Македонија
МКГ бара да го смениме името заради стабилизација на регионот
Меѓународната кризна група (МКГ) во својот извештај посветен на спорот меѓу Македонија и Грција околу името оценува дека двете држави споделуваат одговорност за влошените односи и дека од клучно значење за стабилизацијата и европската интеграција на целиот Балкан е да биде најдено решени
Односите меѓу двете држави се најспротиставени од почетокот на 90-тите, стои во документот насловен Името на Македонија – да се надмине ќор-сокакот. МКГ оценува дека и натаму е важно да се најде решение, наведувајќи дека грчката одлука да го блокира членството на Македонија во НАТО и натамошниот напредок во интеграцијата во Европската Унија ја минира стратегијата на двете организации за стабилизација на Западниот Балкан преку проширување. И Владата на Никола Груевски сноси дел од одговорноста, смета МКГ, според која Грците на преименувањето на скопскиот аеродром во Александар Велики и на редица други потези гледаат како на офанзивно присвојување на нивното хеленистичко наследство и директна провокација. “Загрижени сме дека, доколку не уследи некакво придвижување во правец на решение, би можеле да дојдеме во ситуација во која сегашните алтернативи повеќе нема да бидат на располагање”, изјави заменик-претседателот на МКГ за политика Доналд Стајнберг, додавајќи дека е важно за двете држави и за меѓународната заедница да ја земат предвид цената што ќе се плати доколку не биде постигнато решение. МКГ смета дека прв чекор за решение на спорот е повторното градење доверба. “Напорите да се приближат двете страни до спогодба би вклучиле и поголема подготвеност меѓу членките на НАТО и ЕУ да извршат притисок врз Атина да усвои поконструктивен приод и да одговори на отстапките од Скопје со суштински отстапки од своја страна”, стои во извештајот. Групата повикува двете страни да ја реафирмираат заложбата кон Привремената спогодба од 1995 г. додека не биде постигнато решение, Скопје да ја користи референцата ПЈРМ во меѓународни форуми, а Атина да ја почитува Спогодбата и да го тргне ветото врз членството на Македонија во НАТО и ЕУ. Потоа, македонската влада да искаже јавна подготвеност да го прифати последниот предлог на посредникот на ОН Метју Нимиц – „Република Северна Македонија”, а Грција за возврат да го прифати македонскиот идентитет и јазик, со тоа што двете страни би се согласиле дека тоа не имплицира ексклузивно право на користење на терминот “македонски” и не го доведува во прашање користењето на истата придавка кога станува збор за жителите на грчката покраина Македонија. МКГ дури предлага и основање заедничка комисија составена од историчари која би го испитала третманот на заедничката историја на регионот, а со цел да се постигне основно разбирање и да се избегнат референците во образовните програми што се навредливи за националниот сензибилитет на двете држави. Ова е вторпат Меѓународната кризна група да дава директни препораки до една власт во Република Македонија за прашања кои тешко можат брзо да бидат решени од политички аспект. И повторно тоа се прави во особено чувствителен аспект за целиот регион, како што беше со препораките пред конфликтот во 2001 г., кој МКГ го навести наводно анализирајќи го организираниот криминал на Балканот и македонскиот удел во него.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДС не му го спомнаа името на Груби на собраниска седница, од што се плашат Заев, Филипче и Спасовски?
СДС наместо да застане на страната на правдата и одговорноста, продолжува да го релативизира и штити криминалот на Артан Груби. Наместо да се дистанцираат, СДС на чело со Филипче координирано го бранат Груби. СДС го штитат Груби повеќе дури и од што го штитат менторот Заев и Филипче, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС се толку многу исплашени и бегаат од темата за Артан Груби што на собраниска седница за пратенички прашања ниту поставија прашање, ниту пак името му го спомнаа. СДС се толку вознемирени и нервозни од апсењето на Артан Груби поради стравот од сведочењето на Груби и неговите изјави кои може да повлечат и поранешни високи функционери на СДС. Тренчевска со сите сили се потруди да ја колективизира одговорноста за одлуките на тогашната влада на СДС и ДУИ. Потпретседателката на СДС Јована Тренчевска истакна дека одлуката на тогашната влада, каде се сомничи за криминал Артан Груби, била колективна, и според неа не било фер само Груби да добие кривична, туку требало да добијат и другите министри кои присуствувале на седницата, односно цела тогашна влада“, велат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат дали со ова СДС се подготвени да жртвуваат одредени нивни функционери се со цел да го заштитат Груби и што знае Груби па цела СДС се плаши за да не посведочи за одредени криминали?
„Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан? СДС знаеше за криминалот во Државна лотарија и молчеше за спас на коалицијата со ДУИ. Граѓаните очекуваат правда, никој не смее да биде над законите. Заврши времето на политичка заштита на поединци, време е за транспарентност и владеење на правото. Одговорност мора да има за секој за кој ќе се утврди вина“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
(Видео) Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови
Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седница на пратенички прашања ја повика Владата да ја раскине концесијата за изградба на мала хидроцентрала на реката Блатешница во село Блатец, обвинувајќи за незаконско пролонгирање на роковите и игнорирање на волјата на локалното население кое како што рече „веќе една деценија со своите тела, со един вид жив штит, си ја бранат реката и правото на незагадена природа и вода“.
Крмов истакна дека концесијата за изградба на хидроцентралата во 2012 година е доделена на фирмата „Енерџилукс ДООЕЛ Штип”, основана само два месеца претходно, а е всушност ќерка фирма на текстилната фабрика „Виза Фешн“ од Штип. Тој истакна и дека договорот предвидувал започнување со комерцијална работа во рок од три години од ефективниот датум, а тоа е 23.12.1212 година.
„Имаме ситуација во која концесионерот не ја исполнил обврската да започне со производство во предвидениот рок, а наместо раскинување на договорот, рокот е продолжуван дури тринаесет пати“, рече Крмов и додаде дека во меѓувреме, односно во 2020 година, ситуацијата се менува и од штипска фирма таа станува кочанска фирма во сопственост на „Атом Сантех“ ДОО Кочани.
Тој се повика на член 33 од договорот, според кој Владата може да ја раскине концесијата доколку инвеститорот не ги исполни обврските. Исто така нагласи дека Владата може еднаш да го пролонгира рокот и доколку и тогаш не се отпочне со производство Владата треба еднострано да ја раскине концесијата. Во овој случај, како што истакна пратеникот и покрај повеќекратните пролонгирања, договорот не е раскинат.
Крмов посочи и на извештај од 2014 година во кој, како што рече, било минимизирано влијанието на хидроцентралата врз водоснабдувањето на селото.
„Помеѓу зафатот на централата и машинската зграда се наоѓа зафатот за водоснабдување на селото Блатец. Треба да веруваме дека изградбата нема да влијае врз водата што ја користат над илјада жители“, рече Крмов, додавајќи дека не биле земени предвид ниту системите за наводнување, малите акумулации и локалните стопански капацитети.
Крмов посочи дека жителите на Блатец со години организираат деноноиќни блокади за да ја спречат изградбата и се единствените кои во целиот процес се исклучени и укажа дека Владата на седница од март 2025 година само за 20 минути разгледата шест договори за концесија на мали хидроцентрал и на сите им бил продолжен рокот, меѓу кои и на хидроцентралата на Блатешница.
„Не гледам друг начин инвеститорот да започне со работа освен на сила. Се надевам дека нема со сила да ги рушите барикадите“, рече Крмов.
Во обраќањето тој се повика и на природното право на локалното население. „Тие луѓе со генерации живеат таму и пијат вода од таа река. Тие се најповиканите кога се носат одлуки што директно влијаат вр нивниот живот, а не профитот да биде пред сѐ, нагласи пратеникот.
На крај упати директно прашање до премиерот: „Дали ќе се одважите конечно да застанете на страна на жителите на Блатец и ќе ја поништите концесијата за малата хидроцентрала, особено ако и овој тринаесети рок биде прекршен на 7 март годинава?“.
Македонија
„Сега странски служби јавиле, имаме чувство дека театарот со Груби стана циркус“, велат од СДСМ
„Театарот со Груби стана циркус. Имаме чувство Мицкоски. Прво граѓаните ја видоа режираната претстава на граница, доаѓањето со наочари, со насмевка, каде недостасуваше уште црвен килим за Груби. Потоа смисленото сценарио и пречек со камери, со медиумска поддршка на 40% од медиумите под контрола на ВМРО преку Орбан“, велат од СДСМ
„Па одредувањето куќен притвор од обвинителство и судство по контрола на ВМРО ОКГ. Обвинителството прво велеше дека АНБ на Христовски и МВР на Тошковски дале безбедносна проценка дека Груби не е безбеден и затоа морале да одредат куќен притвор.
Излезе директорот на Затворот и демантираше, рече дека ниту АНБ ниту МВР не дошле и не направвиле проценка. Вчера Мицкоски изјави дека тоа биле класифицирани информации, доверливи и не може да се соопшти. Имал чувство.
Сега излегуваат информации дека наводно „странски служби“ јавиле уште пред една година и дека безбедносна проценка воопшто не била направена од АНБ и МВР.
Циркус. Само не кажаа која, дали српска или руска странска служба?
Веќе не знаат што да излажат. Само нешто се измисллува за да се покрие сценариото.
Исто како во времето на Никола Груевски.
Какви странски служби, какви проценки, нема посилна потврда од ова дека сè е договорено“, соопшти СДСМ.

