Македонија
Градете куќи до 10,2 метри високи
Куќите за живеење да бидат високи 10,2 метри, а станбените згради 25, односно 30 метри, се пропишува со предложените измени на Законот за просторно и урбанистичко планирање
Деловите од касарните во Македонија, кои нема да ги користи Министерството за одбрана, во иднина ќе може да се користат за друга намена. Тоа ќе се овозможи со предложените измени на Законот за просторно и урбанистичко планирање, врз основа на кои без промена на генералните урбанистички планови, и само со детален урбанистички план, земјиштето на касарните ќе се планира и за други намени. “Голем дел од касарните во генералниот план се ставени како сиви зони. Сега директно со детален урбанистички план просторот од касарните кои нема да ги користи Министерството за одбрана може да се користат за различни намени“, рече денеска на прес-конференција министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Запрашан од новинарите дали просторот на сегашната касарна Илинден во Скопје ќе се намени за изградба на резиденцијален објект, Јанакиески потврди дека ќе има пренамена на дел од просторот, но не прецизира каква. “Во соработка со другите министри и со општините деновиве треба да одлучиме што ќе се планира на дел од просторот на касарната Илинден, додека другиот дел ќе остане во функција на Министерството за одбрана“, рече Јанакиески. Како што објасни министерот за транспорт и врски, законските измени ќе овозможат дополнителна децентрализација во планирање на просторот и можности за граѓаните да ги урбанизраат своите простори за покусо време, без да бидат изложени на какви било манипулации и административни бариери.Со новите законски измени се пропишуваат и максимално дозволени вредности на урбанистичките параметри за градби на куќи и на станбени згради. “При изработка на урбанистички планови за куќи процентот на изграденост на градежната парцела мора да биде 70 отсто. Висината на градбата, пак, е фиксна и мора да биде максимум 10,2 метри“, вели Јанакиески. На тој начин, според него, ќе се овозможи поголема искористеност на просторот за градба. За станбените згради, просторот на кој ќе се наоѓаат, исто така, ќе биде со 70-отстотна искористеност, со тоа што, во однос на висината, за градежна површина од 500 до 1.000 метри квадратни, пропишано е најмалку 25 метри, а за површина над 1.000 метри квадратни, најмалку 30 метри.Сите граѓани ќе имаат законска можност да покренат иницијатива за урбанизирање на просторот, на која општината ќе мора да одговори во рок од три месеци. Во спротивно, одговорното лице од општината ќе биде казнето со глоба од 3.000 до 5.000 евра. Со предложениот закон се предвидува и мислењето на нацрт-плановите кое сега го издава Министерството за транспорт и врски, да го дава комисија формирана од градоначалниците на општините и градоначалникот на Градот Скопје. Дел од Предлог-законот е и воведување државна и локална урбанистичка планска документација, како нови инструменти во планирањето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

