Македонија
ДИК да ги поништува изборните резултати заради финансирањето на кампањите
Државната изборна комисија да може да ги поништи изборните резултати доколку се појават нерегуларности во финансирањето на изборните кампањи на политичките субјекти за да се сфатат изборите како државна придобивка, бараат политичките експерти
Да се отстрани психичкиот притисок во изборниот процес во Македонија, да се ажурираат избирачките списоци, да се регулира финансирањето на кампањите на политичките субјекти, учесници во изборите и да се обучи администрацијата се дел од препораките на експертите за подобрување на изборниот процесСамо 40 отсто од постапките против нарушителите на изборниот процес од 2008 година се завршени, а по завршувањето на главните претреси надлежните основни судови за 23 лица донеле осудителни пресуди, а ослободени од обвинение се 2 лица, заклучиле набљудувачите на Коалицијата Сите за правично судење. Професорката Тања Каракамишева, која соработувала со Коалицијата во изработка на Извештајот за институционалниот одговор против изборните нерегуларности 2008-2009 година смета дека финансирањето на изборните кампањи се уште е еден од поголемите проблеми во изборните процеси во Македонија. Незадоволна од начинот на кој партиите и политичките субјекти ги доставуваат финансиските извештаи до Државниот завод за ревизија предлага да се направи образец што ќе го поплнат сите подеднакво. “Државниот завод за ревизија потполно ја промарши работата. Или тој треба да добие јаки законски решенија и регулативи или да се најмат странски или домашни агенции што ќе бидат задолжени за обработка на финансиските извештаи“, рече Тања Каракамишева на денешната презентација на Финалниот извештај. Според неа, треба да се поднесуваат финансиски извештаи најмалку три пати, при распишувањето избори, на средина на процесот и по завршување на изборите, а на крај да може да се споредат потрошените средства со пријавените. Исто така, Каракамишева предлага еден отсто од Буџетските средства наменети за изборите да се поделат на сите политички субјекти подеднакво за кампања, со што би се избегнало и политизирање на медиумите. Каракамишева забележува дека за последните претседателски и локални избори, без разлика што во Извештајот на Антикорупциска за постоење дискрепанца во однос на финансирањето на кампањите со препорака јавен обвинител да покрене постапка против политичките субјекти, тоа не е направени и никој не го проследува. Како крајна мерка, Каракамишева предлага Државната изборна комисија да може да ги поништи изборните резултати врз основа на несоодветствување на финансиските извештаи и потрошените пари, затоа што само на тој начин ќе се смени практиката на наштите поилитичари, кои на досегашниот начин знаат дека ќе поминат неказнето, па продолжуваат по старо. Според неа и фактот што членовите на ДИК се од политички паритии доведува до тоа многу извештаи на ОИК за нерегуларности да не стигнат до јавниот обвинител како докази по кои може да се постапува. Проблемите со избирачкиот список може да се надминат доколку се ажурира стариот список, а како препорака во Извештајот се наведува да се создаде друг список, посебен, за граѓаните на Македонија, кои подолго време живеат во странство. Исто така, Каракамишева вели дека без разлика што на последните избори во Македонија немаше оружено насилство, сепак присутно беше психичкото насилство, кога групи луѓе гласаа под притисок за одредена политичка опција, а особено тоа е присутно во руралните средини и во помалите изборни единици. Како четврт проблем е забележана неспремноста на изборната администрација, која како што препорачува Извештајот, треба многу порано да почне со обуки, а не неколку месеци пред избори. ДИК да биде столб на изборниот процес со подготвени упатства за пониските органи, за да не се дојде до ситуација како што годинава се случи со членот 7 од Изборниот законик кога различно се толкуваше дали може човек осуден на казна затвор од 6 месеци да биде кандидат или не. За Александар Чочоровски, кој исто така работел на Извештајот незамисливо е што полицијата била директен учесник во неколку нерегуларности на изборите, а казнети се само директните учесници, 12 полициски слиужбеници, но никој од повисоките полициски инстанци не сноси никаква одговорност.Извештајот е изработен по специјална методологија со следење на судски процеси и собирање информации од релевантни институции, ДИК, Врховен и Управен суд, Антикорупциска, Државниот завод за ревизија, Советот за радиодифузија и други. Коалицијата Сите за правично судење Финалниот извештај го спрведе со финансиска поддршка на Мисијата на ОБСЕ и фондавијата ФИООМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“. Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција. ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ. Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан. Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот! Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние? Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски. Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност. Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски“ стои во реацијата на претседателот Филипче.
Македонија
(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница и со граѓаните како главен приоритет се посочуваат реформите и нивната реализација.
„Тоа е она што е главен фокус и приоритет на оваа Влада. Реформи и испорака. Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во државата мора да се однесува одговорно кон граѓаните, иако после локалните избори и оној апсолутен триумф, политички гледано нас ни одговара да има предвремени парламентарни избори, но и покрај сето тоа нашиот приоритет и фокус е испорака и реформи за подобар живот и стандард на граѓаните“, истакна Мицкоски.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев
Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашните власти СДС и ДУИ. На судско рочиште судијата Катевеновски истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и дека ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие. Но, по само еден ден од оваа дадена изјава на Катевеновски, кој вели дека била дадена зад затворени врати, Судскиот совет свикал итна седница на која тој бил разрешен. Сведоштвото на Катевеновски води кон тогашните власти, а како што вели тој – неговото разрешување дошло од СДС и ДУИ, или во превод од Зоран Заев и Али Ахмети“, рече Манасиевски.
Тој истакна дека „правдата и вистината која Заев ја ветуваше кога дојде на власт се покажа како селективна“.
„Но, она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност!“, заклучи Манасиевски.

