Контакт

Македонија

Поддршка со запечатени усти

Објавено пред

Учесниците на мирниот протест на плоштадот Македонија против изградба на објекти во центарот на Скопје, најавија дека утре ќе ги поддржат обвинетите на судењето пред судот за прекршоци

dobivaj vesti na viber

Утре започнува судењето на учесниците на мирниот протест од плоштадот Македонија од 28 март годинава, што се претвори во насилни тепачки. Како што соопштија учесниците, покрај тројцата организатори на протестот, нови девет учесници овојпат се обвинети за “викање и карање” на протест. Затоа тие не сакаат повеќе да дебатираат околу, според нив, очигледните факти, дека биле нападнати и дека наместо жртви сега се виновни за инцидентот. Тие прашуваат како може некој да е обвинет за викање на протест, кога протест на друг начин не се ни води.

„Да, ние викавме, и за тоа не планираме да се правдаме. Тоа е и смислата на еден протест и колку што ни е познато досега во Македонија не се одржал ниту еден протест без таков ’прекршок’“, се вели во соопштението од организаторите на протестот.Тие најавија дека утре пред судот за прекршоци ќе ги поддржат нивните пријатели со запечатени усти за да не го нарушуваат јавниот ред и мир.

„Ниеден од нас нема да даде изјава за медиумите затоа што се плашиме дека и тоа може да го толкуваат како нарушување на јавниот ред и мир. Затоа, ве покануваме да испратите само камермани и фотографи од вашите редакции, бидејќи за репортерите ќе нема работа“, се вели во соопштението.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Меџити на министерскиот совет на енергетската заедница во Австрија: во фокусот управување со водите, надградба на патоказот за декарбонизацијата

Објавено пред

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денес отпатува на работна посета на Виена, Австрија, каде ќе учествува и ќе има обраќање на 22-от Министерски совет на Енергетската заедница, што ќе се одржи на 12 декември.

dobivaj vesti na viber

На овој годишен состанок, каде Меџити присуствува заедно со министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, ќе се дебатира околу теми поврзани со идното воведување на дополнителни законодавни обврски од областите нa управувањето со водите, живеалишта и дивите птици (измените од 2009 на ЕУ директивата), како и околу надградбата на патоказот за декарбонизацијата.

Енергетската заедница е меѓународна организација која ја олеснува енергетската соработка на ЕУ и деветте договорни страни: Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Грузија, Молдавија, Црна Гора, Србија и Украина, а има и три постојани набљудувачи: Ерменија, Норвешка и Турција. Нејзина главна цел е да ги приближи договорните страни на ЕУ преку олеснување на реформите и постепено проширување на правото на ЕУ за енергија, животна средина и клима.

Прикажи повеќе...

Македонија

Oбвинителството оформи предмет за Груби и судијата Беџети кои се на „црната листа“ на САД

Објавено пред

Обвинителството оформи предмет со којшто се опфатени поранешниот прв вицепремиер Артан Губи и судијата Енвер Беџети кои беа ставени на „црната листа” на САД поради корупција.

dobivaj vesti na viber

Од Обвинителството на брифинг со новинарите кажаа дека предметот е доставен до надлежно обвинителство за прибирање докази. Ќе се испитува кој е давател на поткупот, кој е примател на поткупот, дали имало тргување со влијанија.

Груби, и Беџети беа ставени на „црната листа“ поради примање поткуп во врска со предметите што се воделе против ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков,  a американската амбасадорка во земјава, Ангела Агелер вчера рече дека Вашингтон ја разгледува можноста и за дополнителни санкции.

Агелер на прес-конференцијата прашана од новинарите дали ќе ги обезбедат доказите пред македонските власти рече дека САД не може да ги споделат поради прашања поврзани со приватноста, меѓутоа нема ни потреба со оглед на тоа што доказите се достапни.

„Интересно е што се соочуваме со критики во стилот: ‘Зошто го правите ова кога никој не е гонет и нема акција во земјата’. Но, ние не го спроведуваме законот во оваа држава“, рече Агелер додавајќи дека по нивната одлука, понатаму домашните власти може да преземат.

„Кога ние можевме да ги собереме доказите, можат и тие“, рече амбасадорката.

Претходно, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го повика Обвинителството да постапи.

„Во меѓународното право и во меѓусебните односи постојат начини да се дојде до тие докази и да се почне постапка тука бидејќи во спротивно ние не рагираме кога мора да реагираме и со тоа го толелираме беззаконието. Очекувам јавниот обвинител да почне да постапува“, изјави вчера Давкова.

Претседателката дополнително како загрижувачки момент го истакна и тоа што на листата на САД се најде и името на судија од Македонија бидејќи, како што рече, судот треба да биде синоним за почитување на правото и правдата.

По објавата на САД за црната листа, Груби изјави дека целиот свој јавен живот го посветил на одбраната на западните демократски вредности и секогаш посветено работел за членството на земјата во НАТО и во Европската Унија, поради што оваа одлука го засега директно и лично.

„Ќе се обврзам со сета посветеност и максимално, заедно со сите наши пријатели и партнери, со кои ја споделувавме визијата и работевме со години за интеграција на земјата во евроатлантските структури, целосно да го разјасниме ова прашање“ вели Груби.

Тој додаде дека танспарентноста и посветеноста на демократските вредности и понатаму ќе бидат главниот столб на секоја негова акција.

Прикажи повеќе...

Македонија

По четири децении постоење, подобрени условите за хемодијализа и реновиран објектот за пациентите во струшка нефрологија

Објавено пред

После постоење од речиси четири децении, во ЈЗУ Нефрологија Струга извршени се поголеми градежни зафати, а инвестирано е и во подобрување на условите за третман на пациентите, благодарение на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – фаза 2“ преку програмата „Инвестициски проект со дигитална компонента од грантовата шема“ кој го реализираше Министерството за локална самоуправа со поддршка на Владата на Швајцарија, соопштија од Министерството за локална самоуправа.

dobivaj vesti na viber

Заменик министерот за локална самоуправа, Ерџан Селими, заедно со директорот на установата, Јетмир Зиба и директорот на Центар за развој на Југозападен плански регион, Ваљон Каба, денеска ја посетија установата со што и официјално се означи имплементацијата на проектот вреден 26 милиони денари.

Според соопштеното, во рамки на проектот, на главната зграда на установата поставени се фотонапонски панели, има соларен систем за загревање на вода, нов систем за греење/ладење, дизел агрегат, извршена е замена на столарија и подобрен е системот за осветлување во внатрешноста на објектот. Истовремено, како што е наведено во информацијата, поставен е и безжичен систем за болничка дојава во оддел за интензивна нега, воспоставен е централен систем за дистрибуција на кислород, извршена е надградба на интернет страната на установата со можност за електронско закажување на прегледи и дијализа. Инвестирано е и во објектот наменет за „холидеј дијализа“ кој сега е комплетно реновиран, има и нов систем за греење/ладење и вентилација, нов инвентар (медицински фотелји, опрема за сестринска соба и друг потребен специјализиран мебел).

„Установата сега ги поседува сите услови за навремен и комплетен третман на лицата со бубрежни заболувања. Купен е систем за централно снабдување со кислород за три сали за хемодијализа и интензивна нега, систем за реверзибилна осмоза, комплетно се реновираше одделот за ‘холидеј дијализа’ и тој сега може да се користи преку целата година, а капацитетот на дневниот третман се зголеми на 60 лица. Веќе почнавме да ги намалуваме и трошоците за електрична енергија, благодарение на реконструираниот кров и фасада и поставените соларни панели на покривот на објектот. Оваа капитална инвестиција е од исклучително значење и голем исчекор за подобрување на медицинските услуги кои ги нудиме“, изјави директорот на ЈЗУ Нефрологија, Зиба, кој информираше дека со проектот постигната е енергетска ефикасност на објектот, а како резултат на модернизацијата на веб страната на установата, сега постои можност за електронско закажување на прегледи и дијализа.

„Чест ми е што сум присутен на денешното официјализирање на проектот за подобрување на здравствените услуги во оваа установа, која е од исклучителна важност со оглед на тоа дека таа годишно пружа нега на над 14.000 пациенти од земјава, но и пошироко. Голема благодарност за поддршката на Владата на Швајцарија со чија помош ги решивме сите аномалии на установата, како од инфраструктурен аспект, така и од медицинска гледна точка. Сега, установата нуди услуги и третман по сите стандарди во интерес на нејзините пациенти, нашите граѓани, но и оние од регионот, а создадени се и услови за развој на здравствен туризам што е од значење не само за Струга, туку и целиот југозападен регион“, изјави заменик министерот за локална самоуправа, Ерџан Селими.

Повеќекратните придобивки од инвестицијата во установата ги посочи и директорот на Центар за развој на Југозападен плански регион, Ваљон Каба.

„ЈЗУ Нефрологија Струга е единствена болница во југозападниот плански регион кој ја третира областа на бубрежни заболувања, па оттаму, имплементацијата на проектот со кој се подобрија условите за нега на пациентите, како и за условите за работа на медицинскиот персонал се од исклучителна важност. Овој проект, заедно со проектот за реконструкција на болницата за срцеви заболувања во Охрид, местоположбата на установите, природните убавини со кои се опкружени, во голема мера создаваат услови за развој на здравствениот туризам во регионот“, истакна Каба.

Вредноста на целиот проект изнесува 26.043.286 денари. Министерството обезбеди 11.324.000 денари, Швајцарската агенција за развој и соработка учествува со 9.200.000 денари, финансики удел има и установата со 4.200.000 денари, а останатите се средства од буџетот на Општина Струга, соопшти ресорното министерство.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 минути

Oбвинителството оформи предмет за Груби и судијата Беџети кои се на „црната листа“ на САД

Обвинителството оформи предмет со којшто се опфатени поранешниот прв вицепремиер Артан Губи и судијата Енвер Беџети кои беа ставени на...

Македонија2 часа

Ковачевски не е достапен за полицијата и не се откажал од македонското државјанство, рече министерот Тошковски

Поранешниот директор на „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ), Васко Ковачевски, е недостапен за полицијата. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски,...

Македонија2 часа

Моноетничките седници секогаш биле најава за лоши периоди во мултиетничка држава, стражата на јазикот продолжува, порача Османи пред Уставниот суд

Осуда на продолжувањето на седницата на Уставниот суд изрази потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи. „Апсолутно е недозволено во мултиетничка држава...

Македонија2 часа

Се засилуваат инспекциските контроли пред новогодишните празници, пакетчињата за деца под посебен мониторинг

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) почнува со спроведување засилени вонредни контроли кај...

Македонија3 часа

Поранешниот директор на ЕСМ, Васко Стефанов, со лисици спроведен во Кривичниот суд

Поранешниот директор на ЕСМ, Васко Стефанов, со лисици на рацете утрово беше спроведен во Кривичниот суд. Тој е еден од...

Топ4 часа

(Видео) Пронајдени над четири килограми дрога при претрес во Драчево

Синоќа во 21.35 од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција и Единицата за недозволена трговија при СВР...

Македонија5 часа

Неотворањето истрага против Артан Груби ја покажува спрегата на ДУИ и СДС со правосудството, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Македонскиот судско-обвинителски систем во спрега со политиката од минатата владејачка гарнитура. Она што ВМРО-ДПМНЕ изминатиот период го зборува почна на...

Македонија5 часа

Уставниот суд да не потпаѓа под политички притисоци и да одлучува единствено во согласност со Уставот, бара СДСМ

„Уставниот суд како орган на Републиката кој ја штити уставноста и законитоста, мора да донесува одлуки кои се правно и...

Македонија6 часа

Најмногу снег на Попова Шапка

Најладно утрово било на Попова Шапка кадешто се измерени -4 степени, -1 било во Лазарополе, 0 степени се измерени во...

Европа6 часа

(Видео) Најмалку шест лица загинаа во рускиот воздушен напад врз Запорожје

Бројот на загинати во рускиот ракетен напад кој вчера уништи клиника во украинскиот град Запорожје се искачи на шест, додека...

Свет7 часа

(Видео) Израелските сили извршија речиси 480 напади во изминатите два дена врз Сирија

Падот на режимот на Башар ал Асад во Сирија предизвика интензивен израелски воен одговор, вклучувајќи воздушни и копнени операции низ...

Свет7 часа

Полицијата упадна во канцеларијата на претседателот на Јужна Кореја, поранешен министер се обиде да се самоубие

Полицијата во Јужна Кореја изврши рација во претседателската канцеларија во Сеул, по неуспешниот обид на претседателот Јун Сук Јеол да...

Европа8 часа

(Видео) Русија: Го транспортиравме Асад на најбезбеден начин

Русија го транспортираше Башар ал Асад, кој беше соборен со молскавична офанзива од позицијата на претседател на Сирија, на „најбезбеден...

Свет8 часа

Новиот сириски премиер: Време е луѓето да уживаат во стабилност и мир

Новиот премиер задолжен за транзицијата во Сирија, Мохамад ал-Башир, во интервју за Ал Џезира вети стабилност и мир на сирискиот...

Македонија20 часа

„Тие што треба да не штитат, не трујат со наши пари“: Граѓаните со протестен марш против загадувањето

Со протестен марш, кој започна пред Министерството за животна средина, попладнево иницијативата „Зелен хуман град“ заедно со други граѓански организации...

Македонија21 час

Под истрага 23 лица во акцијата „Адитив“

По двонеделна предистражна постапка што започна да се спроведува од 21.11.2024 година кога предметот е доставен на надлежно постапување на...

Македонија1 ден

За Мицкоски, ДУИ е политички глодач: Знаат дека утре ништо нема да се случи со Законот за јазиците, но ќе излезат и ќе кажат дека поради нивниот притисок, сè е одложено

На членовите на Демократската унија за интеграции им е многу јасно дека утре не може ништо да се случи со...

Македонија1 ден

Доказите за црната листа на САД се лесно достапни, македонските институции може самите да ги обезбедат, рече американската амбасадорка Агелер

Американската амбасадорка Ангела Агелер вели дека се разгледува можноста за дополнителни санкции за поранешниот вицепремиер Артан Груби и за судијата...

Македонија1 ден

Васко Ковачевски не е во државата веќе подолго време, но Мицкоски очекува бргу денеска да биде обезбеден и вратен

Васко Ковачевски не е во државата подолго време, но очекувам и да го обезбедиме и да го вратиме во државата,...

Македонија1 ден

Силјановска-Давкова очекува судот и Обвинителството да постапaт по црната листа на САД

Лицата што се нашле на црната листа на САД не треба да продолжат со редовни активности, смета претседателката Гордана Силјановска-Давкова...