Македонија
Бесплатни филмови на плоштад
Од денеска видеопроекции на филмови на плоштад Македонија и во Градскиот парк.
Бесплатни видеопроекции на голем број филмски хитови, како “Хари Потер”, “Пиратите од Карибите”, трилогијата “Матрикс”, “Борат” и други, ќе се случуваат секоја вечер на Градскиот плоштад во Скопје и во Градскиот парк, зад споменикот на Гоце Делчев. Ова изненадување од “Т-Home” ќе започне од вечерва во 21:30 ч., со последниот Џејмс Бонд филм, “Казино Ројал”. Од таму велат дека следуваат голем број подароци за дел од присутните, а секако и големи и удобни перничиња за седење, заради целосно уживање во филмската проекција, по која присутните ќе можат да се забавуваат со музиката на диџеи.Освен во Скопје, вакви проекции ќе има и во Тетово, Струмица, Битола, Прилеп и Охрид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Какво ќе биде времето на 31.декември и први јануари
На 31 декември и 1 јанури не’ oчекува стабилно и претежно сончево време.
Според прогнозите на УХМР, времето на последниот ден од годината ќе биде наутро студено со услови за појава на магла по одделни котлини.
Преку денот ќе биде сончево со мала локална облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер од северо0западен правец. Температурата ќе се движи од минус 7 до 13 степени.
Утрото, следниот неработен ден на 1 јануари, ќе биде студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот, времето ќе биде сончево и тивко со мала локална облачност. Максималната температура ќе достигне 14 степени.
Според прогнозата за следните денови, снежната покривка на планините постепено ќе се намалува. По одделни котлини ќе има појава на магла со пониски дневни температури.
Македонија
Потребата од нов Закон за помилување на маса на средбата помеѓу Давкова и Филков
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари работна средба со министерот за правда, Игор Филков, на која стана збор за соработката во процесот на помилувањето, но и за потребата од донесување на нов Закон за помилување.
Како што соопштија од кабинетот на Давкова, на средбата беа разменети и аргументирани мислења за актуелните и претстојните реформи во правосудството.
Сиљановска-Давкова и министерот Филков се согласија да остваруваат редовни средби поврзани за нивните надлежности низ призмата на правото и правдата.
Македонија
Деспотовски остана без пасош
Кривичниот суд го прифати барањето на скопското обвинителство за одземање на пасошот на поранешниот директор на ТИРЗ и член на СДСМ, Јован Деспотовски.
Тој има обврска повремено да се јавува во судот.
Обвинителството претходно соопшти дека против Деспотовски се води претходна постапка за злоупотреба на службената положба и овластување, но официјално, се’ уште нема детали што опфаќа постапката, додека според некои информации во јавноста, истата, се однесува на финансиски недоследности поврзани со приватна компанија.
„Во предметот се’ уште се преземаат дејствија од страна на Основното јавно обвинителство Скопје и Управата за финансиска полиција. Со цел да не се наштети на постапката, двете институции координирано ќе ја информираат јавноста кога ќе се создадат услови за тоа“, велат од Обвинителството.
Деспотовски претходно ги демантираше тврдењата објавени во дел од медиумите дека бил приведен по налог на Управата за финансиска полиција. Наведе дека ги презема сите потребни правни чекори за заштита на неговата чест и углед, а неговата достапност за институциите и за медиумите досега е потврдена во пракса и ќе остане така и во иднина.