Македонија
Анкета: Македонија не е изолирана земја мислат половина од граѓаните
Последните промени на Владата, со смена на неколку министри е оценета како добра одлука од испитаниците, над 40 отсто, во поседната анкета, направена по барање на Институтот „Павел Шатев“
Околу 43 отсто од испитанивците мислат дека Македонија се движи во правилна насока, а 34.2 отсто не го делат тоа мислење, но скоро 23 отсто немаат мислење по тоа прашање, покажала анкетата направена по барање на Институтот Павел Шатев. По препораката за укинување на визите за Шенген зоната, скоро половина од испитаниците одговориле дека Македонија не е изолирана земја, но висок е процентот на тие што се уште мислат така, 33.8 отсто.ВМРО-ДПМНЕ повторно би победила ако утре има парламентарни избори, затоа што над 26 отсто од испитаниците би гласале за партијата на власт, а СДСМ, најголемата опозициона партија заостанува за три пати, односно, би добила 9,2 од гласовите. Од албанскиот блок партии, повторно партијата во власта ДУИ би добила најголем број гласови и тоа 7 отсто, додека за Нова Демократија би гласале 3,6 отсто, а за ДПА само 2 отсто. Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски е со највисок рејтинг од 27,3 отсто, а зад него за три пати послаб рејтинг има лидерот на опозициската СДСМ, Бранко Црвенковски, во кого веруваат 9,3 отсто од испитаниците. Али Ахмети, лидерот на ДУИ е на трето место со рејтинг од 6,7 отсто, додека Имер Селмани од Нова Демократија има рејтинг од 3,9 отсто. Тито Петковски од НСДП, Лилјана Поповска од ДОМ, Љубчо Георгиевски, Радмила Шекеринска, Љубе Бошкоски од Обединети за Македонија, како и претседателот Ѓорѓе Иванов имаат рејтинг помал од 1 отсто.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

