Македонија
Средбата Нимиц – Милошоски закажана за попладне
Метју Нимиц, посредникот на Обединетите нации во спорот за разликите за името меѓу Грција и Македонија денеска попладне во Скопје ќе се сретне со шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски.
Нимиц и Милошоски е предвидено да разговараат за последната рунда на преговори кој тој на 22 јуни во Женева ја имаше со двајцата преговарачи амбасадорот Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис.Медијаторот освен со Милошоски, ќе има среди и со државниот врв. Средбите на Нимиц со премиерот Никола Груевски и претседателот Ѓорге Иванов се планирани за утре. По тоа заминува за Атина, каде ќе биде пречекан само од грчката министерка за надворешни работи Дора Бакојани.Според, најавите од канцеларијата на Нимиц малку е веројатно тој во Скопје и Атина да допатува со нов предлог, но можно е да разговара за одредени модификации на последниот пакет идеи. Медијаторот има задача и да утврди дали има шанси за интензивирање на преговорите меѓу Скопје и Атина во наредниот период со оглед на нестабилната политичка состојба кај јужниот сосед и можноста од предвремени избори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Дабиле
Од 04:20 часот сообраќајот на магистралниот пат Струмица – село Дабиле е нормализиран, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Министерката Јаневска ќе учествува на „Глобалниот конгрес за популација, здравје и човечки развој“ во Каиро
Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска од 12 до 15 ноември ќе учествува на „Глобален конгрес за популација, здравје и човечки развој“ што по трет пат се одржува во Каиро, под покровителство на Претседателот на Египет, Абдел Фатах Ел – Сиси.
Предвидено е учество на министерката Јаневска на повеќе панел дискусии посветени на човечкиот развој, развој и примена на иновации со фокус на вештачката интелигенција, а ќе биде и воведен говорник на сесија посветена на неформалното образование како концепт на доживотно учење.
За време на конгресот, Јаневска ќе оствари билатерална средба со египетскиот министер за високо образование и научни истражувања, Мохамед Ајман Ашур.
Македонија
Неколку улици во Скопје денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач ф-125мм на крстосницата Индира Ганди/Гвадалахара, прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици; Гвадалахара, Индира Ганди, Метохиска, Јован Хаџи Шишко и Гарсија Лорка, општина Шуто Оризари.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека денеска поради уличен дефект од ф 1” на улицата Прашка бр.50, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од улицата Прашка од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

