Македонија
Адеми: ДПА го стагнираше спроведувањето на Охридскиот договор

Интервју на вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор Абдулаќим Адеми за новинската агенција МИА, кое го пренесуваме интегрално
Неодамна се вклучивте на координативните средби на државниот врв во врска со спорот со Грција околу уставното име на Република Македонија. Што за Вас значи овој чин, каков е ставот на ДУИ по однос на ова прашање и дали е можно скорешно решение?„Иднината на земјата е предизвик кој треба да го почуствуваат сите граѓани на една држава. Тоа не е работа која треба да се однесува само на одредена групација на луѓе. Впрочем, грижата за тоа како ќе живееме е заедничка затоа што и доброто и лошото ги зафаќа сите жители на државата. Токму затоа, политичките партии на Албанците во Република Македонија од поодамна чуствуваа потреба да бидат дел на решението поврзано со наметнатото прашање со името на Република Македонија. Во тој однос Албанците бараа да имаат поактивна улога во овој процес. Со тоа нормално да произлезат и одговорности, но одговорноста се презема само ако сте активен учесник во одреден процес.Во сево ова, како што е познато ДУИ како легитимен преставник на Албанците ги претставува нивните интереси и настојува со активно учество да допринесе за што побрзо елиминирање на сите можни пречки на патот кон евроинтеграциите. Ние како партија се залагаме за изнаоѓање на компромис кој ќе биде прифатлив за двете страни при што ќе се запази и мултиеничкиот карактер на државата. Најавивте анализа на донесувањето закони согласно Рамковниот договор, но и анализа на нивното спроведување. Кога ќе ги објавите резултатите од анализата и какви се првичните сознанија?- Анализата ќе даде пресек на стореното во изминатиот период во квантитативна и квалитативна смисла, збоорот ми е за Рамковниот договор. Првичните сознаниа се дека формално е направено доста, но суштинсти преостанува обемна работа да се заврши. Групите кои го потготвуваат анализата уште работат и се очекува да се објави за осумгодишнината на Рамковниот договор. ДПА и неколку невладини организации најавија изработка на нов документ како замена за Рамковниот договор, со образложение дека тој не се спроведува и веќе е надминат. Сметате ли дека тоа е потребно?- Договорот кој доведе до прекин на конфликтот е мировен, постигнат меѓу претставниците на две заедници. Договорот како што знаете има и меѓународна гаранција. Едностраната оценка може само да биде поттик за позабрзано спроведување. Но морам да истакнам дека одредена стагнација во спроведувањето се чувствува од 2006 г. кога коалиционен партнер на власта беше токму ДПА. Во тоа време не слушнавме дека нештата не одат како што треба. Значи станува збор за опозиционерско однесување па и кон ова прашање.Колку сте задоволни од спроведувањето на правичната застапеност согласно Рамковниот договор. Колкав е процентот. Имавте два конкурса, согласно кои неодамна доделивте решенија за 46 државни службеници. Што е со останатите и се планира ли дополнителни конкурси за годинава?- Правичната застапеност е еден од клучните столбови на Рамковниот договор и ние максимално сме фокусирани во исполнување на овој сегмент. Според нашата информација застапеноста на Албанците е 16 проценти што претставува бројка со која не може да бидеме задоволни. Затоа, од кога ДУИ е коалиционен партнер објавени се три конкурси и според владината програма во текот на ова година ќе има и други конкурси за да го испониме бројката од илјада вработувања, како што се предвидени. Дали вработувањето припадници на помалите етничките заедници ќе продолжи и покрај владините мерки за запирање на вработувањата во државната администрација?- Да, како што знаете вработувањата според Рамновниот договор се надвор од владините антикризни мерки и ние ќе продолжиме и со спреводување на оваа обврска од Рамковниот договор затоа што спроведувањето е еден од петте приоритети на ова владина коалиција.Го донесовте Законот за употреба на јазиците, имате ли податоци како тој се спроведува?- Интензивно се работи во правец на службената употребата на албанскиот јазик согласно Законот кој претставува добра основа за службената употреба на албанскиот јазик. Се работи интензивно во поглед на примената на овој Закон. Сега веќе во Собранието на Република Македонија функционира посебен сектор на преведувачи и секој ден се зголемува примената во овој орган. По општините имаме шаренило, но како Влада секојдневно работиме во елиминирањето на сите проблеми кои ја оневозможуваат службената употреба на албанскиот јазик. Проблемите се од повеќе сфери и не се исти секаде. Кај некои партии на Албанците постојат амбиции за влегување во владината коалиција. Дали има простор за уште една албанска партија во Владата?- Во владината коалиција учествува албанската партија која ги доби изборите. Така се поправи направената грешка од 2006 г. Партијата на Имер Селмани не е произлезена од избори, туку е дел на Демократската партија на Албанците која силно ја поддржуваше изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ. Во пратеничкиот состав на партијата на Селмани има двајца поранешни министри и двајца пратеници. Ова Собрание и оваа Влада немаат наполнето една година. Се уште не минала една година откако господинот Селмани во Собранието силно ги бранеше законите во новиот состав на највисокиот законодавен дом. Јас и моите сопартијци тогаш не бевме министри. Одредени одлуки или закони кои сега се проблематизираат датират од времето на ДПА, донесени се со нивен благослов, а некои и со нивен потпис, како што е случајот со црквата во Плоштадот и други проекти. Ако некој се обидува да се амнестира нека го направи тоа. Но сосема е нечесно во тој обид вината да се префрли врз други. Македонија го призна Косово, но Скопје и Приштина се’ уште немаат воспоставено дипломатски односи. Очекувате ли наскоро тоа да се случи ?- Незавино Косово е реалност на Балканот и добро е што ние станавме земја која ги прифаќа реалностите. Ние покажавме дека не заостануваме од другите европски влијателни земји и тоа преставува доказ за нашата европска ориентација. Определени сме за споделување на европски стандарди и развивање на добрососедски односи. Воспоставувањето на дипломатски односи треба да се случи што е можно побрзо бидејќи тоа ќе ни овозможи посилна и поквалитетна соработка во секој поглед, особено во сферата на економската соработка. Претседателите на Македонија и на Косово Ѓорге Иванов и Фатмир Сејдиу се сретнаa минатата недела на неформалниот состанок на претседателите од регионот во Валона. Дали таа средба според Вас ќе значи нов импулс за поинтензивна соработка, особено по недоразбирањата околу откажаната посета на косовскиот претседател на Македонија?- Неспретните случувања не смее да станат пречка во градењето на иднината. Само добрососедската соработка е фактор кој гарантира успешност во градењето на цврста и просперитетна држава. Тоа се наши, а верувам и стремежи на косовската политика. Претседателите се сосема свесни за тоа, оттука и средбата што се одржа во Валона претставува силен сигнал за сите, во двете држави, дека краткиот застој ќе ни послужи како нов, посилен залет, со предизвиците кои не очекуват во нашите стремежи кон евроатлантските интеграции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) со загриженост ја следи јавната комуникација на Министерството за здравство, во која се упатуваат апели до медиумите кои се ограничувачки по својата содржина и претставуваат обид за воспоставување на лоша институционална пракса во односите со медиумите.
„Како ЗНМ, го осудуваме обидот на Министерството да наметнува практични правила за тоа како медиумите треба да известуваат, особено кога тоа се однесува на чувствителни настани од јавен интерес. Таквите инструкции, иако формално претставени како апели, во суштина се форма на институционален притисок и можна цензура, што е спротивно на основните демократски принципи и правото на слобода на изразување“, велат од ЗНМ.
Потсетуваат дека членот 16 од Уставот гарантира слобода на јавното информирање и забрана на цензурата, а прашањата поврзани со новинарската етика и професионализмот припаѓаат исклучиво на саморегулаторната сфера. За тие прашања постојат Советот за етика во медиумите и Судот на честа при ЗНМ, кои се единствено надлежни да оценуваат евентуални повреди на етичките норми.
„Ги повикуваме новинарите и медиумските работници да продолжат да известуваат со професионализам, етика и чувствителност, особено кога се работи за трагични настани и ранливи групи. Но истовремено, укажуваме дека секој обид за институционално ограничување на пристапот до информации и начинот на известување е неприфатлив и штетен по јавниот интерес“, велат од Здружнието.
ЗНМ останува отворено за дијалог со институциите со цел унапредување на транспарентноста и заемната соработка, но цврсто стои во одбрана на уредувачката независност, медиумската слобода и правото на јавноста да биде информирана – како темелни вредности на секое демократско општество.
Македонија
Евакуација во Психијатриската болница Бардовци, пожарот го зафати дворот

