Македонија
Бојно хеликоптерско гаѓање на Криволак
Воздухопловниот ВИНГ на АРМ ќе изведе бојно гаѓање со хеликоптерите од типот Ми-24 и Ми-8, утрена Армискиот полигон ,,Криволак“
Гаѓањето со хеликоптерите Ми-24 и Ми-8 се реализира во рамките на редовните вежби на единицата, кои во пракса ќе го демонстрираат остварувањето на блиска воздушна поддршка на маневарските единици со гаѓање цели на земја, при што ќе се изврши ракетирање и гаѓање со митралез, соопштува Министерството за одбрана. Хеликоптерите ќе користат ракети од типот С-5 КО со калибар од 57 mm, а ќе гаѓаат од митралези со калибар 12,7 mm и 7,62 mm кои се составен дел од нивното вооружување. На гаѓањето ќе присуствува претседателот на Република Македонија и Врховен командант на Армијата, Ѓорге Иванов, како и министерот за одбрана, Зоран Коњановски, потоа началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Мирослав Стојановски, командантот на Здружената оперативна команда, генерал-мајор Зоран Димов, командантот на воздухопловниот ВИНГ, потполковник Кире Колевски. Воздухопловниот ВИНГ врши воздушна поддршка на единиците на АРМ при изведувањето на борбените дејства, учество со декларираните сили во операции за поддршка на мирот и превенција на конфликти, справување со регионални конфликти и кризи, предводени од НАТО, ООН, ОБСЕ и ЕУ, поддршка при справување со природни непогоди и други несреќи и заштита на пошироките интереси државата. Воздухопловниот ВИНГ, до сега учествуваше во мисијата на ЕУ, АЛТЕА, во Босна и Херцеговина во периодот 2006 до 2008 година. Воздухопловниот ВИНГ е единица директно потчинета на Здружената оперативна команда на АРМ и во својот состав покрај командата, ги има: борбениот хеликоптерски сквадрон, транспортниот хеликоптерски сквадрон, сквадронот за обука и тренажа, сквадронот за транспорт и ВИП, флајт за специјални намени и единици за контрола на летањето, метеорологија, врски и воздухопловно-техничко обезбедување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Подрачјето на Велес ќе биде зафатено од поројни врнежи, грмежи и засилен ветер
ЦУК информира, според известувањето на УХМР, дека подрачјето на Велес ќе биде зафатено од пообилни поројни врнежи со грмежи и засилен ветер.
Правец на движење на оваа нестабилна маса се предвидув дека е кон исток и североисток, додаваат од ЦУК.
Македонија
Министерството за животна средина отстапи движни ствари на повеќе општини, за потребите на училиштата вклучени во ГЛОБЕ програмата
Владата, на предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање, донесе одлука со којашто движни ствари во сопственост на министертството, се даваат на трајно на повеќе општини во државата, за потребите на повеќе основни училишта и тоа во Гевгелија, Неготино, Валандово, Битола, Прилеп, Тетово, Куманово, Пробиштип, Ранковце, Велес, како и на училишта во скопските општини: Центар и Карпош.
Целта е спроведување на ГЛОБЕ програмата во Република Северна Македонија, а Министерството за животна средина и просторно планирање, како што е посочено, е носител на активностите на ГЛОБЕ програмата и со владина одлука е задолжено да обезбеди хемикалии и инструменти за вршење на мерењата и да ги пренесе на користење на вклучените училишта во програмата.
Станува збор за движни ствари што ќе им бидат од полза на училиштата во спроведувањето на проектот, а коишто, по пат на јавна набавка ги обезбедило ресорното министерство.
Македонија
Одлука за учество на Армијата во НАТО операцијата „КФОР“ во Косово
Владата, на предлог на Министерството за одбрана, донесе Одлука за определување на бројот на кандидати кои се запишуваат на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“- Скопје, во студиската учебна 2024/2025 година, чие образование се финансира од Буџетот на Република Северна Македонија.
Со одлуката е определено, во студиската учебна 2024/2025 година да се запишат 44-ца студенти/питомци како редовни студенти, од кои 25-мина студенти/питомци за потребите на Министерството за одбрана – Армијата на Република Северна Македонија; како и тројца студенти/питомци за потребите на Војската на Црна Гора; шестмина студенти/питомци за потребите на вооружените сили на Босна и Херцеговина; петмина студенти за потребите на управување со кризи и петмина студенти за потребите на заштита и спасување.
Согласно Законот за Воената академија, како што е образложено од ресорното министерство, на Академијата можат да студираат и припадници на вооружените сили на странски држави и странски државјани.
Владата, на предлог на Министерството за одбрана, донесе и Одлука за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово.