Македонија
Австриска донација од 1,6 милиони евра за енергетска ефикасност
Финансиската помош од 1,61 милион евра за креирање средина за воведување на енергетска ефикасност во градежниот сектор во Македонија ја донираше Австрија и таа е неповрата
Како што беше вечра најавено, во петок во Владата беше потпишан договорот за грант што го донира Австрија. Од макеодснак страна договорот го потпиша, министерот за економија, Фатмир Бесими и а од австриска, шефот на Канцеларијата за техничка соработка, Хајнц Хабертоер. Грантот е даден за реализација на програмата за енергетска ефикасност во градежниот сектор, односно изградба на згради, во периодот од 2009-2012 г. Министерот Бесими потсети дека потрошувачката на струја во Македонија е речиси четири пати погоелам по единица БДП споредно со другите европски развиени земји.„Тоа значи дека може многу да се направи за да енергијата се троши порационално, што ќе биде од голема корист како од енергетски и финансиски аспект, така и од поглед на заштита на животната средина“, дообјасни Бесими. Хабертоер информираше дека донацијата е за поддршка на Македонската агенција за енергетика во нејзините напори за намалување на потрошувачката на енергијата во станбени и јавни згради. Според него, треба да се постигне преку создавање на законски рамковни услуги за енергетска ефикасност во згради, кампањи за подигнување на свеста, студиски посети, тренинг и пилот проекти.Тој додаде дека донацијата претставува важен придонес за подобрување на енергетска ефикасност во Македонија и истовремено означуваат важен чекор кон исполнување кон барањата на Европската унија.Во делот на грантот со финансиски средства од 110 илади учествува и Швајцарија, а за да се реализира целиот проект македонското министерство за економија ќе учествува со 115 илјади евра.На меѓународно ниво потрошувачката на енергија во станбени објекти, деловни и административни згради, во што спаѓа енергија за греење, климатизација, осветлување, топла вода и вентилација изнесува 40 отсто од вкупната потрошувачка. Другиот дел е поделен по 30 отсто на индустрискиот сектор и на транспортниот сектор. Во Република Македонија 29 отсто од енергијата се употребува во домаќинствата, а 13 отсто во јавните објекти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

