Македонија
Димшовски бил хонорарец, а не државен секретар во Евроинтеграции
Перо Димшовски, државниот секретар во Секретаријатот за европски прашања, што требаше да го заменува Ивица Боцевски по неговата оставка, всушност никогаш не бил именуван за таа функција, ниту пак бил некогаш вработен во Владата, откриваат владини извори.
Со тоа Димшовски и лажно се претставил како државен секретар, кога веднаш по оставката на Боцевски даде интервју за радиото Слобода Европа во кое отворено ја критикуваше Владата и премиерот Никола Груевски во делот на евроинтеграциите.Димушевски одредено време навистина работел за Секретаријатот за европски прашања, но само како надворешен консултант чиј статус бил регулиран со авторски договор, тврдат изворите. Со тоа, Димшовски практично бил владин хонорарец. Неговото име во јавноста излезе при заминувањето на поранешниот вицепремиер Боцевски. Тој во својата неотповиклива оставка до премиерот Никола Груевски, напиша дека до именувањето на нов вицепремиер за европски прашања раководната функција во Секретаријатот ќе ја врши неговиот државен секретар т.е. го посочи Димшовски.Но, според владините извори, Секретаријатот никогаш немал државен секретар односно никој не бил именуван на таа функција. „Авторскиот договор на Димшовски истекол на 15 мај. Од кога е дојден новиот вицепремиер Васко Наумовски минатиот месец, тој не се појавувал на работа во Владата“, велат изворите.Всушност, при смената на вицепремиерите се открило и тоа дека Димшовски не бил државен секретар, туку само надворешен соработник.Други владини извори, пак тврдат дека статусот на Димшовски е регулиран односно дека имало Одлука на седница на Влада тој да биде именуван, но и дека таквата одлука никогаш не била ефектуирана во практика и со тоа Димшовски останал хонорарец.Само неколку дена по оставката на Боцевски, со истечен авторски договор, во име на државен секретар на Секретаријатот за европски прашања, Димшовски даде интервју за радиото Слобода Европа.„Ако влегувањето на Македонија во Европа е приоритет на премиерот, тој така и ќе ја постави работата на Владата во овој период“, изјaви тогаш Димшовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Врнежи од слаб снег на неколку патни правци, патот кон село Герман е блокиран од паднато дрво
Од синоќа е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар. Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино, извести АМСМ.
Патот кон село Герман е блокиран кај село Станча, од паднато дрво и не е прооден.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има во Крива Паланка – г.п Деве Баир, г.п Делчево, Страцин, и на Пониква, но во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообракајот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: По две децении, Драчево повторно доби свое кино
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи извести дека по две децении, Драчево повторно доби свое кино.
„Особено ми е драго што иницијативата што ја започнавме пред завршувањето на мојот мандат како градоначалник на Кисела Вода, денес прерасна во реалност. Овој проект беше визија за враќање на културниот живот таму каде што му е местото, меѓу мојот народ. Од денес, таа визија живее“, вели градоначалникот.
„Киното ќе функционира во рамки на Домот на културата во Драчево, простор кој повторно ќе стане собиралиште на уметноста, емоцијата и заедничките доживувања.
Покрај Кисела Вода, сега и драчевчани ќе бидат дел од КИНОВЕРЗУМ и ќе имаат можност да уживаат во најновите филмски достигнувања и најголемите светски хитови, блиску до својот дом.
Филмското искуство повеќе нема да значи патување километри далеку, туку тука – дома. Културата повторно пулсира во Драчево“, додаде Ѓорѓиевски.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улицата Христо Смирненски од бр. 19 до крајот на улицата кон булеварот Партизански Одреди, општина Центар;
· од 08:30 до 14:00 часот, Индустриските објекти на булеварот Босна и Херцеговина, (Фурна – Диме, поранешни магацини – Центро и поранешна фабрика ИГМ), општина Бутел;
· од 08:40 до 09:40 часот, корисниците од дел од улицата Козле, општина Карпош.

