Македонија
Кучињата-скитници ќе се тргнат од улиците
Коце Трајановски, гадоначалникот на Скопје, вети дека ќе се справи со проблемот на граѓаните со кучињата-скитници со зголемување на капацитетите на Службата на заловување на улични кучиња, набавка на јамки, пушки за успивање и возила, повеќе ветеринари, но без штета за животните
Градоначалникот на Град Скопје, во петокот се сретна со претставници од здружението Срце за животните за да ги слушне нивните предлози за решавање на проблемот со уличните кучиња. На состанокот, градоначалникот Коце Трајановски ја предочил Програмата на активности на Градот Скопје, во која се предвидува зголемување на капацитетите на Службата на заловување на улични кучиња, набавка на јамки за заловување, пушки за успивање и возила. Тој ја нагласил и потребата од ангажирање на дополнителен број ветеринари. Градоначалникот Трајановски ги уверил претставниците на Срце за животните дека во стационарот Вардариште не се врши масовно убивање на кучињата и ги потврди своите заложби за хуман третман на уличните кучиња.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