Попладнево избувна пожар во населбата Геге кој се прошири кон населбата Бардовци и зафати дел од површината на дворот на Психијатриската болница Бардовци, обраснат со висока сува трева и дрвја.
Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираа дека пожарот претставувал опасност да се прошири во целиот комплекс на болницата. Пациентите и персоналот веднаш биле евакуирани, безбедно изнесени надвор од кругот на болницата.
ЦУК под водство на директорот Мухамед Али, побарал дополнителни сили од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) и координирал со Хеликоптерската единица на Министерството за внатрешни работи (МВР). Првично се разгледувала можноста за пренасочување на воздушната поддршка, која дејствувала во општина Чучер Сандево – Блаце, за да помогне во гаснењето на пожарот во Бардовци.
Во моментот, пожарот е ставен под контрола и нема потреба од дополнителна воздушна поддршка. Хеликоптерот на МВР останува ангажиран кај Блаце, општина Чучер Сандево.
На лице место, заедно со директорот на ЦУК, Мухамед Али, беше и директорот на болницата, Иса Абдулаи, кои ја координираа целата акција.
Македонија
Хеликоптер го гасне пожарот кај Блаце

Хеликоптер на Министерството за внатрешни работи е веќе вклучен во акцијата за гаснење на пожарот кој избувна над магистралниот пат Скопје – Граничен премин Блаце.
Пожарот избил на потегот пред тунелот, од десната страна на коловозот. Зафатил тежок и непристапен терен, па по дојава на бројот за итни случаи 112, Центарот за управување со кризи (ЦУК) веднаш побарал воздухопловна поддршка. Хеликоптерската единица бргу се активирала, а акцијата на терен се координира заедно со припадници на противпожарните служби и други надлежни институции.