Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Со предложените измени во законот треба да се заштитат правата на работниците
Владејачката партија смета дека од неа предложените измени во Законот работни односи се во правец на подобрување и заштита на севкупните човекови права во Република Македонија, заштита на угледот, достоинството и честа на работниците, вели пратеникот Китановски
„Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, водејќи се од вредностите и принципите на целосно почитување на човековите права, заедно со коалиционите партнери, во Собранието на Република Македонија предлага измени на Законот за работни односи. Cуштината на измените кои се предлагаат, e спречување на дискриминација на работното место и дополнителна заштита на личноста од секаков вид на психичко вознемирување, попознат како мобинг“, рече пред новинарите пратеникот на најголемата парламентарна партија, Илија Китановски. Според пратеникот ВМРО-ДПМНЕ, со измените кои се предлагаат се ускладува македонската регулатива со легислативата на Европската Унија и се уредува областа на работничките права во делот на заштита на работникот од психичко, морално и емотивно насилство над личноста.„Искуството покажува дека токму работниците независно од полот, се честа жртва на психичко малтретирање на работните места, без притоа да се санкционират извршителите на таквото дејство и без да се води сметка за создавање на сигурни и здрави работни услови“, дополни Китановски. Мобингот не е само проблем на работникот, туку е проблем на целото општество. Тој како како појава претставува напад не само на моралниот, туку и на физичкиот интегритет на поединецот. Китановски потенцираше дека од мобингот како општествен проблем бара одговорноста од пратенциите да обезбедат правна рамка за негово сузбивање, како и на работниците да им се обезбеди сигурност и целосна заштита на нивните права.„Македонското законодавство досега не содржи одредба со која би се регулирал мобингот и неговите појавни облици. Токму затоа, со предложените измени на Законот за работни односи се забранува секаков вид психичко вознемирување на работното место, се забранува секаков вид вознемирување и полово вознемирување, кои неспорно претставуваат тежок вид дискриминација.“, дополи претеникот Китановски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

