Македонија
Адеми: Министрите на ДУИ ќе се менуваат кога партијата ќе одлучи за тоа
Министрите на ДУИ во Владата најверојатно ќе бидат променети, но само кога за тоа ќе одлучат партиските органи и лидерот Али Ахмети, информираше денеска пратеникот Џевад Адеми. Тој потврди дека биле запознаени со смените во владиниот состав од страна на ВМРО-ДПМНЕ и дека истите ќе ги поддржат
„ДУИ своите ставови ги носи независно. Нема да има сменети министри на ДУИ затоа што ние во партијата се уште не сме ја заокружиле конечната анлиза на сработеното. Ние го почитуваме ставот на премиерот и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ за смените. Тоа е нивен внатрепартиски проблем и тоа ќе го поддржиме. За смените во ДУИ ќе разберете после одлуките на статутарните органи т.е. на Цнетралното претседателство и Генералното собрание“, изјави Адеми за тоа каков е ставот на владиниот коалиционен партнер околу вчерашните оставки и разрешување на министрите за земјоделие, за образование и за финансии.Тој не сакаше да презцизира кога партиските органи ќе заседаваат и дека тоа всушност била одлука која ја носел претседателот Ахмети. Инаку, првичните оценки на партијата од министрите на ДУИ е дека тие работат добро. Адеми во тоа не гледа дека министрите на ДУИ одговараат само пред партија, напротив потврдува дека тие одговараат и пред Премиерот.„Се разбира дека одговараат. Тоа е колаициона влада помеѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ. Со ништо прмеиерот не најавил дека е незадоволен“, рече Адеми.На прашање дали ако премиерот побара смена на некој од нивните министри тоа и ќе се почитува, Адеми одговара:„Такво нешто нема барано, а хипотетичките ситуации не ги коментираме“.Пратеникот на ДУИ во оставките на Ацо Спасеновски и Перо Стојановски гледа субјективен чин, додека, пак, партијата на Ахмети нема став за разрешувањето на Трајко Славевски. Адеми инфромираше дека биле запознаени со намерите за кадровски промени во Владата, како и за новите ршеенија.„Бевме информирани во сите фази на донесувањето на ваквите одлуки. Штом ние ќе ги поддржиме новите решенија, значи дека разговори имало, а за деталите знаат само Груевски и Ахмети“, рече Адеми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Македонија
Двегодишно дете со тешки телесни повреди од Битола пренесено во Скопје, го нападнале кучиња скитници додека си играло
Лекарите од Клиничката болница во Битола вчера во полиција приавиле дека примиле двегодишно дете со тешки телесни повреди по напад од кучиња скитници.
„Доктор од Клиничка болница Битола пријави дека кај нив со тешки телесни повреди е донесено двегодишно дете од Битола, кое, според пријавеното, додека си играло во близина на семејната куќа во Битола, било нападнато од кучиња скитници. Детето е пренесено во Комплекс клиники ’Мајка Тереза‘ во Скопје“, соопшти МВР.
СВР Битола презема мерки за расчистување на настанот.
Македонија
Измамена 76-годишна битолчанка: се претставил како лекар и ѝ зел 7.000 евра за да ја спаси внуката повредена во сообраќајка
Во полицијата во Битола, 76-годишна жена вчера пријавила дека била измамена за 7.000 евра.
„76-годишна жена од Битола пријави дека била измамена од страна на непознато машко лице, кое и се јавило на телефон и ѝ се претставило како лекар, по што и кажало дека нејзината внука е тешко повредена во сообраќајна несреќа и треба да даде пари за да ѝ го спаси животот. Пријавителката заедно со сопругот однеле 7000 евра и ги дале на едно лице кое, според договорот, ги чекало кај саатот во Битола. Подоцна, пријавителката сфатила дека била измамена односно дека нејзината внука не учествувала во сообраќајна несреќа“, соопшти МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

