Македонија
Македонија во Доха ќе го изложи проблемот со Грција за перењето пари
Тричлена делегација на Управата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам денеска заминува во Катар каде ќе учествува на пленарното заседание на EGMONT
На заседанието на EGMONT кое е меѓуанродно координативно тело во кое членуваат националнитеслужби за финансиско разузнавање од целиот свет во Доха, македонската делегација ќе ја предводи директорот на Управата за спречување на перење пари Ване Цветанов.Од Управата најавуваат дека на заседанието на EGMONT ќе биде поставен на дневен ред проблемот со одбивањето на Грција да соработува со Македонија на полето на борбата против перењето на пари.„Грција со ваквиот однос се става во улога на заштитник на криминалот. Оваа земја треба сама да реши дали ќе остане перална на пари или ќе ги почитува меѓународните норми кои и самата ги има потпишано“, изјави пред заминувањето директорот на УСППФТ, Ване Цветанов. Инаку најновнито број на неделникот Форум донесува статија за тоа како во Грција се „испрани“ околу 500 милијарди евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост до 50 метри поради магла има на планинските премини Ѓавато и Пресека, како и во Страцин, Прилеп, Кочани и Струмичката котлина.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Дел од неколку населби во Скопје без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, известува дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, без напојување со електрична енергија ќе останат:
Во период од 09:00 до 12:30 часот дел од корисниците од ул. 2, делот кај отпадите меѓу Визбегово и Шуто Оризари (општина Шуто Оризари );
Во период од 10:00 до 14:00 часот дел од корисниците од Улица Бутелска 13 и Улица Бутелска-крак Серава(општина Бутел);
Во период од 09:00 до 14:00 часот дел од корисниците од ГОРНО СОЊЕ – ул.8(општина Сопиште);
Во период од 08:00 до 14:00 часот корисниците од ул.Никола Малешевски, сите 4 влезови веднаш до ТС и до Пензионерски, Ул.Ферид Мурати бр.4 (пензионерски дом Чаир),и Средно училиште Цветан Димов(општина Чаир);
Во период од 09:00 до 15:00 часот дел од корисниците во Волково и Стопански двор(општина Ѓорче Петров);
Во период од 08:30 до 09:00 часот дел од корисниците од Ул. Архепископ Доситеј зграда број 2(општина Бутел).
Македонија
Променливо облачно време со минимални температури до -1
Променливо облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а во југоисточните од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени.
Во Скопје променливо облачно и тивко со појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со пораст на дневната температура. По котлините ќе се задржи магливо и постудено со пониска дневна температурата. Локални слаби врнежи претежно од дожд се очекуваат во петок.