Македонија
Воената болница станува општа, градска
Воената болница да се трансформира во градска општа болница за Скопје, одлучи Владата, а досегашната градска болница Св. Наум Охридски да биде градска хируршка болница
По темелна анализа на можностите за реформа и трансформација на Воената болница, каде имаше три опции, приватизација, концесија и вклучување во јавното здравство. “Владата денеска излезе со предлог, преку министерот за здравство и министерот за одбрана, до Воената болница, до клиниката Филип Втори и до Градската општа хируршка болница, Воената боница да се трансформира и да се реформира во градска општа болница за градот Скопје. Сегашната градска хируршка болница Св. Наум Охридски да се трансформира во ургентен центар за градот Скопје“, изјави премиерот Никола Груевски, денеска, по посетата на Воената болница.
Точниот рок не се знае, затоа што се уште нема изработено акционен план, но премиерот Груевски се надева дека целата трансформација ќе заврши до крајот на годината.
“Рокот ќе го утврдиме деновиве. Би посакале тоа да не биде подолго од крајот на оваа година, но засега не можам да кажам точен рок. Вработените во Градска болница си остануваат таму, продолжуваат да си ја работат работата, како што ја работеа до сега. Нема префрлање. А од воена болница ќе се формира една единица, Воен центар, која што би одела во мисии, како што сега заминуваат и што е потреба на Република Македонија“, рече Груевски.
Дека сите врабнотени остануваат на своите работни места, потврди и министерот за одбрана, Зоран Коњановски.
“Стотина луѓе од Воената болница ќе останат под МО, ќе го оформиме тој Воен Медицински Центар, кој ќе биде на дел од локацијата на оваа болница. Таму ќе работат луѓе што ќе бидат поддршка и логистика на МО, односно тука ќе го развиеме центарот за медицинска обука кој е деклариран кај сите НАТО партнери, земји. Нема да има рационализација, сите кои денес работат во Воената билница, остануваат на работа и понатаму“, рече Коњановски.
Според министерот за здравство, Бујар Османи, со оваа одлука на Власата се воведува ред во јавното здравство во Македонија, особено во Скопје.
“За прв пат воведуваме ред во целиот здравствен систем. Во Скопје ја воведуваме секундарната здравствена заштита. Клинички центар беше преоптоварен со пациенти од цела Македонија, плус пациентите од Скопје, такашто беше дефокусирен од основната дејност а тоа е научно-истражувачката, образовната дејност“, изјави Османи.
Како што информираа премиерот и министрите, болницата Филип Втори си останува во просториите на Воената болница, кои ги има закупено, а дополнително, во договор со општината ќе бидат издадени маркици за градба на уште две до три болници во кругот на Воената болница, кои ќе бидат приватни, со што Скопје би го добил потребниот здравствен систем.
“Веројатно две до три маркици ќе бидат вцртани, што значи две до три приватни болници ќе бидат изградени и тоа би станал убав комплекс, каде секој ќе може да бира во која болница би сакал да оди во зависно од тоа кои потреби ги има. Скопје сега безмалку нема секундарно здравство освен сегашната градска хируршка болница и онаа во Козле, практично нема секундарно здравство како што имаат другите градови“, рече премиерот Груевски.
Со овој начин на трансформација на Воената и Градската болница Скопје добива секундарно здравство, кое не е на товар на Климички ценатр. Примарното здравство пациентите ќе ги испраќа во секундарното, а дури потоа би оделе во Клиничкиот центар. Останува да се утврди динамичкиот план на трансформација, со што Воената болница преминува во Министрството за здравство, односно во договор со Фондот за здравствено осигурување и начинот на движење на пациентите од матичните лекари во Градска општа болница, потоа на Клинички центар. Османи информира дека Владата одлучи да се овозможи и пакет на опремување на Воената болница, којшто ќе биде дополнување на пакетот на јавните здравствени установи и големиот тендер за набавка на опрема
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

