Македонија
Околу илјада матуранти полагаа мајчин јазик на државанта матура

Првиот ден од полагањето на државната матура помина во најдобар ред. Набљудувачите на тестирањето од Бирото за развој на образованието не регистрираа никакви проблеми во текот на првиот испитниот ден од августовскиот испитен рок, соопшти Министерството за образование
За денешното полагање, беа пријавени 837 ученици. Македонски јазик полагаа 411 ученик, албански јазик 414 матурани, а 12 ученици полагаа турски јазик. Во сабота 15 август, матурантите ќе полагаат државна матура по предметите математика и странски јазик. За предметот математика пријавени се вкупно 730 матуранти, додека за англиски, француски, германски и руски јазик, пријавени се 1294 ученици.Државната матура ја организира и спроведува Државниот испитен центар во соработка со училиштата, надворешни соработници, Бирото за развој на образованието, Министерството за образование и наука, Државниот просветен инспекторат и Центарот за стручно образование и обука.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Отворена прва градинка во Куклиш

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, и градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, денеска ја отворија ново изградената градинка во село Куклиш. Капацитетот на градинката е за 60 деца и е прва детска градинка во ова населено место.
„Министерството за труд и социјална политика и локалните самоуправи посветено работат на зголемување на капацитетите во детската заштита, а со тоа се инвестира во раниот детски развој и во иднината на нашата држава. За идната година во Буџетот издвоивме 105 милиони денари за реконструкција, опремување и изградба на детски градини, а изминатите две и пол години инвестиравме над 180 милиони денари во вкупно 43 градинки”, рече Царовска.
Министерката истакна дека освен што се зголемуваат капацитетите се работи на јакнење на кадарот којшто се грижи и ги воспитува децата. Само за една година, додаде таа, платите на вработените во градинките се зголемени за 21%.
Македонија
Заев – Пфорнер: Силна поддршка од Германија за напредокот на Северна Македонија

Премиерот Зоран Заев се сретна со Штефан Холтхоф-Пфорнер, германскиот покраински министер за федерални, европски и меѓународни прашања на Северна Рајна Вествалија.
„На средбата е пренесена силна поддршка од премиерот на покраината, Армин Лашет, и од Сојузна Република Германија, за придонесот на премиерот Заев во напредокот на Република Северна Македонија. Изразена е силна поддршка и за евро-атлантските перспективи на нашата држава, во коишто се гледа потреба како за нашата земја и за регионот, така и за самата Европа. Во таа насока, изразено е охрабрување, граѓаните и институциите во земјава да ја задржат проевропската ориентација“, соопштија од Владата.
Премиерот Заев се заблагодарил за големото и искрено пријателство од Северна Рајна Вествалија и од цела Сојузна Република Германија, од Бундестагот, од германскиот народ и посебно од германската канцеларка Ангела Меркел за помошта и придонесот на Германија во сите демократски процеси во нашата држава и во развојот на економијата.
„Ќе продолжиме да даваме аргументи за нови германски инвестиции во нашата земја. Дадовме аргументи на почитување и примена на европските вредности, како што е успешниот дијалог и функционалната дипломатија, изразени преку договорите со Бугарија и со Грција. Продолживме со уште поголема посветеност и кон реформите. Демократијата, слободата, владеењето на правото се европски вредности што Република Северна Македонија докажа дека е подготвена да ги спроведе. Но тие се и потреба за граѓаните, значат стабилност и економија и затоа остануваме ориентирани кон евро-атлантските интеграции“, рекол Заев.
Македонија
Шекеринска – Шидер: По успехот во НАТО, Северна Македонија очекува вреднување на сработеното и од ЕУ

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска денеска во Брисел се сретна со Андреас Шидер, копретседавач на Заедничкиот парламентарен комитет на Северна Македонија и ЕУ.
Како што соопштија од Министерството за одбрана, на средбата Шекеринска ги истакнала приоритетите на нашата земја во следниот период поврзани со односите со Унијата и ставот кон новата методологија за преговори и проширување што ја препорачуваат некои од земјите членки.
„Владата останува посветена на реформскиот процес кој ги опфаќа владеењето на правото, судскиот систем, унапредувањето на демократијата”, рекла Шекеринска.
Министерката додала дека по успехот со НАТО граѓаните на нашата земја ја продолжуваат поддршката за членство во ЕУ.
„Уверени сме дека отворањето на преговорите со Унијата ќе биде силно охрабрување за земјата и за регионот и ќе придонесе кон негово натамошно стабилизирање. Ќе прифатиме секакви фер услови кои ќе произлезат од договорите за идната методологија, но очекуваме нашите напори да бидат вреднувани”, истакнала министерката.
Шидер рекол дека напредокот на Северна Македонија е евидентен и дека земјата заслужува позитивен став и доследност од страна на Унијата.
Тој најавил дека Заедничкиот парламентарен комитет ќе ја интензивира својата работа и веќе идната седмица ќе се состане во Стразбур. Шидер ја истакнал поддршката од Заедничкиот парламентарен комитет и рекол дека односите ќе продолжат во истиот дух на разбирање и соработка.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Свет1 месец
(Видео) Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршуми