Македонија
Колку Македонија навистина троши метадон?
По вчера одржаната прес-конференција и по објавените информации за метадонската терапија во Македонија, Бирото за лекови ја презентираше статистиката од која произлегува дека кај нас метадонот се произведува многу повеќе отколку што се троши
Според реакциите на Бирото за лекови и нивната статистика којашто ја поседуваат како државна институција, информираат дека Македонија не троши метадон колку половина Балкан, туку дека толку во количества се произведува, па дури и нешто повеќе.„Веруваме дека секогаш државните институции редовно ќе се држат до статистиката со која располагаат, но сепак веруваме дека ситуацијата е далеку поцрвена (во знак на алармантна), да не речам розова или сива“, вели Стефче Дечев, извршен директор на Марита. Притоа тој го поставува прашањето, дека доколку во Македонија се произведува метадон повеќе одошто се троши, тогаш зошто има огромни листи од лица кои чекаат да бидат запишани на истите терапии и зошто некои лица дури, како што вели, умираат чекајќи да бидат ставени на тие листи? Едно од главните прашања што Марита ги поставува е всушност зошто во државата се троши еден од најскапите метадони?„Со затскривањето зад некоја статистика веруваме дека уште еднаш ќе се избегне да се одговори или направи нешто покрај метадонската терапија и да се овозможи во Македонија имплементација на успешни програми кои даваат резултати во светски рамки.“, реплицира Дечев на тврдењето на Бирото за лекови кое се однесуваше на податоците од вчерашната прес-конференција на Марита. „Со спорење околу статистиката уште еднаш нема да се одговори на прашањето зошто метадонската терапија кај нас се користи како терапија наместо за 21 ден – колку што временски е предвидено да се користи за отстранување на физичката криза (не и на психичката) туку се користи по пет до десет години. И едноставно кажано луѓето што се ставаат на истата терапија наместо да им се помогне во лечењето на зависноста, тие заглавуваат на метадон метадонот според низа експерти и лица кои биле на метадон е полош и појак од хероинот“, додава Дечев.Организацијата Марита вечра одржа прес-конференција по повод денешиот ден – 26 јуни, Светскиот ден за борба против злоупотреба и трговија со дрога. Извршниот директор на фондацијата Стефче Дечев изјави дека организацијата Марита во Македонија не е доволно поддржана од институциите, но и од невладините организации. Тој информираше дека на организацијата во Македонија досега пет пати по ред и било одбиено барањето за продолжување на дозволата за работа, а од февруари 2009 г. програмата за превенција од дрога е ставена во целосно мирување. Дечев направи споредба со Норвешка, каде, како што рече, има сто програми за превенција од дрога. Во Македонија старосната граница на регистрирани зависници од дрога постојано се намалува и сега таа изнесува 12 години, а според македонските невладини организации бројката на наркозависници во 2008 г. изнесувала и до 30 илјади, а денес тој број е зголемен, предупредија од Марита. Главната дејност на Марита во Македонија е во училиштата и младинските центри каде што едукаторите држат предавања на младите луѓе да не влегуваат во светот на дрогата. Едукаторите се поранешни зависници кои успешно се излекувале од зависноста. Според анализите направени во Македонија, нашата држава троши повеќе метадон од Србија, Албанија и Босна. Само во 2007 г. Македонија потрошила 75 илјада грама. Марита во Норвешка веќе 25 години за занимава со превенција и едукација на младите луѓе, во постојаната борба со дрогата која зазема се поголем замав.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
АХВ: Уништени над 1 тон небезбедна храна од продавниците за здрава храна
Илјада и десет килограми небезбедна „здрава храна” уништија инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство кај 14 оператори во рамки на 373 контроли спровдени неделава, кај оператори именувани како објекти за производство и промет со здрава храна, соопшти АХВ.
Со контролите утврдено било дека 14 оператори воопшпто не биле регистрирани како оператори со храна во Агенцијата.
За утврдените недоследности со контролите, биле издадени 65 решенија, 19 опомени и 44 парични казни, во вкупна вредност од 20.550 евра.
„Кај 9 оператори со контролите утврдени биле незадоволителни хигиенски и технички услови во објектите, кај 7 била пронајдена храна со поминат рок на употреба. Кај двајца оператори најдена била и храна со непознато потекло. Несоодветно означена била храната кај 18 оператори, а кај 23, вработените немале спроведено задолжитрелен здравствен преглед. Двајца од операторите немале воспоставени процедури за Добра производствена и Добра хигиенска пракса, или не воделе соодветни записи. Кај исто толку оператори не била извршена задолжителна дезинфекција, дезинсекција и дератизација во објектите“, пишува во соопштението на АХВ.
Македонија
СДСМ: Наместо луксуз на власта со авиони, да се пренаменат пари за 600 евра минимална плата
Животот во Македонија станува сѐ поскап, работниците едвај врзуваат крај со крај, а власта сѐ луксузира врз грбот на народот, велат од СДСМ.
„Според последните податоци, синдикалната кошничка во февруари достигна 67.400 денари. На едно четиричлено семејство не му се доволни ниту 3 минимални плати месечно за да ги покрие основните потреби. Над 200 илјади работници земаат плата под 30.000 денари. Со сегашното ниско ниво на минимална плата не можат да се покријат трошоците за основни потреби, храната, сметки.. Тешкото секојдневие, високите сметки и поскапувањата ги доведоа работничките семејства на раб. И додека граѓаните се борат за корка леб, премиерот Христијан Мицкоски се луксузира на сметка на народот – со владини авиони, со скапи часовници од 60 илјади евра. Време е да се укине луксузот на власта, а работниците да добијат достоинствени плати, какви што заслужуваат. Бараме парите што власта ги планираше за нов авион да се пренаменат за минимална плата од 600 евра за сите работници. Нема повеќе оправдувања дека „нема пари“. Имало пари за нов авион, за мебел, за уредување кабинети, за службени автомобили. Нека направат ребаланс на Буџетот и нека ги пренаменат парите за плати. Доста е расфрлање со милиони за авиони – мали или големи – додека народот тоне. Доста е луксуз на грбот на народот“, стои во соопштението на СДСМ.
Македонија
Обвинителство: Забрана за две правни лица од Велешта да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум
Преземајќи истражни дејствија по наредба на Основното јавно обвинителство Струга за испитување на причините за загадувањето на водата од извориштето во селото Шум, истражните органи затекнаа работни машини на две правни лица од Велешта кои вршеле кршење, ископ и транспорт на карпи во поголем обем во непосредна близина на изворите, информираат од Обвинителството.
Како што се наведува во соопштението, поради сомненија за кривични дела – Незаконита експлоатација на минерални суровини од член 225-а и Загадување на водата за пиење од член 219 од Кривичниот законик, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка веднаш достави предлог за определување мерки на претпазливост – забрани на правните лица да ги посетуваат парцелите каде вршеле ископ и забрана да преземаат какви било работни активности на подрачјето.
Основното јавно обвинителство Струга продолжува да презема дејствија за обезбедување докази и испитување на евентуална кривична одговорност во однос на енормното загадување на изворите во Шум од каде подрачјето на градот Струга се снабдува со вода за пиење, стои во соопштението.

