Македонија
Средба на Координативното тело на градоначалниците
Се оствари и втората по сред средба на Координативното тело на градоначалниците со скопскиот градоначалник Коце Трајановски
Новоформираното координативно тело на градоначалници, откато на функцијата стапи новиот градоначалник ан Скопје Коце Трајановски, го одржа и вториот сдостанок, на кој беа донесени повеќе одлуки, решенија и активности кои треба да ги реализира Градот скопје и општините во македонскиот главен град, како и градовите, односно општините од Македонија. На овој состанок на Координативното тело беа разгледани повечќе прашања – одликата на Владата за вработување на 5.000 лица за вршење јавни работи, каде што треба да учествуваат и општините, извршување на општо корисни работи во јавните претпријатија, проблемот со дезинсекција и дератизација на подрачјето на Град скопје, ќе се спроведе акција насловена како – Зедно за зелено и чисто скопје, како и еден од најважните сегменти, информација за и изработка на Нов Генерален урбанистички план на Фрад Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

