот студентски, социјален стандард, условите во студентските домови, непостоењето на студентските медиуми, студентско здравствено осигурување. Тие бараат и да се распише Статут и Правилник на официјална студенстска институција, Студентскиот парламент, кој повеќе од една година работи без статут и без правилник за работа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) На повеќе локации низ Скопје паднаа дрвја, Ѓорѓиевски: Екипите се на терен, реагираме навремено
Поради засилениот ветер и неповолните временски услови, на повеќе локации низ градот беа регистрирани паднати и оштетени дрвја.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски извести дека градските служби веднаш излегле на терен и постапуваат со целосна мобилизација, со цел отстранување на опасностите и обезбедување безбедно движење за граѓаните.
„Се сечат и расчистуваат паднатите дрвја, се отстрануваат скршените гранки и се нормализира сообраќајот таму каде што имаше застој. Приоритет ни е безбедноста на граѓаните и непреченото функционирање на градот“, рече Ѓорѓиевски.
Тој апелираше до сите на зголемена внимателност додека траат активностите на терен.
Македонија
(Фото) Силниот ветер откорна покрив во училиште во Гевгелија
Преку Единствениот број за итни повици 112 е примена пријава дека поради силен ветер летнала лимената конструкција од покривот на основното училиште „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија, соопшти Центарот за управување со кризи.

Според информациите, нема повредени лица. Побарана е интервенција од службени лица од МВР, како и од надлежните институции.

Силниот ветер направи проблеми и во Скопје. На шест локации се пријавени паднати дрвја и искинати кабли, при што е причинета материјална штета на повеќе автомобили.
За состојбата се известени СВР Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“, кои преземаат мерки во рамки на своите надлежности.
Македонија
Сè помалубројни, постари и понеисправни автобуси во кои се возат сè помалку патници, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации
Центарот за граѓански комуникации ги објави истражувањето и базата на податоци за капацитетите на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.
Нивното истражување покажува дека:
– Само за десет години, бројот на превезени патници со автобусите на ЈСП Скопје е намален за 30 милиони годишно – во 2015 година се возеле по 52 милиони патници годишно, а сега бројот на превезени патници е сведен само на 22 милиони годишно.
– ЈСП располага со вкупно 341 автобус, од кои дневно се исправни 185 автобуси, а во работа се пуштаат само по 157 автобуси дневно.
– Бројот на автобуси на ЈСП Скопје континуирано се намалува во последните десет години. Пред десет години претпријатието имало 316 исправни автобуси, а денеска само 185.
– Со опаѓањето на бројот на автобуси, расте нивната просечна старост која сега изнесува 13,3 години, највисока во последните десет години.
– Доминантен дел од автобусите, односно повеќе од 80 % се од кинеските „Јутонг“ и од украинските „ЛАЗ“. ЈСП има и десет автобуси од марката Санос, стари по 33 години.
– Само 10 % од автобусите на ЈСП имаат највисок еколошки стандард Еуро 6, додека другите се со еколошки стандард Еуро 4 и Еуро 5.

