Контакт

Македонија

Казна за службениците што на Маневски му даваа и плата и пензија

Објавено пред

Откако во јавноста излезе случајот за министерот за правда, Михајло Маневски дека неколку месеци земал плата и пензија, Владата, денеска илезе со соопштение дека поради грешки на одговорни стручни служби кај 148 лица се случило тоа

dobivaj vesti na viber

Раководните лица на институциите каде настанале пропустите ќе бидат казнети согласно позитивните законски процеси, соопштуваат од Владата.

“Раководните органи на засегнатите институции каде што настанале пропустите од административна природа, по спроведена интерна постапка согласно законите и подзаконските акти, во пропишана процедура, утврдија постоење на одговорност кај одговорни службеници, кои ќе бидат санкционирани согласно позитивните законски прописи“, стои во соопштението од Владата..Од  Владата објаснуваат дека до вакви пропусти дошло поради грешки на одговорни стручни служби при утврдување на право на плата или пензија во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, но пропусти на  одговорните служби биле направени и во други институции.“Извршено неправилно утврдување на фактичката состојба во врска со утврдувањето на правото на плата или правото на пензија за 148  (сто четириесет и осум) лица“, стои во соопштението од Владата..Меѓу тие лица има граѓани со различни професии, адвокати, нотари, лица носители на јавни функции и овластувања, како и граѓани кои не се вклучени во јавниот општетствено-политички живот. “Се работи за акти на непостапување, или ненавремено постапување на одговорните стручни служби во врска со примената на законите. Тие акти доведуваат до двојна примена на правото, или пак грешна примена на правото, кое ја регулира конкретната материја и проблематика“, објаснуваат од Влада.Како надлежна за функционирањето на институциите каде се случиле пропустите Владата апелира во иднина во иднина да посветат посебно внимание и да преземат соодветни мерки и активности за превенирање на вакви или слични случаи, а евентуалните сторители на нови пропусти да бидат најстрого санкционирани.Пред еден месец пратеникот Владо Бучковски од СДСМ, го постави прашањето на премиерот Груевски, на седница во Собранието за пратенички прашања, зошто министерот Маневски зема и плата и пензија. Потоа следуваа уште неколку политичари, за кои постоеше сомнение дека исто така земаат и плата и пензија. Владата во соопштението бара да не се злоупотребуваат ваквите грешки на администарцијата за дневно-политички цели. Останува прашањето, ако не беше спомнат политичар од висок ранг, како министер за правда и тоа во законодавниот дом, дали Владата ќе го решеше проблемот, или тие 148 лица ќе земаа плата и пензија и понатаму.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Силјановска-Давкова: Еден претседател треба да обединува и да трага по единство

Објавено пред

Гордана Силјановска-Давкова преку социјалните мрежи се заблагодари за поддршката и кажа дека за неа ова претставува голема чест и одговорност.

dobivaj vesti na viber

„Ви тврдам и ви ветувам дека од овој момент овде јас ќе се однесувам како претседателка на сите граѓани. Еден претседател, особено ако е жена, треба да обединува и да трага по единство. Се обврзувам на такво единство бидејќи секогаш ќе бидам со вас и за вас“, напиша Силјановска-Давкова

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од Претседателските и Парламентарните избори

Објавено пред

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, ги објави првичните резултати од одржаните претседателски и парламентарни избори.

dobivaj vesti na viber

Гордана Силјановска Давкова доби 561.000 гласови, а Стево Пендаровски освои 251.899 гласови.

По целосно обработените податоци од вчерашното гласање, ВМРО-ДПМНЕ освои 58 пратенички места, ДУИ – 19 пратеници, СДСМ освои 18 мандати, коалицијата ВРЕДИ – 13, Левица и ЗНАМ по шест маднати.

ИЕ 1 – ВМРО-ДПМНЕ – 10, СДСМ – 3, ДУИ – 2, ВРЕДИ – 2, Левица – 2 и ЗНАМ – 1 пратеник.

ИЕ 2 – ВМРО-ДПМНЕ – 8, ДУИ – 4, ВРЕДИ – 3, СДСМ – 2, ЗНАМ – 2 и Левица – 1 пратеник.

ИЕ 3 – ВМРО-ДПМНЕ – 14, СДСМ – 4, ЗНАМ и Левица по 1 пратеник.

ИЕ 4 – ВМРО-ДПМНЕ – 13, СДСМ – 5, ЗНАМ и Левица по 1 пратеник.

ИЕ 5 – ВМРО-ДПМНЕ – 10, ДУИ – 4, СДСМ – 3, ВРЕДИ, ЗНАМ и Левица по 1 пратеник.

ИЕ 6 – ДУИ – 9, ВРЕДИ – 7, ВМРО-ДПМНЕ – 3, СДСМ – 1 пратеник.

Прикажи повеќе...

Македонија

Груевски ѝ ја честита победата на ВМРО-ДПМНЕ: „Мнозинството ги казни политиките што ги постави Заев“

Објавено пред

Експремиерот во бегство, Никола Груевски, им ја честита победата на парламентарните и на претседателските избори на своите поранешни сопартијци коментирајќи дека мнозинството ги казни политиките што ги постави Зоран Заев, а очекувањата на народот не смее да бидат изневерени.

dobivaj vesti na viber

„Судбината сакаше на Денот на победата над фашизмот, одбележувајќи го големиот пораз на фашизмот во 1945 година, да ги поздравам големиот пораз на СДСМ и убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ на изборите одржани вчера, како на парламентарните така и на претседателските избори.
Вчера, иако со поголемо задоцнување, убедливото мнозинство жестоко ги казни и порази политиките на СДСМ, кои ги постави Зоран Заев, а ги следеа неговите слепи послушници.

Политики полни со национални предавства, криминали, длабока корупција и лично богатење на грбот на граѓаните, секојдневни лаги и манипулации, злоупотреби, политички прогони на неистомислениците, нефункционалност на државните институции и нивно ставање во лична полза, како и неспособност од големи размери.

Политики што Македонија ја уназадија во секој поглед, неповратно иселија огромен број граѓани и ја доведоа земјата во позиција на потчинетост пред негаторите на нацијата и на македонскиот идентитет, јазик, историја, име, националност и посебност. Политики со кои Македонија беше константно 7 години економски уништувана, осиромашувана, ограбувања и морално пропаѓана. ВМРО-ДПМНЕ доби голема подршка од граѓаните.

Честитам!
Но, и голема обврска пред народот и големи очекувања и надеж кај нив, кои не смее да се изневерерат.
Со среќа!
И со ум!“, напиша Груевски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија39 минути

(Видео) ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од Претседателските и Парламентарните избори

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, ги објави првичните резултати од одржаните претседателски и парламентарни избори. Гордана Силјановска Давкова...

Македонија7 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги постави контурите за коалирање со партиите – во фокусот се три точки

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, информира дека претпладнево одржал состанок, на кој биле поставени контурите на рамката врз која ќе го...

Македонија10 часа

Нов состав на Собранието ќе биде избран во следните 20 дена, инаугурацијата на Силјановска-Давкова најдоцна викендов

По завршувањето на парламентарните избори, следен чекор е мандатот на новиот собраниски состав да биде верификуван од ДИК. Во согласност...

Македонија10 часа

Силјановска-Давкова го победи Пендаровски со разлика од 308.632 гласа, разликата што тој ја направи во 2019 година беше 58.210 гласа

Според последните податоци од Државната изборна комисија (ДИК), во вториот круг од седмите претседателски избори во земјата Гордана Силјановска-Давкова освои...

Македонија10 часа

Македонија првпат доби жена претседател – која е Гордана Силјановска-Давкова и за што се залага

Првпат во Македонија во претседателската фотелја седнува жена откога Гордана Силјановска-Давкова, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, го победи досегашниот претседател Стево Пендаровски...

Македонија11 часа

Радев: Набргу ќе се знае дали ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска ќе работат за европската перспектива на Скопје

Бугарскиот претседател Румен Радев вели дека набргу ќе биде јасно дали новоизбраната претседателка на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска, и...

Македонија11 часа

ЗНАМ доби уште еден мандат и има вкупно шест, а ВМРО-ДПМНЕ се намали за еден и има 58 мандати, ДИК објави нови пресметки

Според последните објавени резултати на ДИК, по преброени 99,6 отсто од гласовите во избирачките места, ВМРО-ДПМНЕ освои 58 мандати во...

Македонија12 часа

„Очекувам тесна соработка за европската иднина на земјата“, евроамбасадорот Гир за изборната победа на Силјановска-Давкова

Амбасадорот на Европската Унија во нашата земја Дејвид Гир, утрово на Х и ја честиташе победата на Гордана Силјановска-Давкова на...

Македонија13 часа

Уште едена оставка од потпретседателската функција во СДСМ: Перо Костадинов се повлекува од функцијата по изборниот пораз

По Фатмир Битиќи и Перо Костадинов поднесе оставка од функцијата потпретседател на СДСМ. „Почитувани граѓани и драги сопартијци, по изборните...

Македонија13 часа

Реков дека сум доктор и дека на крајот ги давам лековите: Таравари ѝ препиша терапија на ДУИ

Откако на првичните изборни резултати освоија 13 мандати, коалицијата „Вреди“ славеше а Арбен Таравари на Фејсбук испрати порака до ДУИ....

Македонија13 часа

Мојата оставка ќе биде целосно ефективна кога тоа ќе го сторат и моите другари од раководството на партијата – од првиот до последниот: Битиќи поднесе оставка од функцијата потпретседател на СДСМ

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи со видео обраќање преку својот Фејсбук профил соопшти дека поднесува оставка од функцијата потпретседател...

Македонија13 часа

По поразот на изборите, претседателката на ДОМ поднесе оставка

Претседателката на ДОМ, Маја Морачанин преку Фејсбук соопшти дека поднесува оставка од оваа функција во партијата, по поразот на нивната...

Македонија21 час

ДИК: ВМРО-ДПМНЕ освои 59 мандати, СДСМ 19, Европски фронт 18, ВЛЕН 13, Левица 6 и ЗНАМ 5 мандати

Државната изборна комисија ги објави првичните резултати за парламентарните избори, а бројките ги потврдија пресметките на партиските штабови. „На ниво...

Македонија22 часа

(Видео) Мицкоски: Се им се удри од глава и на крај се избојкотираа самите себеси, време е ДУИ да одат заедно со СДСМ во опозиција

„Успеавме, успеавме. Победи Македонија, историска победа на народот“, кажа вечерва на прес-конференција, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. „Криминалот, корупцијата, неспособноста,...

Македонија23 часа

Димитриевски: ЗНАМ вечерва испиша историја

Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски и посака успешен мандат на Гордана Силјановска Давкова. „Да ја води Македонија во правилна насока,...

Македонија23 часа

(Видео) Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Тврдам дека, од овој момент, ќе се однесувам како претседателка на сите граѓани, на сите етнички групи, партии, оние кои...

Македонија23 часа

(Видео) Ковачевски му честита на Мицкоски: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва на прес-конференција ја честита победата на ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот претседател Христијан Мицкоски и изборот...

Македонија24 часа

(Видео) Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски на прес-конференција вечерва кажа дека резултатите се јасни и им честита на победниците. „Резултатите се...

Македонија1 ден

Првични резултати од ДИК: ВМРО-ДПМНЕ 36,98 отсто, СДСМ 12,51 отсто

Според досега пребројаните гласови, објавени на страната на Државната изборна комисија, ВМРО-ДПМНЕ има освоено 137.077 гласови, односно 36,98 отсто, наспроти...

Македонија1 ден

Силјановска има повеќе од двојна предност пред Пендаровски, покажуваат првичните резултати на ДИК

Кандидатката за претседателка, Гордана Силјановска-Давкова од ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од двојно водство пред Стево Пендаровски од СДСМ, покажуваат првичните резултати...