Македонија
Лидерите послушни за барањата на Рен
Лидерите на најголемите политички партии денеска на средба ги усогласија ставовите околу законите за Собрание, за финансирање на политичките партии, за државна администрација и околу употребата на албанскиот јазик во институциите, согласно насоките кои вчера ни ги достави еврокомесарот Оли Рен.
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски и лидерите на ДУИ и Нова демократија, Али Ахмети и Имер Селмани на лидерската средба разговараа околу евроатланската интеграција на државата и исполнување на обврските за добивање на позитивен извештај од Европската комисија на есен.На средбата, која што, како што оценуваат учесниците, поминала во конструктивна атмосфера, Груевски го прифатил барањето на СДСМ, Собранието наскоро да расправа и за измени во Деловникот за работата на парламентот и покрај тоа што тоа не е дел од европската агенда.„Со главната опозициска партија се согласивме, иако тоа не е барање од Европската Унија, да се направат измени на Деловникот според препораките у забелешките на Венецијанската комисија“, изјави Груевски.Договорот е народните избраници да изгласаат заклучок со кој ќе се обврзат три месеци од донесувањето на Законот за собрание да се отвори собраниска расправа и за измена на Деловникот, но исклучиво според препораките на Венецијанската комисија. Претходно, СДСМ имаше свои барања и амандмани за измена на деловникот, но во името на конструктивноста се откажуваат од нив.„За нас е недозволиво да истекува 4-та година по ред како државата има кандидатски статус, а да не ги имаме исполнето критериумите и условите за почеток на преговорите со Унијата. Се наоѓаме во трка со времето, па СДСМ во овој период ќе постапува крајно конструктивно за доброто на државата“, рече Црвенковски по завршувањето на средбата.Власта ги прифатила и барањата на опозицијата со Собранискиот канал да раководи потпретседателот на Собранието избран од редот на опозициските парламентарни партии.Во однос на забелешките за Нова демократија, но и на еврокомесарот Рен за до имплементирање на Охридскиот рамковен договор, лидерите се договориле за целосно исполнување на принципите на правична застапеност на Албанците при вработување во институциите на државата и на локалната самоуправа.„Беа искажани заеднички заложби на сите политички партии за целосна имплементација на духот на Рамковниот договор“, изјави Џевад Адеми од ДУИ.За употребата на албанскиот јазик како службен во Собранието решено е да се формира експертско собраниско тело кое ќе изготви извештај за употребата на албанскиот јазик согласно Законот за употреба на јазиците и Законот за собрание. Одбиено е барањето на Селмани да се прави проширување на обемот на употреба на јазикот надвор од Законот за употреба на јазиците, туку власта прифатила само доимплементирање на Законот з аупотреба на јазиците. Селмани се согласил дека ако експертското тело ги даде потребните резултати ќе се откаже од амандманите на Законот за собрание кои се однесуваат токму на овој дел.Лидерите се согласиле наскоро да се усогласат ставовите и околу измените на Законот за државни службеници, при што Владата ќе ги има пред вис забелешките на опозицијата. Се очекува овој закон да се најде во собраниска процедура кон крајот на август.За да ја постигнат динамиката т.е. во рок од 50 дена до 15 септември кога Европската унија го изготвува извештајот за напредокот на државата во евроинтеграциите, најверојатно ќе биде скратен годишниот одмор на пратениците.На лидерската средба, и покрај тоа што беше поканет не се појави лидерот на ДПА – Мендух Тачи. Тој во отворено писмо до Груевски денеска ги образложи причините за своето недоаѓање. Тачи се пожали дека лидерските средби биле неефикасни, дека на дневен ред никогаш не биле ставани точки кои се од важност за Албанците. Претседателот на ДПА го обвините премиерот дека го нарушува принципот на секуларност со изградбата на црква на плоштадот и за проширување на Рамковниот договор.„Го прочитав писмото и кога станува збор за таков стил и таков вокабулар, што во последно време може да се чуе од него и од Љубе Бошковски, не сакам да коментирам. Тоа повеќе говори за нив, отколку за мене. Во секој случај жал ми е што не дојде денеска“, одговори Груевски.Нов член на лидерските средби е Селмани, чие појавување власта го објасни со тоа што знаеле дека Тачи нема да се појави, па го поканиле лидерот на Нова демократија за да има релевантна опозициска албанска партија на состанокот.„Гласовите на последните избори покажаа. Тие 150 илјади гласови се релевантни, а релевантна е и пратеничката група која ја имаме“, се одбрани Селмани.На средбата отчет даваа и вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски за тоа како поминале средбите со Рен, а дојде и претседателот на собранието Трајко Вељаноски како гаранција за носењето на договорените закони.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поранешниот градоначалник на Чашка на 11 вработени незаконски им исплатил плати од над 700.000 денари
Полицијата поднесе кривична пријава против поранешен градоначалник на општина Чашка за „злоупотреба на службената положба и овластување“.
