Македонија
ОУ „Лазо Ангеловски“ со нови училници
Основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче за претстојната учебна 2009/2010 г. ќе добие реновирани и опремени училници по техничко образование
Станува збор за донација во вредност од околу пет илјади евра од УСАИД, која го одбра ова училиште како резултат на добрата соработка со Општина Аеродром.За таа цел, денеска градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, директорот на УСАИД, Кит Прентон и директорот на училиштето, Раде Жегарац, потпишаа Меморандум за разбирање.Со овој Меморандум, УСАИД ќе ја преземе одговорноста за набавка, транспорт и поставување нов мебел, нов под, нова влезна врата во училницата, како и за поправка на постојните ѕидови, а ќе обезбеди и соодветни алати и материјали за реализација на курикулумот по техничко образование, по што ќе изврши и обука на наставниците по техничко образование.Општина Аеродром и УСАИД, кој е одлично запознаен со слабостите на образовниот систем во Република Македонија и располага со голем фонд средства за нивно надминување, ќе продолжат да ја негуваат и без тоа добрата соработка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски: Зголемувањето на минималната плата мора да биде резултат на заедничка согласност меѓу работниците и работодавачите
Целта на Владата е да создаде посилна економија која отвора нови работни места и обезбедува достоинствен животен стандард за секој граѓанин, изјави премиерот Христијан Мицкоски на денешната седница на Економско-социјалниот совет.
„Нашата цел е јасна – посилна економија што создава вредност, отвора нови работни места и обезбедува достоинствен животен стандард за секој граѓанин. Економскиот раст што го градиме мора да биде инклузивен и правичен, а резултатите од тој раст мора да се почувствуваат кај работниците, но и да обезбедат стабилност и конкурентност за компаниите. Во тој контекст, прашањето за минималната плата е исклучително важно и чувствително“, рече тој.
Премиерот Мицкоски потенцираше дека Владата не е против зголемување на минималната плата, но кажа дека зголемувањето мора да биде резултат на заедничка согласност меѓу работниците и работодавачите.
„Сакам јасно да нагласам, Владата не е против зголемување на минималната плата. Нашата заложба е платите да растат и трудот да биде соодветно вреднуван. Но исто така сме цврсто убедени дека таквото зголемување мора да биде резултат на заедничка согласност меѓу работниците и работодавачите, постигната преку социјален дијалог и врз основа на реалните економски можности. И тој раст мора да биде согласно потенцијалите и капацитетите на економијата. Јас не сум за наметнати решенија. Следната година ќе биде година на борба за подобар животен стандард“, нагласи Мицкоски и додаде:
„Одржливо зголемување на платите не се постигнува со административни одлуки донесени преку ноќ, туку со силна и продуктивна економија. Затоа паралелно со разговорите за минималната плата, мора да работиме на зголемување на продуктивноста, поддршка на бизнисите, инвестиции во технологија, иновации и човечки капитал. Само така ќе создадеме услови платите да растат континуирано, без да се загрозат работните места или конкурентноста на компаниите.“
Премиерот Мицкоски посочи дека Владата ќе продолжи да биде активен и одговорен партнер во овој процес.
„Владата ќе продолжи да биде активен и одговорен партнер во овој процес. Ќе ги поддржиме сите решенија што се правични, економски издржани и договорени преку консензус. Наш интерес не е краткорочен политички поен, туку долгорочна стабилност, предвидливост и економија што може да ги издржи предизвиците на современото време. Верувам дека преку искрен дијалог, меѓусебна почит и заедничка визија, можеме да дојдеме до решенија кои ќе обезбедат подобар стандард за работниците и здрава деловна клима за работодавачите. Тоа е патот кон посилна економија и посигурна иднина за нашата држава“, заклучи Мицкоски.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ со сериозни обвинувања за перење 2 милиона евра во ЕСМ: „Кадри на СДСМ и ДУИ вмешани во криминал“
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска на прес-конференција обвини дека кадри на СДСМ и ДУИ во ЕСМ снабдување со топлина биле инволвирани во криминал тежок неколку милиони евра.
Според Петрушевски, тендер вреден осум милиони евра завршил во фирма која, како што рече, била однапред договорена од Бујар Дардишта, кадар на ДУИ, а именуван од СДСМ. Тој тврди дека по договорениот тендер, директорот заедно со уште 32 лица испрале два милиони евра, пари на граѓаните.
Петрушевски посочи и дека во Надзорниот одбор на ЕСМ снабдување со топлина била и ќерката на тогашниот претседател на Собранието Талат Џафери.
Тој ги повика СДСМ и ДУИ да одговорат каде завршиле, како што наведе, испраните два милиони евра, дали лица од тогашниот врв на двете партии се вмешани во случајот и зошто не се оградуваат од наводите. Петрушевски побара и Јавното обвинителство да постапува независно и одговорно.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Филип Андов и Агрон Демири – новите лица на Филипче, се лошото минато на Заев
Новите лица на Филипче, се лошото минато на СДС и Заев. Филип Андов – Сокол поранешен советник на Зоран Заев и поранешен директор на затворот во Шутка, и Агрон Демири, коносител во 6та ИЕ на последните парламентарни избори, се новите лица на СДС и Филипче, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Филип Андов, човек со кривична пријава и активен судски случај е дел од раководството на Филипче. Познат по тоа што затворот во Шутка го претвори во хотел промаја, затворениците повеќе седеа надвор отколку внатре во затворот. Оние што беа внатре пак имале навистина големи поволности. Андов до толку се грижел за своите затвореници што дозволувал дури и службени возила и службени лица да ги разшетуваат низ државата. Едноставно си го приватизирал затворот и си наплаќал услуги. СДС наместо оградување и исклучување, го наградија со раководна функција. Дали можеби работел по насока и директива на поранешни челници на СДС останува да дознаеме?“, праша тој.
Од друга страна, додаде Манасиевски, го имаме Агрон Демири, исто така досегашен член на ЦО на СДС и коносител на минатите избори во ИЕ6 и не успеа да влезе како втор на листата.
„Агрон Демири е горд пријател на Зоран Заев и Венко Филипче. Тој никогаш не ја криел неговата наклонетост кон овие двајца. За таа цел, во 2021 година, Агрон Демири како претседател на студентски парламент од Универзитетот на Југоисточна Европа од Тетово, му доделил плакета на Зоран Заев, за заложбите што ги правел кон младите. А добро ги паметиме неговите заложби со оглед на тоа дека младите беа омаловажени и потценети во негово време. Но, дали оваа наклонетост и плакета кон Зоран Заев, го пласираше Демири во врвот на СДС? До толку ли нема други заслужни, па тој мора да биде награден? Несуден пратеник и анонимус во политиката.
Почитувани граѓани, Дали овие ликови се новите лица на СДС, секако дека не. Ова се само луѓе послушни кон Зоран Заев, а го држат Венко Филипче на функција“, рече Манасиевски и праша дали овие лица се горди на аболицираниот криминалец Зоран Заев и ќе продолжат по неговите криминални и коруптивни чекори?

