Македонија
Се интензивира донесувањето ДУП-ови во Општина Аеродром
Општина Аеродром го интензивира процесот на донесување на деталните урбанистички планови со цел што поскорешна и што поефикасна реализација на програмата за нејзин урбан развој
Така, Советот на Општина Аеродром на 10-та седница донесе одлука за два нацрт-детални урбанистички планови, кои веќе од понеделник ќе бидат ставени на јавна презентација во најблиските основни училишта.Станува збор за ДУП-от за локалитетот Горно Лисиче З и измена и дополнување на ДУП-от за локалитетот Индустриска зона В блок 7 и 8, од кои првиот ќе биде изложен во ОУ „Лазо Ангеловски, а вториот во ОУ „Љубен Лапе“, и тоа од 27 јули до 10 август 2009 г. во работните денови од 12 до 19 часот. Исто така, во основното училиште „Браќа Миладиновци“ во тек е јавна расправа за ДУП-от што се однесува на локалитетот Јане Сандански Г, која ќе трае до 4 август 2009 г.Претходно, пак, Советот на Општината со мнозинство гласови донесе три нови детални урбанистички планови, и тоа за локалитетите „Јане Сандански“ урбана единица А, Реонски центар УЕ А и Црква урбана единица А. Донесувањето на новите ДУП-ови практично значи дека се отвора патот за влез на нови инвестиции во општината, како и за изградба на паркинг места, улици, урбанистичко и хортикултурно уредување на просторот, а што е од витална важност за жителите, со овие ДУП-ови се овозможува да се врши и надградба на постојните станбени објекти.Со ДУП-от за локалитетот Горно Лисиче З се предвидува изградба на препумпна станица за фекални води, трафостаница, на спортски терени, како и парковско зеленило, со ДУП-от за локалитетот Јане Сандански Г е предвидена изградба на спортски објекти покрај кејот на реката Вардар. ДУП-от за Реонскиот центар, пак, има повеќе развојни компоненти, меѓу кои објекти за средно и основно образование, детска градинка, парк со игралиште, како и комерцијални објекти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Проштална средба на Гаши со американската амбасадорка Агелер
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Ангела Агелер.
На средбата, претседателот Гаши изрази благодарност за нејзината лична посветеност, професионален пристап и поддршка на демократските процеси во државата. Посебно беше нагласена нејзината улога во јакнењето на институционалната соработка, градењето доверба и унапредувањето на дијалогот со Собранието.
Претседателот Гаши упати благодарност и до Амбасадата на САД за континуираната и силна поддршка на Република Северна Македонија во зајакнувањето на демократските институции, владеењето на правото, стабилноста и евроатлантската ориентација на земјата. Во тој контекст, беше нагласена и благодарноста до Соединетите Американски Држави како стратешки партнер и сојузник.
Претседателот Гаши нагласи дека придонесот на амбасадорката Агелер и на САД оставил видлива и позитивна трага во развојот на демократските и современите процеси во државата. Тој, исто така, изрази уверување дека пријателските односи и соработката ќе продолжат и во иднина.
Македонија
Утре без вода дел од Центар
Утре без вода ќе останат дел од корисниците од Општина Центар.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) поради поврзување на водоводна и хидрантска мрежа за стариот објект на Комерцијална Банка на плоштад Пресвета Богородица бр. 3 од страна на фирмата Бауер БГ, во периодот од 08.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат објектите на МНТ, Музичкото Училиште, Министерството за Транспорт и Врски, како и Управата за издавање на матични книги“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Отворена нова подрачна канцеларија на Агенцијата за катастар во Општина Ново Село
Агенцијата за катастар на недвижности отвори нова подрачна канцеларија во Општина Ново Село.
Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, денес заедно со градоначалникот на Општина Ново Село официјално ја отворија новата подрачна канцеларија на Агенцијата.
Со отворањето на оваа канцеларија, повеќе од 10.000 жители на Општина Ново Село и околните населени места од денес ќе можат побрзо и поедноставно да ги остварат своите катастарски права и обврски, без потреба од патување до Струмица.
Директорот на Агенцијата, Иван Живковски, при посетата на новата канцеларија истакна дека ова е дел од поширокиот процес на реорганизација и системско приближување на институцијата до граѓаните, со цел обезбедување подостапни, поефикасни и поквалитетни услуги.