СВР Велес, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против Г.С.(47) од Чашка поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Во периодот од јануари 2021 до декември 2024 година, Г.С. во својство на градоначалник на општина Чашка, постапил спротивно на Законот за државни службеници и на 10 лица вработени во општина Чашка, во повеќе наврати, од буџетската сметка на општината им исплаќал парични средства по основ на плата за кариера кај државен службеник, иако знаел дека тие не ги исполнуваат условите за државен службеник.
Додека, на едно лице, спротивно на Законот за работни односи, овозможил да му се исплати бонус плата, иако не биле исполнети условите.
На тој начин, пријавениот овозможил на 11-те вработени да се стекнат со имотна корист и предизвикал штета на буџетот на општина Чашка во вкупен износ од 725.562 денари.
Исто така, за место кое според актот за систематизација има предвидено една позиција, Г.С. на еден од вработените му издал решение за работното место иако таа позиција веќе била пополнета.
Македонија
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
На 14.02.2026 (сабота) поради верскиот празник Задушница, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај во Скопје.
Имено, со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробиштата Бутел, а за излез десно по ул.„Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул.„Бутелска“ и десно по ул.„Кемал Сејфула“.
Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во близина на гробиштата Камник, Драчево и Ѓорче Петров.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.
Македонија
Традиционална церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот кабинет
Повеќе од 170 основци од скопските училишта „Ѓорѓија Пулевски“ и „Кочо Рацин“ и од училиштето „Св. Наум Охридски “ од Охрид, денеска ја проследија церемонијата на свечено менување на државното знаме, којашто во Кабинетот се одржува секој втор петок во месецот во знак на оддавање почит кон државата.
Во присуство на бројни претставници на Армијата, учениците, заедно со своите наставници и образовни асистенти, најпрво внимателно го ислушаа командирот на почесната единица кој ги образложи причините и процесот на менување на знамето.
Потоа, нивните љубопитни очи се вперија кон јарболот на којшто постојното, беше заменето со ново државно знаме. Церемонијата заврши со интонирање на македонската химна од Воениот оркестар, пропратено со детскиот хор.
Во рамки на посетата, дечињата ја разгледаа свечената сала со двата импозантни мозаици на академик Глигор Чемерски, „Македонија-светла земја“ и „Македонија-земјата памети“.
Претседателката изрази радост за присуството на најмладите посетители и одговараше на бројните креативни прашања меѓу кои и: Кои и биле омилените книги на нивна возраст? Дали ѝ недостигаат студентите? Сонувала и посакувала ли некогаш да стане претседателка? Какви карактеристики треба да поседува еден лидер? Како се одвива еден нејзин работен ден и колку долго трае? Дали ги помни омилените наставници?
Таа, во својство на ученичка, ги именуваше саканите учители, истакнувајќи дека имале огромно влијание врз нејзината љубов кон учењето.
На крајот, Сиљановска-Давкова им порача дека вреди да се учи и дека нема подобар влог во иднината, од оној во знаењето.
Младите посетители, освен со убави спомени, од Кабинетот си заминаа и со автограм од претседателката Сиљановска-Давкова.

